дома блог страница 3438

“Алфа ТВ”: Прилепчани гневни за Јане Ченто (Видео)

Одлуката на Судот, Јане Ченто да биде осуден на 15 години затвор за учество во настаните од 27-ми април, болно одекна во неговиот роден град, Прилеп. Поголемиот дел од прилепчани со жалање констатираат дека казната била превисока, а некои од нив во истата препознаваат и политички реваншизам – oбјави “Алфа”.

Попладнево се обидовме да го исконтактираме и семејството на Јане Ченто, меѓутоа, нашите обиди останаа безуспешни. Семејниот дом на Ченто беше празен, а неговите родители не одговараа на телефонските повици. Како што неофицијално дознавме, мајката и таткото на Јане биле во Скопје.

Марија Јакимоска – Ченто, пак, која е ќерка на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, и баба на Јане Ченто, видно вознемирена, во краткиот телефонски разговор, ни кажа дека не е во состојба да дава никакви изјави, а не можела ниту да го гледа изрекувањето на пресудата на Јане, бидејќи, како што рече, болната историја на ова револуционерно семејство, продолжувала да се повторува.

Огорченост, гнев и фрапираност и во МПЗ „Пере Тошев“, чиј претседател е токму Јане Ченто. И оттаму, засега не сакаа јавно да ја коментираат пресудата.

Каролина Дурло за “Алфа ТВ”

Србите и го расипаа планот: Ќерката на Tpaмп ја напушти Србија

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, заминала во раните утрински часови од Србија.

Тифани Трамп пристигнала на аеродромот “Никола Тесла” придружувана од обезбедување, заедно со своето момче Михаил Булос, со кого таа помина една недела во Србија.

Како што првично било планирано во српскиот главен град да остане единаесет дена, Тифани донела поинаква одлука, за што обезбедувањето, кое ја прати во чекор, не сакало да коментира.

Она што ги зачудило сите присутни на аеродромот е дека Тифани заминала на редовен лет, заедно со другите патници, објави “Блиц”.

KPИBИЧHA ЗА ПPИЛEПЧAHEЦ: Запалил трева во својот двор, па се запалила викендицата на комшијата

Надворешната канцеларија за kриминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против А.И.(71) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело “предизвикување општа опacноcт“.

Имено на 26.02.2019 година во времето од 08,30 до 10,30 на подрачје на Прилеп на место викано „Орушица“, пријавениот, во нива сопственост на истиот, запалил трева, при што од силниот ветер, пожарот се проширил и ја зафатил викенд-куќата и помошната просторија, сопственост на З.А. кои целосно изгореле.

Ченто: “Да живее Република Македонија, вие ме оcудивте, еден ден историјата ќе ме ослободи”

Осудениот на 15 години затвор за 27ми април Јане Ченто не побара да се брани од слобода. Поради како што рече тој, може повторно на некој полицаец да му текне да лаже и со службена белешка повторно да го вратат во затворот во Шутка.

-Еден ден историјата ќе не ослободи. Да живее Република Македонија, заврши тој.

ГОЛЕМА КОЛКУ 100 СТАДИОНИ: Ердоган ја изгради најголемата бoлницa во светот

Една милијарда евра чини бoлницaтa, која денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја пушти во употреба. Тоа е една од најголемите бoлници во светот, во главниот град на земјата, Анкара, и покрај критиките против него за скапи и грандиозни градежни проекти во неговите 16 години владеење.

Трошоците за изградба на бoлницa во Анкара (Градска бoлницa Анкара) се проценуваат на една милијарда евра, додека нејзиниата површина се пресметува еднаква на околу 100 фудбалски игралишта. Бoлницaтa е опремена со 3810 кревети, 131 операциони сали и 904 клиники и ќе биде во можност за да се згрижат 30.000 пациенти, како и за останати 8000 дневни пациенти.

Како што пишува Ројтерс, големите градежни проекти го подобрија квалитетот на животот на милиони граѓани во Турција, но се критикува нивната прекумерна цена.Како одговор на критиките, Ердоган рече дека оние што се противат на изградбата на такви бoлници се против сите поголеми проекти што ги спроведува неговата влада.

-Тие се против изградбата на мостови, автопати, тунели, аеродроми, експресни патишта, бoлници и училишта, но, токму тие најмногу ги користат”, рече турскиот претседател на свеченото отворање. -Исто како што направивме во одбранбената индустрија, мора да ја спасиме нашата земја од странска зависност од медицинска и медицинска технологија”, рече тој.

Анкара планира да отвори уште 30 бoлници врз основа на моделот јавно приватно партнерство, забележува Ројтерс. Од своја страна, Ердоган рече дека такви големи бoлници ќе бидат во можност да обезбеди комплетна медицинска нега во еден комплекс.

Извор: “Инфомакс”

Проданоски: “Градоначалникот, советниците, директорите вработувале само најблиски, затоа револтот во СДСМ е огромен?” (Видео)

Непотизмот и поставувањето на најблиските роднини и пријатели на позиции стана заштитен знак на СДС по кој граѓаните ја препознаваат оваа одродена, предавничка власт. Впрочем и тоа е единствената работа за која ги бидува. Истракна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМЕН Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме интегрално:

„До нас од загрижени граѓани, вклучително и разочарани членови на СДС, пристигнаа информации за непотизам од огромни размери каде преку ноќ на убави работни позции се вработуваат и поставуваат роднини и пријатели на функционери од СДС.

Прашуваме дали се точни информациите за имињата кои ќе ги објавиме пред македонската јавност?

Цвете Станојоска, внука од сестрата Виолета Станојоска на градоначалникот Јованоски,вработена во Локална самоуправа Прилеп?

Виолета Станојоска, сестра на градоначалникот, унапредена од референт во раководител за јавни набавки при градска болница Борка Талески?

Горан Попоски, зет за сестра на градоначалникот Јованоски, раководител/директор на Стопанска комора Прилеп?

Роза Рулеска Пиличева, долгогодишна соработничка на градоначалникот, унапредена од сестра во главна сестра во градската болница?

Кристијан Пиличев, син на Роза Пиличева, најпрвин директор/раководител на домот за стари лица Киро Крстески Платник, а сега раководител на ФЗО Прилеп?

Наташа Тодороска, снаа од сестра на сопругата на градоначалникот Јованоски, вработена во детски градинки Наша иднина Прилеп?

Благица Каракашоска, братучеда на градоначалникот Јованоски, директорка на ОУ Рампо Левката Прилеп?

Бојан Ристески, син на Слободан Ристески, поранешен директор на затворот Прилеп, вработен како професор по физичко во СОУ Кузман Јосифоски Питу?

Славчо Ѓоргиоски, син на Веле Ѓоргиоски директор на ОУ Гоце Делчев, вработен во Локална самоуправа Прилеп, одделение за урбанизам?

Викторија Јовчески Спиркоска, функционер на СДС и една од најгласните со шарена револуција, вработена во Локална самоуправа, а сега вработена во кабинетот на министерот Сугарески како советник?

Кире Спиркоски, сопруг на Викторија Јовчески Спиркоска, командир на ПС Прилеп?

Валентин Божиноски, советник во Совет на Општина Прилеп, вработен во УЈП?

Еленче Ташкоска, исто советник во Советот, вработена во ОУ Кочо Рацин?

Јулијана Цековска, советник во Советот, вработена во АД за стопанисување со станбен и деловен простор Прилеп?

Весна Северскоска, ќерка на Жарко Северкоски советни во Советот на Општина Прилеп, вработена во Локална самоуправа Прилеп?

Иса Мамудоски, брат на Адем Мамудоски, член на Совет на Општина Прилеп, вработен во ЈКП Пазари?

Александра Попоска, сестра на сопругата на Александар Спиркоски Џемо, вработена во детски градинки Наша иднина?

Александра Бозоска, внука на Цветанка Иванова секретар на Собрание, вработена во МВР?

Ивица Станкоски, најпрво вработен во ЈКП Комуналец, но по назначувањето на неговата сопруга за директор на ова претпријатие, експресно префрлен во Водовод Прилеп?

Александар Богданоски, девер на пратеничката Кети Смилеска, вработен во Институт за старословенска култура?

Влатко Велески, брат на Сашо Велески, доскорешен претседател на ОО СДСМ Прилеп и член на УО на Телеком, директор на Македонски шуми?

Прашуваме дали овие вработувања, назначувања и унапредувања се вистински затоа што прилепчнани заслужуваат одговор на ова прашање?

Почитувани, изгледа единствен критериум за вработување и унапредување во државава е слепата лојалност кон криминалниот картел на СДС и роднинските врски.

Очигледно животот кој го ветуваа дојде само за неколкумина, а обичниот граѓанин и понатаму ќе врзува крај со крај, благодарение на погубните политики на најнеспособната влада од постоењето на Република Македонија па до денес. Но со заминување на оваа криминална власт, Македонија ќе продолжи да чекори напред!“, додаде Проданоски.

Витаминка за сите вработени жени во компанијата организира бесплатни ехо-прегледи на дојка во своите простории

Со спроведување на прегледите во самата компанијата покрај што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи.

Повеќе од 300 жени вработени во Витаминка добиваат преглед со ехо на дојка во просториите на самата фабрика. Ехо-апаратот е поставен во соодветна просторија во компанијата и во текот на неколку дена се извршуваат прегледите. Вработените што се пријавиле за преглед, по ехо анализата се консултираат и со медицинско лице и добиваат совети за понатамошни прегледи и за важноста на превентивното дејствување.

Со спроведување на прегледите во самата компанијата покрај што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

Иницијативата за ваквото организирање на прегледите потекна од управата на компанијата: „Во секојдневното брзање и преокупираност со дневните обврски кон домот, децата и кон професионалниот ангажман, жените многу често себеси и грижата за сопственото здравје ги ставаат во втор план и ги запоставуваат редовните прегледи, кои се и тоа како важни во превенирањето од несакани заболувања. Токму таквиот однос кон сопственото здравје и грижата за секој вработен поединечно, нè поттикна на овој чекор и веруваме дека со истото ќе се охрабрат за поголема грижа и свесност за сопственото здравје“, велат од компанијата.

“Вие сте срам за гордите Егејски Македонци, му порача пратеникот Егеец на Бошњаковски?”

(Фејсбук статус на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков)

“Почитуван портпарол на Влада на Република Македонија,Миле Бошњаковски.
Ви се обраќам директно на Вас во име на онаа „категорија на граѓани во Р. Грција која не зборува на грчки и која говори на друг јазик“. Во ова обраќање Ви пишувам на јазикот и писмото на кое говореле и говорат тие луѓе, македонскиот јазик и кирилското писмо.

Тие луѓе таму, господине Бошњаковски, се Македонци. Угнетувани, протерувани, затворани, убивани, но сеуште се живи. Жива им е македонската душа, македонските обичаи, македонскиот јазик. Кошкајте ги, корнете ги, игнорирајте ги, нема да изгинат. Сме потерувале, сме оживувале, ништо не не’ ништи, па дури и власт која се откажува од нас. Ние сме пирејот на Петре М. Андреевски.

Ние сме наследниците на делегатите на АСНОМ, Димитар Влахов, публицист од Кукуш , Васил Атанасков Ивановски, работник од Костур и Димитри Манџовски, земјоделец од Костур.
Ние сме наследниците на луѓето кои ја создадоа македонската држава и го воведоа македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава.

По туѓа волја Вие сега вие се откажувате од нас, велејќи дека за Вас сме „одредена категорија на граѓани“. Се откажавте од својот народ, господине Бошњаковски. Ги погазивте Македонците, ги оставивте на милост и немилост на грчката држава, ги оттурнавте како да не се дел од македонскиот народ, нација, култура.

А, ветивте дека дека со Преспанскиот договор ќе го забетонирате идентитетот. Забетониравте господине Бошњаковски, но овојпат сами себе се забетониравте. Од овде може само да тоните во вашите политички кариери со вашите сопартијци.

Македонскиот народ не заборава, трпел и преживеал се’, па ќе ве истрпиме и вас како најодродената власт. Вие сте срам за Македонија. Вие сте срам за гордите Егејски Македонци”.

Мислела дека ќе вечера, но вечерата ја совладала: Кокошки совладале лисица

Кокошки усмртиле лисица во живинарска фарма во североисточна Франција, кога се обидела да влезе кришум во објектот.

Напасникот влегол во кокошарникот на земјоделско училиште во Бретања, но бил приклештен на автоматската врата којашто се затвора кога ќе се стемни. Така заглавена, лисицата била нападната од своите потенцијални жртви, јави БГНЕС.

– Тука, во аголот, ја најдовме лисицата мртва. Била заглавена, па кокошките ја нападнале и исколвале до смрт, рече Паскал Даниел, директор на училиштето.

Последен пат, лисица се прикрала во еден од кокошарниците во училиштето пред повеќе од една година, и тоа заврши многу лошо за кокошките.

По враќањето на Зидан, кралевите го договорија првото засилување: Еве за кого се работи (Видео)

Зинедин Зидан во понеделникот го почна својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид, а клубот денеска објави дека го договорил првото засилување за наредната сезона. Дефанзивецот на Порто, Едер Милитао (23), летово ќе стане член на Реал.

Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до 2025 година.

Сумата што Реал ќе ја плати за Милитао не е позната, нo медиумите пишуваат дека „кралскиот клуб“ ќе ја исплати откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 50 милиони евра.

Милитао во Порто пристигна од Сао Пауло. Тој ја минал фудбалската академија на овој клуб, а Порто за него плати околу 8 милиони евра.