дома блог страница 3433

3AПOЧHУBA „ДBEOДOЛИBA ЧOKO CTOБИ ФЛИПC“ HAГPAДHA ИГPA: HAГPAДИ HA CEKOИ ДBA ЧACA

Од денеска Витаминка ја започнува големата „Двеодолива Чоко Стоби Флипс“ наградна игра. Награди ќе има на секои два часа, дневни, саботни, неделни и месечни. Во наградниот фонд за најсреќните обезбедени се Веспа Aprilia SR 50, iPhone 8, електричен тротинет Segway ES4, акциона камера GoPro HERO7 Silver, електричен велосипед Mi Yubank, дрон DJI Tello Drone HD WiFi Intel Inside, таблет Samsung SMT560, фотоапарат Fujifilm Instax mini 9 и уште многу други.

„Двеодолива Чоко Стоби Флипс наградна игра“ е наградна игра која ќе се спроведе преку користење на јавниот Вибер профил на организаторот, компанијата Витаминка. Во Наградната игра ќе учествуваат производите Чоко Стоби Флипс (кафен) од 30, 60 и 80 грама, Чоко Стоби Флипс (бел) од 30 и од 80 грама, Чоко Стоби Флипс (кокос) од 30 грама и Чоко Стоби Флипс (без шеќер) од 30 грама.

За да се учествува во наградната игра потребно е да се купи најмалку еден од наведените производи и да се испрати бројот и времето кое е означено на фискалната сметка на која се наоѓа најмалку еден од производите што учествуваат во наградната игра, заедно со име и презиме и телефонски број преку бесплатна порака на јавниот Вибер профил на организаторот, компанијата Витаминка. Наградната игра започнува од 18.03.2019 година (00:01 часот) и ќе трае заклучно до 19.05.2019 година, 23:59 часот.

Едно лице може да учествува во наградната игра со неограничен број на Вибер пораки, но со користење на различни фискални сметки на кои се наоѓа најмалку еден од производите од наградната игра. Секоја фискална сметка може да се искористи само еднаш, без оглед на бројот на производи кои се купени со истата. Учесникот е должен да ја чува фискалната сметка за купените производи, со која учествувал во наградната игра, до завршувањето на истата.

Со испраќањето на фискалната сметка, учесниците учествуваат за некоја од двеодоливите награди за тековната недела, но и за главната месечна награда. Првото извлекување е на 26ти март, а сите фискални сметки испратени во првата и во втората недела учествуваат во извлекувањата во втората недела од наградна игра, но и за првата месечна награда. За првата месечна награда учествуваат сите фискални сметки испратени од првата до петтата недела, додека за втората месечна награда учествуваат сите фискални сметки испратени од шестата до деветтата недела.

„Двеодолива Чоко Стоби Флипс наградна игра“ се спроведува на целата територија на државата а право на учество имаат сите полнолетни физички лица, кои ги исполнуваат условите и кои ќе купат најмалку еден од производите опфатени со наградната игра и ќе го внесат и испратат бројот и времето кое е означено на фискалната сметка преку официјалниот Вибер профил на компанијата. На јавниот профил на компанијата Витаминка на Вибер може да се пристапи преку отворање на линкот https://chats.viber.com/vitaminkachatbot/

Добитниците во наградната игра ќе се извлекуваат по електронски пат преку компјутерска селекција од базата на испратени пораки кои содржат валиден број и време означено  на

фискалната сметка со која се потврдува купувањето на кој било производ од наградната игра и на истото нема да влијае човечки фактор. Во секоја од 9-те недели на траењето на наградната игра, освен во првата недела, наградите ќе се извлекуваат секој ден, освен понеделник, на секои 2 часа. Резултатите ќе бидат објавувани во рок од 3 дена од извлекувањето за соодветниот ден на интернет страницата www.vitaminka.com.mk/dveodolivanagradnaigra со објавување на бројот на фискалната сметка и на името и презимето на добитникот.

За времетраењето на наградната игра се достапни и нови Чоко Стоби Флипс вибер стикери кои може да се преземат на линкот https://bit.ly/2Jkl0l1

Со започнувањето на наградната игра, компанијата Витаминка ја лансира и новата интернет страница. Обновената веб страница е подобрена и модерна платформа, категоризирана и сегментирана според понудените содржини и многу поподатлива за користење. Целосната содржина и сите информации за компанијата и нејзините производи се достапни на 4 јазици, македонски, англиски, српски и албански јазик. Линкот што води до новата интернет страница http://vitaminka.com.mk/

Дополнителни и подетални информации за учеството во наградната игра, може да се добијат преку електронска порака на e-mail адресата: [email protected] или на интернет страната на Витаминка: www.vitaminka.com.mk/dveodolivanagradnaigra.

Еве кои се повисоките цени на бензините

Бензините поскапуваат за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на седницата одржана денеска.

Според објавената одлука, од полноќ, литар ЕУРОСПУЕР 95 ќе се продава за 1,5 денари поскапо и ќе чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој поскапува за 1 денар, од полноќ се точи по цена од 67,5 денари по литар.

Дизелот станува поевтин за половина денар и од полноќ на бензинските пумпи низ Македонија ќе се продава по цена од 60,5 денари по литар.

Прилепското бело злато: Прекрасна глетка од манастирот Св. Георгиј кон најголемото прилепско богатство (Фото)

Глетка од манастирот Св. Георгиј над селото присад, од каде најубаво се гледа каменоломот на Мермерниот Комбинат “Сивец”.

Се издигаат цели ридови богати со најквалитетен мермер кој е светски познат.

Прилепчани го нарекуваат прилепско бело злато и за него секогаш зборуваат со почит.

ВНИМАВАЈТЕ КОГА КУПУВАТЕ ОВОШЈЕ: Што значат броевите на лепенките на бананите, портокалите, јаболката …..?

Кога купувате свежо овошје, посебно банани, јаболка, портокали и мандарини кои на себе имаат лепенки, посебно внимание обрнете на броевите кои се наоѓаат на нив.

Ако се состојат од четири цифри кои почнуваат со броевите 3 или 4, тоа значи дека овошјето е одгледано на „традиционален начин“ и постои огромна шанса да има вметнати пестициди.

Ако овошјето кое планирате да го купите на лепенката има 5 цифри од кои првата е бројот 8, тоа е знак дека се работи за генетски модифициран производ.

Трет случај е доколку на овошјето има пет цифри, а првиот број е 9. Во овој случај се работи за здрав и органски производ, одгледуван без пестициди и додатоци. Ова е најдоброто и најпрепорачливото овошје кое треба да го купите.

Ќе ни дојде ли умот некогаш? Депонија околу прилепското вештачко езеро, се фрла се’ и насекаде (Фото галерија)

Дали еднаш ќе се свестиме и ќе се научиме да ја почитуваме природата?

Прилепското вештачко езеро и боровата шума наоколу изобилува со можности за искористување и за создавање на спортски рекреативен центар, со игралишта, пешачки патеки, место за одмор и рекреација…

За жал свеста ни е на многу ниско ниво и не го цениме она што го имаме.

Ако властите не си стојат на своите ветувања за оплеменување на ова место, барем ние да бидиме погрижливи и да престанеме да фрламе отпад.

Доаѓа ли времето работната недела да има четири работни дена? Се повеќе компании се приклучија на оваа идеја

Десетици мали британски компании воведоа четиридневна работна недела за своите работници, како дел од идејата дека помалку работа може да донесе поголема продуктивност и подобра рамнотежа помеѓу животот и работата.

Се поголем е бројот на работодавачи на компании кои експериментираат со давање три слободни денови неделно на своите работници додека ја задржуваат истата плата.

Во изминатата половина од годината, тоа веќе го направија Synergy Vision, Elektra Lighting, Lara Intimates и Intrepid Camera. The Wellcome Trust е најголемиот работодавач во Велика Британија и тие размислуваат за воведување тест фаза за своите 800 вработени, објави Гардијан.

Тоа го потврди и Максим Гру од компанијата ,,Интерпид” кој вели дека во слободното време учи француски , а неговите колеги се занимаваат и со драма во театарска група, со столарство , а еден од нив се занимавал со роботика.

И фирмите и вработените се задоволни од таквата постапка, нагласува весникот.

Вучиќ упати јасна порака: “Мислевте ќе молам за сопствената глава, не ви се плашам”

Насилството нема да помине неказнето. Ова вчера во интервју го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи го упадoт на демонстрантите во Радио Телевизија Србија.

– Потребно е да се сочува мирот по секоја цена, нови бури нема да дозволиме, решен е Вучиќ.

Претседателот на Србија изјави и дека ништо не може да го заплаши.

– Мислеа дека ќе молам и ќе се тресам за жива глава, но јас не се плашам, додава тој.

КОГА НАДЛЕЖНИТЕ НЕ РАБОТАТ: Стојанче Стоилов и неговиот брат Стефан го чистеа „Вардариште“

Македонскиот репрезентативец и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов и неговиот брат Стефан се приклучија на кампањата „НеБидиЃубре“ предводена од актерката Ирена Ристиќ. Двајцата денеска, заедно со останатите членови на оваа група го чистеа стационарот за бездомни улични животни „Вардариште“, како и околината.

Стоилови покажаа како се сака својот град, секоја чест момци!

Невидени сцени во фудбалот: Цел стадион аплаудираше за оваа мајсторија на Меси (Видео)

Лионел Меси синоќа имаше свое шоу на гостувањето кај Бетис (1-4) каде го постигна својот 34-ти хет-трик во Примера, а по својот последен гол, домашните навивачи станаа на нозе, му аплаудираа на Аргентинецот и го скандира неговото име.

Меси постигна два гола уште во првиот дел и со тоа само најави дека каталонците ќе ги освојат бодовите на „Виљамарин“. Во вториот дел, на 0-3 зголеми Суарез по асистенција на Пике, додека Лорен во 82. минута постигна само почесен гол за домаќините.

Фановите на Бетис покажаа големина и со овации го поздравија фантастичниот погодок на Меси кој брзо ги обиколи и социјалните мрежи.

Никогаш го немам тоа доживеано во кариерата. Им благодарам на навивачите на Бетис. Морам да признаам дека секогаш добро ме примаат без оглед што сме противници, изјави Меси по мечот.

(Фото галерија): “Земјоделците во паника? Еве што остана од прилепското вештачко езеро?”

По втор пат во своето 50 годишно постоење вештачкото езеро кај Прилеп, од кое се наводнува прилепското поле, беше целосно испразнето. Од ЈП Водостопанство Прилепско поле минатата година рекоа дека станува збор за реализација на проектот „Реконструкција на темелен испуст на Брана „Прилеп“, кој бил изработен во месец јули 2017 година.

Сега езерото започна да се полни, но прилепските земјоделци се во паника и се загрижени дали езерото ќе има доволно акумулирана вода пред стартот на сезоната за наводнување.

Еве како вчера излегаше прилепското вештачко езеро: