дома блог страница 3432

Музичкото дуо “Некст Тајм” со нова преработка: Веруваат дека по трет пат сите ќе бидат горди

После преработките на “Ја излези Ѓурѓо” и “Слушам кај шумат шумите”, кои станаа вистински хит и сеуште се преслушуваат насекаде и на секоја веселба, музичкото дуо “Некст Тајм” најавува нова преработка на песна.

Се работи за песната “Нешто ќе те питам бабо”, за промоцијата на истата е 25.03.2019 со почеток од 20:00 часот во Драмскиот театар.

Влезот е слободен за сите љубители на музиката на “Некст Тајм”.

Дечките на својата фан страна додаваат дека веруваат во трет успех и дека по трет пат ќе ги направат сите горди.

Голем пожар над Скопје: Гори Скопска Црна Гора (Фото)

Облаци од чад можат да се забележат вечерва од зад планината Скопска Црна Гора.

Густите облаци чад се гледаат и од централното градско подрачје.

Како што објави “Курир” станува збор за пожар кој е забележан утрово околу 8 часот на местото викано Влаин гроб, а пожарот се движи кон кумановското село Матејче.

Како да препознаете Балканец во странство: Класичен пример за нашите навики (Видео)

Веројатно најкласичен пример за тоа како да препознаете човек кој потекнува од Балканот во странство.

Дали е тоа така, проценете сами…

Оваа мајка е херој: Родила шест деца за само девет минути

Пред два дена Телма Чиака од Тексас роди шесторка, два пара близнаци и еден пар близначки, помеѓу 4:50 и 4:59 во гинеколошката болница во Тексас.

Сите се во стабилна состојба и моментално се наоѓаат во неонатална единица за интензивна нега, со оглед на тоа дека се родени со мала телесна тежина. Момчињата сè уште немаат имиња, а девојчињата ќе се викаат Зина и Зуриел.

Фотографијата на среќната мајка во болница е објавена на Фејсбук, а на неа е и братучетката Ебере Офор, како и членовите на неонаталниот тим.

Покрај фотографијата напишаа дека шансата за шесторка е проценета на 1 спрема 4,7 милијарди.

Надворешната канцеларија за kpиmиналиcтички работи Прилеп поднесе kpивична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.С.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 20.09.2018 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во станот во кој престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол ,, PSM“ калибар 5,45х18 мм и 17 куршуми калибар 5,45х18 мм, кои ги поседувал без соодветна дозвола.

Не заборавајте да ги поместите стрелките- преминуваме на летно сметање на времето

Доаѓа летното сметање на времето, денот се зголемува, а часовникот оди напред еден час.

Во последниот викенд месецов, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Мицкоски: “Време е за kазна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, да се обединиме, да ја сочуваме татковината и донесеме правдата” (Видео)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку најновото видео обраќање порача:

“Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, да се обединиме, да ја сочуваме татковината и донесеме правдата”.

“Егеецот Димков ги мобилизира беломорците навредени од изјавите на Димитров и Бошњаковски??”

На денешната средба во Дом на АРМ во Скопје, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон” остро ги осуди изјавите на министерот за надворешна политика, Никола Димитров и портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски.

На средбата беа присутни и пратеникот во Собранието на Република Македонина, Трајче Димков со потекло од Егејска Македонија и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Членовите на Сојузот едногласно се согласија дека Димитров, кој е по потекло од Егејска Македонија, свесно ги негира своите корени од Беломорска Македонија со изјави дека постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата” и дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на соседната земја според Преспанскиот договор и дека македонскиот јазик нема никаква врска со јазикот на грчките Македонци во Грција.

-Ние отсекогаш сме зборувале на македонски јазик, дури ни кога не протеруваа од нашите домови, ние не го знаевме грчкиот јазик, мојата баба не знаеше ниту еден грчки збор, изјави еден од членовите на Сојузот.

Македонците од Егејска Македонија истакнаа и дека чичкото на Димитров, Мице Димитров, е истакнат изведувач на македонски песни од Егејот, а Димитров директно го игнорира тој факт и ја погазува целата негова фамилија и неговите достигнувања за Македонците во Егејска Македонија.

Од Сојузот „Македон” рекоа дека ќе се борат со сите факти и докази дека тие се Македонци и дека во Егејска Македонија сеуште постојат нивни браќа, роднини и пријатели Македонци, наспроти откажувањето на Димитров и Заев од оваа категорија на луѓе кои најмногу страдале во македонската историја.

Тие на средбата истакнаа дека ќе ја дадат целосната поддршка на Гордана Силјановска-Давкова на претстојните Претседателски Избори и и’ се благодарни бидејќи таа застана прва во нивна одбрана и ја осуди ненародната изјава на Димитров.

Пратеникот Трајче Димков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ после средбата на својот Фејсбук профил напиша:

Извор: “Курир”

Легендарниот претседател на Уругвај: “Луѓето на власт треба да живеат како сите останати – сите луѓе се еднакви”

“Да го немаше Мухика, требаше да го измислиме, затоа што тој одамна не е само човек, туку симбол”, рекле уругвајските новинари за новинарот на српскиот весник “Неделник”, кој имал прилика да направи интервју со легендарниот претседател на Уругвај.

Мухика со својата харизма не може да ја промени човековата природа. На светот му донесе неверојатна надеж, и тоа е доволно, пишува Виктор Лазиќ во воведниот дел од интервјуто со поранешниот уругвајски претседател.

Тој поминал неколку дена во Уругвај, на сега прочуениот имот на Хозе Мухика и разговарал со поранешниот револуционер во изгужван џемпер за социјализмот, политиката, светот и неговата иднина…

Во подготовката на интервјуто, Лазиќ открива и зошто тие кои не го сакаат Мухика имаат таков став кон него.

Фернандо Парандо, еден од познатите моќни и славни личности во Уругвај со кој Лазиќ се запознал, му рекол дека Мухика не сака да го виде со своите очи.

“Си бил кај Мухика. Дали виде каква му е куќата, дворот, околината? Колку само неуредно изгледа? Тоа е целосно хаос. Е точно какви што му се куќата и дворот, таква ни беше и државата додека тој беше претседател”, пишува Лазиќ.

Сепак, Мухика е многу популарен на Балканот.

“Веројатно поради моите политички ставови. Јас сум голем републиканец. Убеден сум во тоа дека сите луѓе се еднакви. Ја измисливме демократијата и велиме дека тука одлучува мнозинството. Мислам дека луѓето на власт треба да живеат како мнозинството, а не како малцинството луѓе”, рекол Мухика во интервју за “Неделник”.

Заев: Предвремени избори ако Пендаровски загуби од Силјановска

Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција Стево Пендаровски загуби од Силјановска.

– Ако кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори, изјави Заев.