Невидени сцени во фудбалот: Цел стадион аплаудираше за оваа мајсторија на Меси (Видео)

Лионел Меси синоќа имаше свое шоу на гостувањето кај Бетис (1-4) каде го постигна својот 34-ти хет-трик во Примера, а по својот последен гол, домашните навивачи станаа на нозе, му аплаудираа на Аргентинецот и го скандира неговото име.

Меси постигна два гола уште во првиот дел и со тоа само најави дека каталонците ќе ги освојат бодовите на „Виљамарин“. Во вториот дел, на 0-3 зголеми Суарез по асистенција на Пике, додека Лорен во 82. минута постигна само почесен гол за домаќините.

Фановите на Бетис покажаа големина и со овации го поздравија фантастичниот погодок на Меси кој брзо ги обиколи и социјалните мрежи.

Никогаш го немам тоа доживеано во кариерата. Им благодарам на навивачите на Бетис. Морам да признаам дека секогаш добро ме примаат без оглед што сме противници, изјави Меси по мечот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.