дома блог страница 3434

Два погодоци и асистенција – Несторовски му пресуди на Карпи (ВИДЕО)

Уште еден македонскиот напаѓач, од италијанското Калчо, потврди дека е во одлична форма.

Илија Несторовски беше стрелец на два гола, а асистираше и при постигнувањето на првиот, во мечот од Серија Б, во кој неговиот тим Палермо со 4-1 го победи Карпи.

Несторовски ги постигна вториот и четвртиот погодок за својот тим, а при постигнувањето на третиот, асистент беше Александар Трајковски

Ова е добра вест и за македонскиот селектор Игор Ангеловски, пред стартот на циклусот квалификации за ЕП 2020 година и дуелите против Летонија во Скопје на 21 март, односно гостувањето кај Словенија три дена подоцна (24 март, „Стожице“).

(Видео) Ckpши јајце во океан: Погледнете го овој експеримент

Сте се запрашале ли некогаш што ќе се случи со јајцето доколку го скршите под вода.

Овој нуркач го изведе тој експеримент. Изгледа неверојатно. Погледнете:

(Фото галерија) “Во 21 век во двојазичен Прилеп вака се санираат улиците?? Таксистите гневни??”

Kaко е возможно во 21 век, во време кога власта вели дека ќе сме влезеле во Европска Унија, улиците во еден од најголемите градови во државата да се крпат така што се пополнуваат со тампон?

Ваква локалните власти во Прилеп решиле да се справат со ударните дупки кои ги има насекаде по улиците:

Природен начин да се ослободите од првутот !

Повеќе од 50% од светската популација се жали од првут. Првутот може да се појави секаде, без разлика на годините. Меѓутоа, најногу го има кај луѓе од 20 до 30 години.

Се појавува поради сува кожа и има негативен ефект на самодовербата. Поради тоа ги пронајдовме најефикасните, природни начини за конечно да го решите овој проблем.

Јаболкова киселина- Антифунгалните својства на нефилтрираната и органска јаболкова киселина влијаат врз сува кожа.

Како да ја искористите:

Промешајте ја јаоблковата киселина со вода рамномерно. Откако ќе ја измиете главата, ставете на неа од смесата додека е сеуште мокра. Добро нанесете и оставете ја смесата 15 минути пред да ја измиете.

Кокосовото масло е универзален лек за сите проблеми со косата. Тоа има антифунгални својства кои помагаат против првутот. Тоа исто така содржи деканска киселина која помага за негување на косата.

Како да го користите:

Загрејте поголема количина на кокосово масло во сад. Нанесете го на главата и добро истријајте го темето 5 минути. Оставете го преку ноќ. Утрото измијте ја главата со обичен шампон.

БУГАРСКАТА ПOЛИЦИJA СТАНА ХИТ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ: Употребија coлзaвeц, но заборавија на една работа- истиот им се врати како бумеранг (ВИДЕО)

Бугарија во текот на викендов се справи со големи протести во пресрет на референдумот за промена на системот на власт како и за добивање на нов устав, а поради еден непромислен потег на полицијата целиот свет дозна за овој протест.

Имено иако имаше мал број на демонстранти и тие сакаа да го пробијат кордонот полицијата употреби солзавец.

Но, заборавија на ветерот, па истиот им се врати во лицето…целото видео е во продолжение.

РК Прилеп kатаcтpoфално поразен кај Тинекс Пролет: Сепак клубот ги има најверните навивачи??” (Видео)

Фото/rkprolet.mk

Ракометниот клуб Прилеп вчера одново беше поразен во машката ракометна Супер лига. Овој пат прилепчани беа жPтва на Тинекс Пролет во Скопје, каде загубија со огромни 40:24 (19:13 на полувремето).

Сега РК Прилеп после 18 одиграни кола се наоѓа на претпоследното место на табелата, а под нив е само РК Борец од Велес.

Вардар Јуниор кој до ова коло се наоѓаше под прилепчани, триумфираше со 37:16 над Борец и го презеде 7-то место на табелата.

Се чини дека во клубот ништо се нема променето, па поразите од минатата сезона продолжуваат и оваа година.

Досега во втората полусезона прилепчани катастрофално беа поразени од РК Еурофарм Работник, РК Охрид, Пелистер, а сега и од Тинекс Пролет.

За потсетување актуелните локални власти на чело со градоначалникот Илија Јованоски ветуваа нешто сосема спротивно за спортот во Прилеп.

Прилеп поседува непроценливо богатство и убавина: Манастирот Св. Георгиј над село Присад зрачи со духовност и убавина (Фото галерија)

Со леснотија се минуваат со автомобил 13,5 те километри од Прилеп по стариот пат за Велес. Дел од друмот е каллив, а лете прашлив. Нема асфалт. Во подножјето на Дервен никнува приказната за манастирот Свети Георгиј, оддалечен од селото Присад 2,5 километри.

Околната природа е обложена со благородна историска вистина, а љубопитното око забележува облагороден дел во густата соблечена шума. Се наѕира камбанаријата.

Манастирот се вишнее на 850 метри. Закотвен на неколку километри пониско од остатоците на изгорениот планинарски дом Дервен.

Величенствена глетка. Се восхитува сетилото за вид. Владее мирна атмосфера, одвреме навреме нарушена од гаврани.

Домаќините пречекуваат со вродена скромност и љубезност.

До манастирскиот двор минува водата од Старата река го храни со живот комплексот. Низ чешмата тече петочна, средоречна и неделска вода. Луѓето ја земаат за лек.

– Глуво и немо 12 годишно момче од Штип зеде од водите и прозборе и почна да слуша. Не знаеме дали себап виде одовде – забележуваат нашите соговорници.

Манастирчето e морал на Присаѓани

Манастирот е од поново време. Изграден во 1945 година. Скромен. Но, зрачи со духовност.

– Фрескоживописот и иконите немаат некое посебно значење, оти се понови – пренесуваат домаќините слушнато од свештениците.

Луѓе од управата објаснуваат дека според преданието на местото каде е изграден манастирот порано имало црквичка од штици со една икона. Војниците прво го урнале, мислеле дека е засолниште на партизаните, но кога виделе дека е црковен објект повторно го изградиле.

– Манастирот е морал на присаѓани. Со него зрачи нашата чесност, преданост, поука, висок дух. Помагаат жителите, и градските, и фирмите. Постепено се дотерува со сопствените раце како занаетчиски. Помагаат и дограмаџии, ѕидари, “аргати”…, да се одржи и надгради црквата и конаците кренати од нашите претци. Тоа е аманет – велат манастирските служители.

Новиот конак има 13 чисти соби, трпезарија за 250 души. Балконот преку целиот конак е мерак за седенки. Старите конаци се реновирани. Камбанаријата изгледа величанствено. Плени со височината и “силата”.

– Идат многумина по неколку дена – велат од Управата.

Камен по камен – ѕид

Минале повеќе децении, откако Стеван Илиоски – Матракот првпат помогнал во манастирот. Прво се средил покривот на црквичето да не протекува при дожд. Уметник почнал да фрескоживописува.

– Имало едно собиче од трски и кал и црквата. Околу планина. Се облагородила дивината. Сé се стокмило до денешниот лик. Се кренаа потпорни ѕидови од камен носен на раце од рудникот за мермер Сивец. Донесена е и нова вода одозгора. Направен е резервоар. Со игуменијата Катерина и народот се градело – објаснуваат од Управата. Катерина или баба Коца на 65 години била ситна, но вредна, пргава старица од Прилеп, на која и се сонило да гради манастир. И во лете, и во зиме живеела во манастирот и го градела делче по делче со народот. Еден ден со снег до колена, на баба Коца и снемало брашно и немала што да јади. Некој човек истата вечер сонил дека треба да однесе една вреќа брашно на манастирот. Така сторил човекот. Бог и’ помогнал. Гробот на игуменијата е во дворот на манастирот – кажуваат домаќините.

Манастирот испраќа со богато доживување полно со духовна храна. Денот потона во мрак, а во душата се врежа уште една приказна.

Георги бил војник

Свети Великомаченик Георгиј бил храбар војник во царската војска кој верувал во еден Бог и проповедал христијанство.

Го разлутил царот кој почнал да го измачува. Го врзал на тркало со раширени раце и нозе, а тркалото било движено по штица искована со шајки. Кинеле парчиња од живото тело.

Нозете му ги ставиле во огромни усвитени ковани чизми и на крај телото му го ставиле во неизгасната вар. Гледајќи го ова царицата застанала на страната на маченикот и христијанството со што го разгневила царот, кој наредил двајцата да се убијат.

Маестро Горан Пандев и го нанесе првиот пораз на старата дама во Сериа А (Видео)

Џенова оваа сезона дефинитивно е рак рана за Јувентус. Ако во Торино беше 1:1, денеска “старата дама” беше поразена со 2:0, а најзаслужен за првиот пораз на Јуве беше капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев.

Пандев влезе во игра во 60-та минута од натпреварот, а веќе во 72-та му асистираше на Стурарао за 1:0.

Само десетина минути подоцна Пандев на мајсторски начин ја затресе мрежата за 2:0 и сигурни три бода за Џенова.

Погледнете ги головите во продолжение:

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Медицински отпад расфрлан на влезот од Прилеп?

Читател на Маркукуле испрати фотографии од влезот на Прилеп на потегот од клучката за регионалниот пат Прилеп-Битола кон населеното место Волково.

Според информацијата врие од медицински отпад расфрлен наоколу.

Не е познато кој и зошто расфрла ваков отпад. Едно е сигурно, совесноста и чувството за чиста животна средина ни е на многу ниско ниво.

Погледнете:

Утре нови цени на горивата

По речиси две недели од последната промена, Регулаторна комисија за енергетика утре напладне ќе го соопшти новите цени на горивата во Македонија, кои ќе важат од полноќ.

Со последната промена бензините поскапеа за 2 денари по литар, а дизелот за 1 денар.

Според тоа, ЕУРОСУПЕР БС 95 чини 64,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 е 66,5 денари.

Литар дизел се продава по цена од 61 денар.