дома блог страница 3431

Нова премиера на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”: Во четврток ќе се игра “Демократија”

Репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“

Во четврток, 21.03.2019, со почеток од 19.30 часот, премиера на претставата „ДЕМОКРАТИЈА“ во режија на Кирил Петрески.

Во сабота, 23.03.2019, со почеток од 19:30 часот, прва реприза.

Влезници на билетарницата од театарот секој ден од 10 до 13 часот и два часа пред почетокот на претствата.

Oва се најпривлечните и најпосакувани жени според хороскопот

Шкорпијата е еден од најмистериозните и најинтересните хороскопски знакови. И мажите и жените се подеднакво занимливи, но има нешто кај жените Шкорпии што прави секое машко да ја губи главата по нив.

Тие се мистериозни, сексипилни, хармизматични, не можат да остаат никого рамнодушен. Од каде извира таа привлечност и посакуваност? Прочитајте ги причините…

Врската со неа е вистинска авантура

Никогаш нема да знаете што е следно. И тоа е тоа што ги прави мажите ко магнет да се лепат за жената Шкорпија. Секој ден е различен, секој ден е возбудлив, секој ден е исполнет со неизвесност. Стабилноста и монотонијата се непознати зборови во животот на Шкорпијата.

Ќе ве познава подобро отколку што сте познавате себеси

Тие знаат да се пикнат под вашата кожа и да го спознаат секој дел од вашето битие. Тие знаат добро да проценуваат и ги анализираат луѓето. На крајот тие подобро ќе ве знаат отколку што се познавате себеси. Ќе знаат што значи секоја ваша мимика, секое трепнување, секој потег, секој збор. Ќе знае што сакате да кажете уште пред да кажете.

Таа е бескомпромисно искрена

Тоа се девојки кои секогаш имаат мирна совест и чист образ и тоа е нивното најголемо оружје. Тие никогаш не лажат, тие секогаш ги кажуваат работите онакви какви што се, а ваше е дали ќе го прифатите тоа или не. Не се извинуваат за својата искреност, затоа што секогаш настапуваат со ставот: „Ова сум јас, ако ме прифаќаш супер, ако не – жал ми е, не се менувам за никого.“

Таа е газда на работа, но и во креветот

Таа е самостојна жена, со свои идеи и е некомпромисна кога треба да се сработи нешто. Секогаш ги има најдобрите идеи и наоѓа начини како да ги спроведе. Таа е вистински лидер. Ова важи за работното место, но и за љубовниот живот. Таа сака да биде доминатна во сите полиња на животот.

Ужасно е тврдоглава, но и бескрајно лојална

Шкорпиите се ужаснно тврдоглави. Ако тие наумат нешто, нема сила којашто може да ги премисли или запре. Тоа понекогаш може да нервира, но затоа надоместуваат со својата лојалност кон луѓето кои ги сакаат. Нивната лојалност е поголема од нивната тврдоглавост и тоа ги прави посакувани од сите во својата околина.

Ќе треба многу да се потрудите околу неа, но дефинитивно вреди

Тие не се препуштаат лесно на луѓето. Сомничави се на намерите на луѓето и не им веруваат. Потребно е многу време и труд да го освоите нивното срце, но кога ќе се случи тоа ќе сфатите зошто вредело да се чека и зошто вредел трудот. Вашиот живот ќе се исполни со среќа каква што не сте виделе досега.

Извор: “Нетпресс”

Силјановска до Пeндаровски: Што не го продадовте мерцедесот на Грујо? Најбитно е Заевизмот да си се вози! Возиме напред!

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова преку Твитер упати порака до Стево Пендаровски кандидат за претседател од редовите на СДСМ.

“Стево извини што не го продадовте мерцедесот на Грујо и што граѓаните се возат во стари и неисправни амбулантни возила. Најбитно е Заевизмот да си се вози. Возиме напред!”, напиша Силјановска на Твитер.

Десет сигнали дека вашиот црн дроб не работи како што треба

Црниот дроб игра важна улога во метаболизмот. Тој врши над 500 функции во организмот, како регулација на нивото на шеќер во крвта, формирање на одбранбени протеини, неутрализација или елиминација на течни или отровни материи, при што најголем дел од никотинот се детоксицира во црниот дроб.

Тој исто така ја создава жолчката за варење на мастите, го помага згрутчувањето на крвта, го контролира создавањето и размножувањето на крвните зрнца, ги складира витамините, ги отстранува отровите, ја складира енергијата, создава топлина и уништува микроорганизми системот за варење.

Со оглед на тоа колку е важен црниот дроб за здравјето на нашето тело, важно е да ги препознаете симптомите на оштетувања што може значително да ја влошат вашата здравствена состојба.

Ова се 10 најчести симптоми за оштетен црн дроб:

1. Често имате проблеми со стомакот, чувствувате гадење, мачнина и повраќате.

2. Губите апетит. Црниот дроб го намалил производството на жолчка, па не чувствувате глад.

3. Чувствувате умор и слабост поради зголеменото количество на токсини во организмот кои црниот дром ги нема преработено, па отишле во крвотокот.

4. Имате запек и слабо варење, поради недостиг на жолчката која ја раствора храната.

5. Бојата на столицата е променета. Ако е жолта, сива или со боја на глина, тоа е причина за загриженост.

6. Промена на бојата на урината, иако пиете доволно вода.

7. Задржувате вода, ви отекуваат зглобовите и стапалата.

8. Подуеноста може да биде резултат на насобирање течност поради оштетувањето на црниот дроб.

9. Иритации на кожата исто така може да се јават како последица на неправилна работа на црниот дроб.

10. Чести грчења и болки во стомакот.

Русија го призна новото уставно име

Русија вчера ја призна нашата држава под новото уставно име- Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.

-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име- Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.

АПЕЛ ЗА ПOMOШ: На едно дeтенцe му требаат 2.000 евра за да си го cпacи видот

На социјалните мрежи се појави апел за пoмoш на шест годишно детенце. Во апелот се пишува:

Шестгодишно дeтeнцe го гyби видот… За 2000 евра кои, реално, ако се здружиме можеме да ги собереме за 20 минути. 100 денари за секој од нас се едно кафе или пак една кутија цигapи од кои денес можеме и да се oтkaжеме.
ГО MOЛAM секој од вас да сврти на телефонскиот број 143 482 и да помогне. Едно детенце ќе ви биде вeчнo благодарно…

Џудо клубот “Бушидо” со 5 медали го заокружи Државното првенство во Кавадарци

Џудо клубот “Бушидо” зеде учество на Државното првенство за помлади пионери и јуниори кое се одржа во Кавадарци.

На првенството се натпреваруваа 200 такмичари од Македонија, а боите на “Бушидо” ги бранеа 7 натпреварувачи.

Ова се освојувачите на медали:

– Елеонора Илиоска прво место – категорија помлади пионерки; Марија Трајкоска трето место- категорија помлади пионерки; Давид Мицески трето место – категорија помлади пионери; Ема Димитриоска трето место- категорија јуниорки; Сара Атанасоска трето место- категорија јуниорки.

Заев: “Не верувам дека Иванов ќе ги aмнecтира ocyдените за 27 април”

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека ќе нема нова aмнecтија во следниот период, додавајќи дека не верува ниту aмнecтирање од страна на претседателот Ѓорге Иванов чиј мандат наскоро истекува.

„Не верувам дека ќе има aмнecтија, нема потреба од такво нешто, и нема такви случаи. Ниту некој планирал aмнecтија. Делот на законот за aмнecтија се случи во рамките на помиpyвање, кога на државата и требаше 2/3 мнозинство за уставните измени. Парламентот нема потреба да посегнува во вакви работи. Не верувам дека никој од институциите ниту министерството, ниту претседателот Иванов ќе aмнecтира“, изјави Заев.

Анализата на Фајнанс Тинк покажува дека со мерката на Заев за повраток на ДДВ сиромашните ќе вратат само 12 евра годишно

Според анализата направена од страна на Институтот за економски истражувања Фајнанс Тинк, најбогатите ќе имаат најголем ќар од мерката повраток на ДДВ од 15 проценти, односно оние кои што годишно трошат по 20.000 евра ќе успеат да вратат нешто помалку од просечната плата, односно 22.238 денари или околу 400 евра, додека пак, најсиромашните ќе добијат назад само 738 денари годишно.

Според пресметката на Институтот средната класа во државата преку повратот на ДДВ ќе добие меѓу 50 и 100 евра годишно.

Од Министерството за финансии велат дека сите детали ќе ги објават по изборите, но уверуваат дека се подготвени за спроведување на мерката.

Премиерот Заев во време на опозиција ветуваше дека мерката ќе се однесува на сите граѓани на Република Македонија, додека пак од собраниска говорница изјави дека мерката ќе се однесува само за примателите на социјалната помош, односно иако беше ветено дека истата ќе биде донесена веднаш по 11 декември кога СДСМ ќе победи на предвремените парламентарни избори во 2016 година, Заев подоцна се предомисле и на истата собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање рече дека мерката ќе профункционира дури во 2020 година односно после 4 години од неговиот мандат, што кај граѓаните се појавува дополнително сомневање дали воопшто и тогаш ќе се случи.

Иако оваа мерка беше најавува како една од најважните мерки која требаше да биде донесена веднаш после 11 декември, како што ветуваше Заев и СДСМ се уште не е реализирана со што ова е уште една изговорена лага од страна на премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Извор: kurir.mk

На охриѓанец му биле вратени дипломите во Германија со објаснување дека држава со име Република Македонија не постои?!

Никола Буџак од Охрид напиша дека неговите документи и уверение за положени испити во Германија му биле вратени со образложение дека држава со името Република Македонија не постои.

“Ако се прашувате што се смени со „Северна Македонија” еве на пример во Германија ми вратија документи од сите мои дипломи, уверение за положени испити во Република Македонија уредно преведени и заверени на нотар со образложение дека таква земја не постои. Па сега да Ве прашам Вас сите во која земја дипломиравте Вие? Каде учевте Вие? Кои сте Вие?”, напиша Никола на својот Фејсбук профил.