дома блог страница 3430

AЛAPMAHTHO: Oгромен облак од чад се издига од кај манаcтиpoT Св. Димитрија на Селечка Планина (ФОТО)

Огромен облак од чад попладнево се издига од Селечка планина. Според неофицијални информации гори борова шума во близина на манастирот Св. Димитрија над село Селце.

Повеќе информации подоцна!

Младеноски: “Градоначалниче, не ветивте дека ќе ги вработувате само вашите роднини и децата на функционерите??” (Видео)

Иако во предизборните кампањи ветуваа дека ќе ги вратат младите, она што денес може да видиме е дека младите ја напуштаат Македонија како никогаш претходно. Оваа централна и локална влада која ветуваше живот за сите, го донесе животот само за најблиските роднини и пријатели. Истакна на денешната прес конференција Иван Младеновски, член на извршниот комитет на Унија на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Ветуваа европски Прилеп, ветуваа нови работни места, а досега не донесоа ниту една, ама баш ниту една нова инвестиција и фабрика. Уште се фалат со фабриките против кои држеа прес конференции, кои беа отворени во време на ВМРО-ДПМНЕ. И наместо да го продолжат трендот на носење инвестиции, тие се занимаваат кој повеќе роднини и пријатели да си вработи на државно.

Градоначалниче Јованоски, во предизборната кампања ветувавте реновирање на старата „Соколана“ позната како сала „Партизан“, ветивте изградба на нова спортска сала во ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“, формирање на Совет за спорт во Прилеп, во соработка со владата ветивте спортско рекреативен центар во сала Македонија со покриен базен. Во прашуваме што од ова досега направивте? Да не беа новите спортски сали изградени во наше време, децата уште ќе посртуваа во адаптирани училници.

Ветивте изградба на нови спортски објекти, инфраструктура за спортови на вода, како и нови реквизити за индивидуални спортови. Ништо од ова! Како локална самоуправа покажавте дека не сте кадарни да го одржувате она што го наследивте, како многуте игралишта низ градов, не пак да изградите нешто свое.

Градоначалниче ве потсетуваме и на вашите зборови од прес конференцијата одржана пред изборите на локално ниво каде рековте „Изберете го бројот 19, за безбедна иднина на младите, за старт-ап компании, за соодветни плати на успешните млади кадри, за да ги вратиме младите од странство“.

За жал не сите млади луѓе ја имаат привилегијата да бидат ваши внуци или роднини за да се вработат во Локална самоуправа или на други убави работни места. И најважното прашање од нашата прес конференција е, што конкретно вие презедовте за време на ова ваше владеење, зада го оправдате ова ваше ветување?

Наместо безбедна иднина, соодветни плати на успешни млади кадри, враќање на младите од странство, го уназадивте градот во секоја смисла, и економска и естетска. Она што досега успешно го сработивте е успешно вркање на младите во другите држави каде ја бараат својата егзистенција и чесна заработка на парче леб.

Младите се чувствуваат изиграни и разочарани. И токму затоа негативната енергија која ја создадовте со ширење непотизам и апсолутна негрижа за обичниот млад човек, ќе ја почувствуате на следните избори. Затоа што ние младите заслужуваме подобро! Затоа што Прилеп заслужува подобро!“

Приказна која вреди да се прочита: Кога ќе наполни 40 години, орелот мора да донесе тешка одлука

Според приказната, орелот живее идентично колку човекот, но доколку посака да ја доживее староста до 80 години, тој мора да донесе тешка одлука, дали ќе го помине патот на болно умирање и повторно раѓање?

Кога орелот ќе наполни 40 години, неговите долги и еластични канџи веќе не можат да го ловат пленот кој му служи како храна.

Долгиот и остар клун станува свиткан.

Старите и тешки крила се прилепуваат за градите, поради што не може да лета.

Тогаш, на орелот му остануваат две опции – да умре, или да помине низ болниот процес на промени кои траат 150 дена.

Тој процес бара од орелот да стигне до врвот на планината и да седне во гнездо. Таму, орелот клука со клунот од каменот сѐ додека тој целосно не падне. Потоа, чека да му порасне нов клун. Со новиот клун ги клука старите канџи. Кога ќе израснат нови канџи, орелот почнува да ги кубе старите пердуви.

Само така по 5 месеци, орелот повторно може да се вивне во лет и да живее уште 40 години.

ПОУКА:

Многупати, за да преживееме мораме да го започнеме процесот на промени. Би требало да се ослободиме од некои сеќавања, лоши навики, лоша околина.

Единствено ослободени од минатото и освежени со надеж, можеме да ја живееме во сегашноста!

Бекам планира да ги направи соиграчи Роналдо и Меси: Еве за што се работи

Двајцата најдобри фудбалери во светот Кристијано Роналдо и Лионел Меси од летоска можат да станат соиграчи.

Браем такви планови има Дејвид Бекам, некогашниот фудбалер на Мачестер јунајтед, Реал и ПСЖ, а сега прв човек на ФК Интер Мајами.

Клубот на Бекам од наредната сезона ќе биде член на МЛС лигата, а тој оментално работи на идејата што повеќе ѕвезди да донесе во истиот.

Како што пренесуваат американските медиуми, целта на Бекам е од летоска да ги спои двата најдобри фудбалеири во светот Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Нив двајцата на листа на желби ги имаат сите клубови. Толку добро играат за нивните клубови што ќе биде тешко да се реализираат тие трансвери. Меѓутоа, се е можно. Чуда се случуваат, истакнал Бекам.

Пиеш кафе и уживаш и одеднаш аквариумот pаcпукувa: Kaфулето било штотуку реновирано (Видео)

Ова е вистинска реткост, двајца другари седат во кафуле во Никшиќ, Црна Гора и одеднаш попушта аквариумот кој се наоѓа точно зад нив.

Денот почнува сосема нормално, вработените работат а гостите уживаат, пука стаклото на аквариумот кој е од големи размери и цела вода завршува на двајцата другари, сето тоа е снимено од безбедносната камера.

Како што пренеуваат тамошните портали, не знаат што е причината за пукањето на аквариумот, но кафулето било штотуку реновирано и отворено.

СРЦЕ ПОГОЛЕМО ОД ПЛАНИНА: Момче на бездомник му ја дал својата картичка и пинот и му рекол да извади пари за себе!

Дали на бездомник би му ја дале својата картичка и пин код? Повеќето веројатно не би го сториле тоа, но не и овој Британец.

Сето тоа го документирал со снимка, на која се гледа како момчето седи во бавча од едно кафуле, вечерно време.

Нему му приоѓа еден човек со брада и тренерка и по краткиот разговор момчето му покажува дека е ОК.

Според коментарите на Фејсбук, бездомникот Кевин му дала парче хартија и го изговара зборот „потврда“.

Човекот ја зема потврдата, а брадестиот му ја покажува банкнотата од 20 фунти, а потоа се ракуваат.

Видеото е поставено вчера и веќе има огромен број на прегледи. Во описот се вели дека гостин на бездомник му ја дал својата картичка и пинот и му рекол да извади пари за себе.

Ќе вложиш 6.000 евра, а ќе ти се вратат 10.000 – нема овошка на која вака брзо се заработува

Почетокот додатно го олеснува тоа што не е потребна голема површина, луѓето можат да живеат и од еден хектар засаден со оваа овошка.

Нема овошка која носи брза заработка и помалку вложување од јагодата, па сѐ повеќе земјоделците почнуваат со овој бизнис. За почетниците секогаш совет е да не почнуваат со оглеми парцели, бидејќи еден хектар во првата година е веќе сериозен залак.

Јова Томиќ од Суботица се занимава со оваа работа веќе 18 години и вели дека првата година заработката се дели од половина хектар и може да се добие од 200 до 300 евра, втората година кога помали се вложувањата заработката станува двојна. Но, за тоа да се случи откупната цена мора да биде над едно евро за килограм.

За да опремите еден овоштарник со јагоди од половина хектар со наводнување капка по капка, плеку пластеникот и фолијата, до садници и ѓубрива, за половина ар ви треба околу 6.000 евра. Но, веќе првата година можете да имате полн род, некои 12-15 тони, а ако откупната цена не е под едно евро, ќе заработите од 10.000 до 13.000 евра – вели Томиќ.

Експертите ги советуваат земјоделците да не користат сопствен расад, бидејќи тие родови нема да задволат потребен квалитет.

Јагодите раѓаат два пати годишно и тоа во мај и јуни и почеток на септември, па се до појавата на првите мразови.

ППК Младост 96 во плеј-оф ќе игра со Вардар: На 14 април во Прилеп сите да ги бодриме

Со натпреварите од четиринаесетото коло во двете најсилни лиги од првенството во пинг понг, заврши регуларниот дел од првенството.

Минатогодишниот шампион Вардар ја оправда фаворитската улога и го освои првото место на табелата обезбедувајќи си ја најповолната позиција за Плеј оф натпреварите, каде што уествуваат првите четири екипи.

Екипата на ППК Младост96 во последното коло од регуларниот дел ја совлада екипата на УГД со резултат 4-0. По една победа постигнаа сите тројца играчи Рикалоски, Костовски и Лашкоски, a победа во дубл извојуваа Рикалоски-Костовски.

Покрај Вардар учество во плеј офот обезбедија екипите на Младост, Телеком НЕЦ и Младост 96. Полуфиналните двојки во плеј офот ги сочинуваат: Вардар – Младост 96 и Младост – Телеком НЕЦ

Вардар во натпреварот со Младост 96 ќе има предност од 1:0 поради двете победи во регуларниот дел од сезоната. Победник е екипата која прва ќе стигне до две победи. Телеком НЕЦ и Младост тргнуваат од нула, двете екипи една против друга забележаа по една победа во регуларниот дел од сезоната.

Лигата ја напушта екипата на Мултитекс, додека екипата на УГД преку бараж натпревар со второпласираната екипа од првата лига ќе се обиде и за следната сезона да го обезбеди суперлигашкиот статус.

Во Супер лигата за наредната година се пласира екипата на ППК Радовиш, која убедливо го освои првото место во Првата лига. Бараж за Супер лига ќе игра екипата на Кочани со УГД.

Плеј офот започнува во месец Април а ППК Младост96 својот натпревар ќе го игра на 14 Април во Прилеп. Доволно време со нови подготовки да се зачува и подобри формата на сите играчи. Вардар на хартија е фаворит но младите играчи на Младост96 нема да се предадат,знаеќи дека се кадарни секого да победат.Желбата е голема и е Шампионска титула.

Мицкоски: Апсењето на лидер на опозициска партија на месец пред избори е израз на огромен страв на Заевизмот кој губи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус во врска со апсењето на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевче Јакимовски.

-Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на Заевизмот кој губи.

Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта.

Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот.

Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.

Доаѓа правда за сите, стои во неговиот Фејсбук статус.

Се појави новата Баба Ванѓа на Балканот: Кај Марина од Лесковац се чека по три дена за сеанса!

Илјадници луѓе од цел Балкан секојдневно пристигнуваат во селото Мијајлица кај Бојник, недалеку од Лесковац, со надеж дека ќе ги прегледа извесна Марина, за која се верува дека со биоенергија лeкyвa од нajтeшкитe бoлecти. Колони автомобили стојат на влезот во селото од 190 жители, во близина на Лесковац, а многумина спијат по три ноќи пред куќата на мистериозната жена чекајќи сеанса.

За Марина малку се знае, освен дека е жена во четириесеттите години и дека своите натприродни моќи ги открила пред 15 години. Оние кои биле кај неа велат дека штом ќе го види човекот, му поставува дијагноза, а потоа за кратко време го лeкyва.

Пред куќата на Марина секојдневно во шатори кампуваат стотина, а некогаш и илјадници луѓе. Услов да ги прими е една ноќ да преспијат пред нејзната куќа, а многу од нив преспиваат и по две-три ноќи. Наутро некој од нејзините домашни излегува и им дели бројчиња на луѓето. Потоа тие по тој распоред влегуваат во нејзината куќа. Таму таа ги прима во соба преполна со икони-велат мештаните на Мијајлица, кои се уверени во нејзните исцелителни моќи.

Соседите уверуваат во нејзината голема способност за лeкyвaњe.

Штом го види човекот, Марина веднаш му кажува што му е. Непогрешиво ја погодува диjaгнозaта, по што препишува терапија. Нема ниту еден што не го излeчилa. За возврат не бара ништо,нема тарифа, туку кој колку даде.Кај неа доаѓаат луѓе од цел Балкан. Ги лeчи и оние кои не доаѓаат лично, доволно е преку некого да испратат фотографија- уверуваат соседите на Марина.

Кај Марина доаѓаат и од Бугарија.

Оваа жена не е врачара туку вистинска ислецителка. Кога ќе дојдете кај неа како да сте дошле на пcихoлoг. Ве ослободува од стравот, ви дава надеж. Знам жени кои не можеле да родат, а откако дошле на сеанса кај Марина, родиле две деца. Многу луѓе кренала на нозе- изјавил еден Бугарин, кој се уверил во моќите на Марина.