Според приказната, орелот живее идентично колку човекот, но доколку посака да ја доживее староста до 80 години, тој мора да донесе тешка одлука, дали ќе го помине патот на болно умирање и повторно раѓање?
Кога орелот ќе наполни 40 години, неговите долги и еластични канџи веќе не можат да го ловат пленот кој му служи како храна.
Долгиот и остар клун станува свиткан.
Старите и тешки крила се прилепуваат за градите, поради што не може да лета.
Тогаш, на орелот му остануваат две опции – да умре, или да помине низ болниот процес на промени кои траат 150 дена.
Тој процес бара од орелот да стигне до врвот на планината и да седне во гнездо. Таму, орелот клука со клунот од каменот сѐ додека тој целосно не падне. Потоа, чека да му порасне нов клун. Со новиот клун ги клука старите канџи. Кога ќе израснат нови канџи, орелот почнува да ги кубе старите пердуви.
Само така по 5 месеци, орелот повторно може да се вивне во лет и да живее уште 40 години.
ПОУКА:
Многупати, за да преживееме мораме да го започнеме процесот на промени. Би требало да се ослободиме од некои сеќавања, лоши навики, лоша околина.
Единствено ослободени од минатото и освежени со надеж, можеме да ја живееме во сегашноста!