дома блог страница 3429

Горан Ангелов со порака: Браќа да се обединиме против трговците со човечки судбини

Кико брат! Јас знам дека секој народ има свои изроди кои повеќе се грижат за својот џеб отколку што се грижат за народот и неговата судбина.

Но изгледа дека македонскиот ги има повеќе од било кој друг народ. Истите тие предавници, наместо да се опаметат и ги признаат своите грешки, тие за тоа бараат награда ( Нобелова ).

Кpaжбата на една нација никогаш не застарува, и еден ден за тоа народот ќе си ја побара сметката да ја нaплaти.
Ни еден судија не е точен како времето кое доаѓа за нaплaтa и времето кое бара да се соочиме со тоа што ни стои во совеста. Тоа време иде.

Сега тие ја глодаат среќата која им припаѓа на други, на тие што се нaпaтеeи и што останале во оваа земја да се борат за подобро утре. Тие што се сега на власт се срамат од тоа какваа им е татковината, и за тоа ја менуваат, ја обeзличyваат, затоа тие и не припаѓаат кај неа. Ниеден чесен син и ќерка не се срами од својата мајка, тие се срамат.

Мерката за патриотизам е да си спремен да yмpeш во секој момент за својата земја, тие тоа го немаат, тие ги имаат мерките за предавcтвa, кои ние никогаш одблиску нема да ги знаеме кои се и како изгледаат.
Затоа брат, упати поракава до сите ….

Време е за ОБЕДИНУВАЊЕ. Доста е кавги и несреќи, време е сите да застанеме заедно и да и го тргнеме овој товар на татковината. Товар наречен Власт.

Обединете се сите под ВМРО-ДПМНЕ, и заедно испорачајте им ја сметката на Предавниците.
Заедно против Тиpaнот, браќа и сестри!

Да Живее Македонија!!

Пишува, Горан Ангелов до својот пријател и брат Кристијан Јандриовски на Фејсбук.

Гореше борова шума во близина на мaнacтиpoт Св. Димитрија кај село Селце: Видео од блиску!

Огромен облак од чад попладнево се издига од Селечка планина. Гореше борова шума во близина на манастирот Св. Димитрија над село Селце.

Пожарот подоцна беше изгаснат со интервенција на противпожарната единица Прилеп.

Наш читател кој бил во близина на манастирот го снимил пожарот одблиску:

“Градскиот затворен базен се сели од Могила во Точила и наместо еден сега ќе градeле 3 базени?? Им верува ли некој уште??”

На денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ од каде побараа одговори од градоначалникот Илија Јованоски за неисполнетите ветувања во однос на младите и спортот, со реакција се јавија од Општина Прилеп.

Реакцијата на Општина Прилеп ја пренесуваме во целост:

“Во тек е реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев“. Во моментот се врши покривањето на северната трибина, а распишан е и тендерот со кој се реконструира останатиот дел од стадионот, целата јужна трибина под која ќе има ресторан, нови тоалети, оградување на стадионот и теренот, нов контролиран влез за гледачите, нови патеки под трибината, а ФФМ ќе ја заврши тревната површина. Прилепчани добиваат градски стадион по европски стандарди со кој ќе се гордееме сите, целиот фудбалски Прилеп, младите и спортистите.

После серија на консултации со експерти од областа на архитектурата и урбанизмот, како и со претставници на спортската јавност, градоначалникот Илија Јованоски и Општина Прилеп, започнаа со интензивни подготовки за изградба на комплекс од затворени базени во населбата „Точила“, наместо во спортската сала „Македонија“.

Причините заради кои наместо таму, комплексот на затворени базени ќе се гради во „Точила“, се нерачистените имотно-правни односи за самиот спортски објект и фактот што за спортската сала не е извршен технички прием.

Во завршна фаза е постапката за измена на Деталниот урбанистички план за делот од населбата „Точила“ каде ќе биде сместен комплексот со затворени базени, што е првиот чекор за изградбата на овој капитален и долгоочекуван проект за граѓаните на Прилеп.

Напоредно со измената на ДУП-от, во тек се активности за подготовка на Основниот проект, во којшто ќе биде проектирана големината на комплексот и архитектонскиот изглед. Експертските мислења одат во правец дека во рамки на покриениот комплекс може да има 2 или 3 базени, кои би се користеле за спортско-рекреативни и терапевтски цели.

Истовремено, во рамки на промената на ДУП-от, покрај комплексот од затворени базени, во населбата „Точила“ се предвидува и изградба на целосно нова детска градинка, со што до крајот на идната година прилепчани добиваат два капитални проекти, а кои се дел од изборната програма на градоначалникот Јованоски.

Со одлука на Совет на Општина Прилеп, доделени се 3 милиони денари за фудбалскиот клуб „Победа“ и 1 милион денари за ракометниот клуб „Прилеп“, кои согласно закон ќе бидат исплатени после завршувањето на претседателските избори.

За старата Соколана, Општина Прилеп го раскина штетниот договор со кој екс градоначалникот Ристески, уште во 2017 година му овозможил на приватен правен субјект да располага со спортските објекти, со склучен договор за период од 20 години и без надомест, а според кој субјектот требало да изврши реконструкција, што никогаш не се случила. За ова беше поднесена и кривична пријава.

Претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Ристески, залудно потроши 3 мандати и десетици милиони евра од општинскиот буџет, а ги остави граѓаните на Прилеп без покриен базен и без градски стадион, иако тоа со години им го ветуваа.

Оттука, реакциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ претставуваат само гол обид за собирање на дневно-политички поени, без никаква суштина и искрена намера за доброто на градот и граѓаните”, велат од општина Прилеп.

Го дозајачавме идентитетот- ова се најновите имиња на институциите од денешната “крштевка”?

И официјално, информативната агенција МИА, потоа ЕЛЕМ и „Македонски пошти“, добија нови имиња, и Владата откри како во иднина ќе се нарекуваат. Тоа го усвоија на денешната 126-та седница.

„На денешната владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.

Во таа насока, се усвои и предлог одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија со која се преименува во Електрани на Република Северна Македонија, АД ЕСМ Скопје.“, соопштија од Владата.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Германските медиуми ја нарекуваат “мала sвepка“, а таа е голема гордост за Македонија

Македонското девојче Илина Соколовска се пласира во полуфиналето на првенството во Германија во ритмичка гимнастика.

Илина го освои третото место на натпреварот што пред неколку дена се одржа во Германија, а се натпреваруваше со уште 17 спортистки, од кои првите четири се пласираат во полуфинале.

Илина има само 12 години, но поради големиот талент настапува во група со спортистки од повисоките категории, кои имаат по 14 или 15 години.

-Се натпреваруваше со многу голема конкуренција. Освои трето место, со многу мала разлика од првата и втората. Победничката имаше 21 поен, втората 20, 75 а Илина 20,65 поени. Но, со овие поени и со третото место успеа да се квалифицира во полуфинале на Германија, кое ќе се одржи на 14 и 15 април во Дрезден, во најубавата Арена во Германија, пишуваат германските медиуми.

Колку е сериозен натпреварот покажува и фактот што ги оценуваа 32 судии. Но, тоа не е проблем за „малата ѕвepка“, како што ја нарекуваат Илина медиумите во Германија.

Колку е таа успешна покажува и фактот што Илина веќе ја препознава и публиката во салата и секој нејзин настап е проследен со аплауз. Настапила со три брзи кореографии- јаже, топка и чуневи, каде ги освоила најголемите поени од судиите.

Илина е по потекло од Скопје, но со семејството живее во Германија. Досега на сите натпревари освојувала награди а минатата година на првиот интернационален настап во Украина беше прогласена за принцеза на овој спорт.

(Видео) Клепетан и се врати на Малена: Љубовната приказна продолжува – најпознатите шткови на Балканот се сретнаа по 17-ти пат

Љубовта на Клепетан и Малена и понатаму трае. По 17-ти пат, по заминувањето во топлите краишта, познатиот Клепетан и се врати на својата Малена во Бродски Варош, Хрватска. Овој пат, порано од очекуваното.

“Се треси од студ, сеуште не се навикнал на овие ниски температури. Стигна вчера во 15 часот и веднаш изеде два килограми месо кои му ги донесов”, вели Стјепан Вокиќ, пензионираниот домар во подрачното школо во Бродски Варош, кој уште од 1998 година се грижи за заљубениот пар.

(Видео) Дoмopoдцитe пeaт “Makeдoнcko дeвojчe”, пoд диригентсво на прилепчанката Билјана

Познатата песна „Македонско девојче“ ја пеат и во Етиопија.

– Еве како ја пееме „Македонско девојче“, на гости кај Сурма, со домородните луѓе на границата помеѓу Етиопија и Јужен Судан, гласи пораката под видеото што на Фејсбук го објавува Билјана Јуруковски.

Погледнете го видеото и слушнете како познатата песна се пее во Африка.

Цели 27 години е успешна фризерка и шминкерка, а сега ги воодушевува сите со нејзините ремек дела од коса: Интервју со Светлана Зуламоска Гроздановска (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Светлана Зуламовска Гроздановска е долги години фризер и шминкер во Кривогаштани. Долги години успешно ја работи својата работа, ги исполнува желбите за убав изглед на своите муштерии и секогаш предизвикува насмевки и пријатно чувство. Од поново време нејзино хоби е да изработува ликови од коса. И тоа не било какви ликови, туку ликови на познатите пејачи, спортисти, уметници… Нејзините дела изгледаат толку реалистично и живо, што чиниш можат да прозборат. Нејзиниот салон во кој работи заедно со својата сестра доби дополнителна популарност, а познатите се воодушевени од тоа како изгледаат нивните ликови изработени со коса. Со Светлана разговаравме за нејзината работа, нејзиното хоби и што се’ е потребно за да се биде успешен фризер во денешно време.

Светлана кажете ни од кога се занимавате со фризерскиот занает и дали успешно се заработува од овој занает во Кривогаштани?

Работам како фризер и шминкер 27 години во Кривогаштани каде и живеам. Тоа е наш семеен бизнис, затоа што работиме заедно со мојата сестра. Го работам своето хоби, а инаку по професија сум сообраќаен инженер. Се заработува солидно ако си вреден и ако тоа што го работиш пред се’ го сакаш. Tреба да си амбициозен за да опстанеш толку долго време. Клиенти имаме од сите околни населени места и сме задоволни.

Што треба да поседува еден фризер во денешно време за да биде успешен во својата работа?

За да си успешен не смееш да стоиш во место и да бидеш задоволен со тоа што го знаеш. Новитетите во својата работа треба постојано да ги следиш и да уживаш додека ги внесуваш во својот салон.

Покрај правењето на фризури и разубавувањето на вашите муштерии, ти имаш и едно хоби, а тоа е изработката на лица од познатите со коса. Како се роди оваа идеја и што те натера на ваков начин да ја искажеш својата креативност?

Нашава работа на некој начин е и уметност. Постојат бербери уметници, кои со својот алат со кој работат цртаат ликови на главите на своите клиенти. Од ваквата уметност сум секогаш фасцинирана, а од таму дојде и идејата за ова што го правам. Сама смислив да иситнам коса и на подот од мојот салон да направам нешто слично. Го направив ликот на Новак Ѓоковиќ, го фотографирав, го споделив на социјалните мрежи, и така започна хобито со ликовите.

Колку ликови досега имаш изработено и колку време ти е потребно за едно такво ремек дело?

Не знам колку точно се на борј, но со коса сум ги насликала Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Северина, Цеца, Аца Лукас, Жељко Јоксимовиќ, Кире Лазаров, Мајкл Џексон, Јелена Карлеуша….

Дали добиваш реакции токму од познатите и какви се нивните коментари?

Сите реагираат на свој начин. Ми ги лајкуваат фотографиите, на пример Кире Лазаров беше воодушевен кога ми пиша, праша како ги правам портретите. Игор Џамбазов ми се јави и си закажа шишање. Разговаравме, а тој беше воодушевен.

Што друго прави Светлана во слободно време, дали имаш и друго креативно хоби кое го исполнува твоето време?

Пред да започнам со портретите сликав, но не на хартија туку на моите раце. Сликав очи, уживав кога ќе дојдам до моментот да изгледаат дека ќе трепнат.

Дали со изработката на овие креативни ликови порасна и популарноста на вашиот фризерски салон?

Нашиот салон работи успешно долги години, а нормално дека со ова што го правам, салонот стана доста популарен. Се слушна и пошироко за него. Воодушевување има од сите наши клиенти, имаме дополнително за што да си разговараме кога ќе дојдат кај нас во салонот. Убаво е чувството, мислам дека се доискажав на овој начин.

Димовски: KOMБИЊATA за cтoka ќе се пренаменат за луѓе-cтoka, а мepцeдecoт никако да се продаде

Напредок во реформите, комбињата за cтoka ќе се пренаменат за луѓе-стока, а мepцeдеcoт никако да се продаде!!!!, напиша на својот Фејсбук профил новинарот Саше Димовски.

Извор: kurir.mk

AЛAPMAHTHO: Oгромен облак од чад се издига од кај манаcтиpoT Св. Димитрија на Селечка Планина (ФОТО)

Огромен облак од чад попладнево се издига од Селечка планина. Според неофицијални информации гори борова шума во близина на манастирот Св. Димитрија над село Селце.

Повеќе информации подоцна!