Новата Лада Нива се очекува да биде најубавиот џип на светот: Цената може да биде достапна за секој!

Појавата на прототипот на новата Lada Niva на саемот во Москва предизвика многу внимание во јавноста. Сите очекуваат култниот руски модел на теренско возило да се појави што побрзо. Но, истовремено сите се прашуваат која ќе биде неговата цена.

Втората генерација на Lada 4×4 ќе биде поскапа од стариот модел, но сепак ќе остане една од најевтините понуди во сегментот, изјави поранешниот директор на АвтоВАЗ и следниот претседател на Groupe Renault, Никола Мор во интервју за Autonews.ru.

Преземањето на Lada од страна на Renault-Nissan Алијансата како и назначувањето на нов дизајнерски тим од пред неколку години придонесе за Niva да го напушти традиционалниот дизајн и да прерасне во нов, модерен и многу привлечен SUV возило.

Овој концепт кој е под називот 4×4 Vision е претставен на саемот за автомобили во Москва и токму овој концептен автомобил треба да го најави новиот модел Lada Niva 4×4. Концептот премиерно го претстави Стив Матин, шефот за дизајн во AvtoVAZ за кого може да се каже дека успеал да интегрира модерна дизајнерска филозофија во руската легенда.

Како и за останатите модели кои ги претстави на овој саем AvtoVAZ не открива многу информации околу техничките и комерцијалните карактеристики на овој концепт. Она што е познато во јавноста произлегува од руските медиуми кои тврдат дека новата Niva ќе се појави кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

Овој SUV кој е 420 цм долг ќе биде опремен со 1.8 литарски бензински мотор со 122 КС, а со него доаѓа и целосно нов трансмисионен систем. Тука е и целосно новата внатрешност каде се додадени бројни нови детали, а централно место зазема LED дисплејот осетлив на допир преку кои може да се зададат најразлични команди на автомобилот, а истовремено да се интегрираат повеќе смарт уреди.

За прв пат овој модел се појавува во 1977 година, а интересно е што се произведувал на девет локации во светот и тоа во Амам (Јордан), Кито (Еквадор), Букурешт (Романија), Черкеси (Украина), Каиро (Египет), Монтевидео (Уругвај), Тољати (Русија), Тебес (Грција) и Каменогорск (Казахстан). Во зависност од пазарот Lada Nivа во светот е позната и под името Diva (Уругвај), Cossack (Велика Британија), Job (Италија), Taiga (Германија), Bushman (Австралија) итн.

“Во согласност со ценовната политика на Алијанса при составувањето на спецификациите, возилата на Lada треба да бидат поевтини од тие на Renault. Новиот модел ќе поскапи малку во споредба со сегашната Lada 4х4, но ќе чини помалку од Renault Duster”, изјави Мор.

Во моментот Lada 4×4 е доста поевтина од верзиите на Duster со погон на двете оски. Основната верзија на чини 499.900 рубли (околу 6.370 евра).

Прототипот на следната генерација на модел беше прикажан на автосалонот во Москва. Претставниците на АвтоВАЗ објавувија дека сериската верзија на Lada 4×4 Vision може да влезе во производство во следните неколку години.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.