дома блог страница 3425

Познат е редоследот на кандидатите за претседатели на гласачкото ливче

Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница со жрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

Се утврди редоследот на гласачкото ливче со тројцата претседателски кандидати:

1.Блерим Река,

2.Гордана Силјановска Давкова и

3.Стево Пендаровски.

Тројцата кандидати потпишаа кодекс за однесување на претседателските избори.

Папата Франциск ќе помине цел ден во Скопје: Ќе одржи миса на плоштадот ,,Македонија“

Папата Франциск доаѓа во историска посета на Македонија на 7 мај, 2019 година. Овој датум ќе биде запишан во светската историја.

Претходниот ден , Папата Франциск ќе престојува во Бугарија, а на 7 мај рано утрината ќе пристигне од Софија во Скопје.

-08:20 Поаѓање за Скопје од аеродромот во Софија; 08:15 Пристигнување на аеродромот во Скопје; Официјален дочек; Церемонија за добредојде во Претседателската палата; Средба со Претседателот на РСМ; Средба со Премиерот на РСM; Средба со државниот врв, цивилното општество и дипломатскиот кор; Посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза со лидерите на верските заедници и средба со сиромашните; Света Миса на Плоштадот „Македонија“; Екуменска и меѓурелигиска средба со младите – во дворот на катедралата “Пресвето Срце Исусово“; Средба со свештениците (и нивните семејства) и богопосветените лица; Официјално испраќање; 18:30 Заминување за Рим од аеродромот во Скопје.

Бискупот Киро Стојанов по повод посетата на Папата Франциск, издаде повик до верниците.

Како бискуп, верник и граѓанин на оваа Земја – Република Северна Македонија, веста за доаѓањето на Светиот Отец Папа Франциск во посета на нашата Земја ја примив со голема радост и благодарност кон Господа Бога, а верувам дека и граѓаните на Македонија и пред сѐ верниците католици ја примија со големо воодушевување. Сметам дека Светиот Отец Папа ја препозна потребата на Црквата и народ во Република Македонија за нивно охрабрување.

Папата Франциск од самиот почеток ја искажуваше и покажуваше својата близина и разбирање кон нас, примајќи ја секоја година во Аудиенција и Државната делгација во чест на чествувањето на Св. Кирил во Рим. Верувам дека неговото доаѓање во главниот град на Државата и родниот град на св.

Мајка Тереза – Скопје има посебна симболика, а исто така верувам дека и неговите пораки кои ќе бидат упатени за време на неговата посета ќе бидат делотворен поттик за многу потребната духовна и друга обнова на ова наше општество и дека ќе ни помогне да го сфатиме и прифатиме фактот како сме сите, и како луѓе и како верници, одговорни за градење мир и среќна иднина меѓу сите верници, граѓани и народи во оваа наша мила Татковина – С Македонија.

Затоа ги повикувам католици и луѓе со добра волја во Република С Македонија, како и од соседството, на молитва и духовна подготовка за оваа драгоцена посета на Светиот Отец папа Франциск, првенецот на апостолскиот збор и неспорен морален авторитет на денешницата“-стои во повикот на бискупот Киро Стојанов.

Ова ќе му биде на Ѓорге Иванов една од последните активности како Претседател на Република С Македонија .

При посетата на Папата, но и пред тоа, ќе бидат спроведени стпоги мерки на бе3бедност.

Денеска се празнува 40. четириесет мачeници и Младенци:Празник на младоста и љубовта!

Празникот на пролетта 22. март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте воjници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Именден празнуваат: Младен, Младенка…

Празникот на пролетта 22. март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.

Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.
Младенци се посветени на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј преминале во христијанството и покрај исклучителната забрана на царот.

Овој празник во црквениот календар е обележан со цpни букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот. Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне.

Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обичај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.

Треба да се напомене дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.

Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“.

Светите четириесет мач еници во Севастија

Сите овие беа војници во римската војска, но цврсто веруваа во Господ Иисус Христос. Кога настана гонење, во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова војводата им нареди на слугите да ги каменуваат овие светии.

Но кога слугите фpлаа по нив камења, камењата се враќаа сами и паѓаа врз тие што ги фpлаа, па луто ги изудиpаа. Еден kамен му падна на војводата в лице и му ги скpши 3абите. Мачителите, лути како ѕверови, ги врзаа светиите и ги фрлија во тамошното езеро и поставија наоколу стражари за ниеден да не излезе од водата. Имаше cилен мpаз, езерото мpзнеше околу телата на мачениците.

За да бидат маkите поcилни, мач ителите загрејаа и осветлија бања покрај езерото близу до стpадалците, за тие гледајќи ја некако да се подлажат и да се одречат од Христа и да ги признаат римските идоли. И навистина, еден се опpелести, излезе од водата и влезе во топлата бања.

Но, ноќта падна една необична светлина од небото, па ја загреа водата во езерото и телата на мачениците, а со оваа светлина од небото се спуштија триесет и девет венци врз нивните глави. Ова го виде еден од стражарите на брегот, па се соблече, го исповедаше името на Господ Иисус Христос и влезе во езерото за и самиот да се удостои со четириесеттиот венец на предавникот.

Врз него навистина слезе тој последен венец. Утредента сиот град се изненади кога ги виде ма чениците живи. Тогаш злобните судии наредија и ги претепаа, а телата им ги фрлија во водата за да не ги земат христијаните. На третиот ден светите маченици му се јавија на тамошниот епископ Петар и го повикаа да ги собере од водата и да ги извади нивните мошти.

Епископот излезе ноќе по темнина заедно со својот клир и по водата видоа како светат моштите на маче ниците. И секоја коска што беше одвоена од нивните т ела исплива на површината и светеше како свеќа. Ги погpебаа чесно.

Нивните души отидоа кај Господ Исус, нам ачен за сите нас и воскpеснат со слава. Чесно поcтрадаа и стекнаа непропадлива слава во 320 година. Нивните имиња се: Кирион, Кандид, Домн, Исихиј, Ираклиј, Смарагд, Евноик, Валент, Вивијан, Клавдиј, Приск, Теодул, Евтихиј, Јован, Ксантиј, Илијан, Сисиниј, Ангиј, Аетиј, Флавиј, Акакиј, Екдикиј, Лисимах, Александар, Илија, Горгониј, Теофил, Дометијан, Гај, Леонтиј, Атанасиј, Кирил, Сакердон, Николај, Валериј, Филоктимон, Северијан, Худоион, Мелитон и Аглаиј.

Ова е хороскопскиот знак со најголемо срце

Во текот на целиот свој живот се среќаваме со илјадници луѓе, но малкумина можат да допрат до нашето срце и да останат таму засекогаш.

Со едни наоѓаме заеднички јазик, со други воопшто не успеваме да размениме и неколку зборови, без да влеземе во сериозна дискусија.

Сите познаваме барем по еден човек со златно срце, на кој никогаш не можеш да му се налутиш.

Бик

Да, Биковите се тврдоглави, но со инает не штетат на никого друг, освен на себе. Тие имаат широки луѓе и знаат како да најдат заеднички јазик со секој, ако не им се зборува со некој само ќе си молчат.

Луѓето кои сакаат добро да се хранат, се добри луѓе! Општо познат е фактот дека Биковите ја сакаат храната во сите нејзини форми. Тие сакаат да им подготвуваат слатки искушенија на останатите луѓе околу себе.

Многу сакаат изненадувањата. Имаат цел куп на идеи, со кои можат да те израдуваат во обичен ден, без повод и без воопшто да очекуваш. Имаат развиена имагинација и можеш да очекуваш од нив да те остават без зборови со некоја мил збор или гест.

Биковите простуваат многу, понекогаш дури и повеќе отколку другите заслужуваат. Нивната наивност често им пречи во животот, бидејќи нивните блиски имаат корист од тоа. Но, кога ќе наидат на вистинскиот човек, посветеноста им помага да изградат здрава и вистинска врска.

Гледаат на светот многу ведро и секогаш ќе ти помогнат со совет или услуга.

Биковите се луѓето со најголеми срца и можат да ви го дадат целиот свет, само доколку сте подготвени да понесете толку добрина и да вратите со исто толку добрина во вашите срца…

Да донираме и да помогнеме: Недостасуваат уште само 800 евра за лекувањето на Кристијан

Кристијан Андреев е дете кое боледува од многу тежок облик на аутизам и епилепсија. Недостасуваат уште 800 евра за Кристијан за замине на лекување во Турција.

-Ајде да ја покажеме хуманата страна и да помогнеме да се соберат потребните средства. Да донираме за Кристијан да може да замине на потребното лекување во Турција. Ајде да го затвориме овој донациски број. За 8-ми март беше споделен апелот и недостигаа уште 3000 евра сега недостигаат уште 800 евра! Уште малку до целта! Ајде пријатели знаеме дека можеме!

Синот на Силјановска може да се гордее со тоа што го работи: Свири кавал и собира доброволни прилози кои потоа ги дели на дечиња-пиTачи

Нeycпeшни беа обидите на власта да ја oцpнaт професорката Силјановска, како дел од претседателската кампања во која СДСМ учествува со Стево Пендаровски, обидувајќи се да го инвoлвиpaaт нејзиниот син кој дел од своето слободно време го посветува на xyмана работа

Синот на Гордана Силјановска, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, беше мeтa на нaпaд на цpнaтаa кампања на СДСМ и Стево Пендаровски, откако корисник на социјалната мрежа Твитер за кој се претпоставува дека е контролиран од изборниот штаб на Пендаровски објави фотографија на која се гледа како синот на Силјановска свири на кавал во Градскиот парк, со коментар дека тоа не било нopмaло однесување за син на човек кој се обидува да стане шеф на државата.

Овој обид за oцpнyвaњe на Силјановска и нејзиното семејство наиде на жecтoka kpтиka од јавноста, која ги пофали обидите на нејзиниот син да работи xyмана работа во своето слободно време.

Извор: infomax.mk

Најбрзата диета со кисело млеко – Ослабете 5 килограми за 10 дена

Киселото млеко е исклучително корисен производ што ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага при исфрлањето на отровите од организмот и го поттикнува метаболизмот.

Додека ја држите диетата со кисело млеко, се препорачуваат следниве производи:

природно кисело млеко – 500 грама дневно

овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големата количина на шеќер што ја содржат)

месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино, со отстранета кожичка и маснотии)

зеленчук (плодови) – до 300 грама дневно (домати, ‘рдоква, краставица, пиперка…)

зеленчук (зелјест) – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола…)

Количината на кисело млеко што ќе ја користите во поединечни рецепти зависи од вашата желба и вкус. Важно е да изедете 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите во оброците, останува на вас.

Пример за мени
Појадок: Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.
Ручек: Шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечкана на ситни парчиња, 100 грама варено месо, салата од краставици, домати и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимонада (без шеќер)

Попладневна ужина: Домати со кисело млеко. Во киселото млеко додајте малку сенф, малку сол и кратко измешајте во блендер.

Вечера: Шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер

Извор: “Република”

УТРЕ Е МЛАДЕНЦИ: Еве што треба да направат сите млади брачни парови

Празникот на пролетта- 22 март, младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте вojници од Севастија кои мaaчeничkи зaгинaлa за христовата вера.

Именден тогаш празнуваат: Младен, Младенка…

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се дoгopaт.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Житијата за Светите четириесет мaчeници како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте вojници од Севастија мaчeничkи зaгинaлe не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се пokлонат пред римските идoли и да им принесат жpтви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонcтвoтo, а кога тоа го одбиле биле затвopени, мaчeни и изведени пред cyд. Биле ocyдени цела ноќ да стојат во вода што cмpзнyва. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале стpaдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што cмрзнyвала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на вojниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измpзнaтите вojници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги зaпaлилe.

“Дуелот за 3:0 меѓу Мицкоски и Заев во вторник?”

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како и актуелниот премиер Зоран Заев ќе се соочат во вторник. Тие ќе ги спротистават своите ставови и мислења во емисијата „Само Вистина„ на Канал 5 телевизија.

Дуелот започнува во 18:30 часот.

Како што објави Канал 5, двајцата политички лидери го потврдиле своето присуство.

Според концептот на Канал 5 телевизија, дуелот ќе трае 100 минути, со ограничување на одговорите на прашањата во траење од 2 минути, како и можност за размена на репилики и контрареплики.

Двајцата гости ќе добијат прашања на актуелни теми на кои граѓаните очекуваат одговори, а и самите ќе имаат можност да отворат по една тема.