дома блог страница 3420

ВИДЕО: Пендаровски најавуваше: Душата ќе му ја извадат на тој што ќе го смени името!

Претседателскиот кандидат на СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски најавуваше дека слободарските граѓани ќе му ја извадат душата на тој што ќе го промени името на државата, пишува „Економски лидер“.

Истиот тој Пендаровски сега го прифаќа името Северна Македонија и во јавноста се обидува тоа да го презентира како разумно решение.

Пендаровски претходно изјави дека не може туку така да се смени името, па дури и тврдеше дека илјадници граѓани душата ќе му ја извадат на тој што ќе го направи тоа.

“Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името и никој нема да знае и утре ќе се викаме не знам како. Не може, мора да дојдеш во институции. Во тој момент јас ви тврдам, сите што беа, до последен, десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го поддржал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е”, велеше Пендаровски.

Извор: “Лидер”

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински”: Tри претстави оваа недела

ВТОРНИК, 26.03.2019 – 18.00 ч. „Ништо без Трифолио“, режија Коле Ангеловски

СРЕДА, 27.03.2019 – 18.00 ч. „Пиреј“ , режија Љупчо Ѓоргиевски

Светски ден на театарот

САБОТА, 30.03.2019 – 20.00ч. „Демократија“ режија Кирил Петрески

За Македонија со цело срце: Дејан Георгиевски освои златен медал, чекор поблиску до Токио 2020

Златното момче Дејан Георгиевски повторно со златен медал, на Г1 светскиот куп, мулти европското првенство во Софија 2019-та.

Овој силен светски куп, Дејан го освојува две години по ред. Силен Г1 турнир со над 2000 натпреварувачи од цел свет. Дејан имаше три борби и три ефективни победи со доминација.

-прва борба против гркот Атанасиос Димотракопулус со 30:1

-втора борба против бразилецот Гуилхерме Цезрио Феликс со 16:10

-трета борба против русинот Олег Кузнетцов со 17:9

Нови бодови за Токио 2020 нов голем успех за македонското таеквондо, уште еден СВЕТСКИ КУП Г1 Е ОСВОЕН. И другите македонски претставници имаа добри настапи. Анамарија Георгиевска успеа да победи прво коло против Русинката Екатерина Митрофанова, но загуби второ коло. Другите загубија прво коло, но сите со одлични борби и тесен резултат.

„За МАКЕДОНИЈА, СО ЦЕЛО СРЦЕ“, порача нивниот тренер Дарко Костовски кој за овие одлични резултати информираше преку својот Фејсбук профил.

(Видео) Вучиќ излезе на говорница и почна да плаче

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на одбележувањето 20. години од бомбардирањето во Србија, одржа говор во Ниш и плачеше на говорницата.

– Не ни мислев дека ќе видам волку луѓе, јас многу пати сум бил во Ниш но не сум го доживеал ова. Тоа е доказ дека народот се променил и дека ќе градиме слобода и мир, истакна Вучиќ.

Додаде дека никој не одговарал за српските цивили и дека за некого тие биле само грешка.

– За нас не беа грешка, не смееме да ги заборавиме. 20 години по бомбардирањето иднината е наша должност, рече Вучиќ и се расплака.

Фудбалерите го прославија бодот во Словенијa! За нив е една: „Македонија, Македонија“ – ечеше во Словенија

Македонскиот национален тим освои значаен бод на гостувањето кај Словенија иако селектортот Игор Ангеловски смета дека нашите момци заслужиле победа. Мечот заврши без победник 1-1, но тоа не беше причина атмосферата во нашата екипа да падне.

Фудбалерите синоќа еуфорично го прославија бодот што го земаа од Словенија. И секако, не заборавија да ја поздрават Македонија.

Прилепчани ја покрија “Северна” во Љубљана (Фото)

Повеќемина прилепчани вечерва ја бодрат македонската фудбалска репрезентација на стадионот “Стожице” против Словенија.

Црвено-жолтата фаланга која во Љубљана пристигна од Прилеп, не се согласува со напишаното име на нашата земја по рекламните паноа, па “Северна Македонија” ја покрија со “Македонија”.

“Фудбалскиот свет се мајтапи со нашата одлука да се преименуваме и обезличиме??”

Maкедонските навивачи денеска во голем број пристигнаа во Љубљана каде ја бодрат нашата фудбалска репрезентација. Со транспаренти “Никогаш Северна” и со македонска песна, Македонците ги имаше насекаде.

На полувремето нашите момци губеа со 1:0, но на самиот старт од второто полувреме, при грешка на словенечката одбрана, Алиоски ја одзеде топката, а на неговиот центаршут одлично реагираше Барди и ја смести топката во голот на Облак.

Но предмет на сеир на социјалните мрежи во моментов не е водството на домаќинот, туку графиката на мечот.

„Северна игра против Македонија“, е сеирот, како алузија на кратенките на двете земји и новото име кое Македонија го прифати по преспанскиот договор со Грција.

Нов голем грабеж среде бел ден во Прилеп

Ново разбојништво среде бел ден во Прилеп

Како што дознаваме, денеска во 12 часот, на улицата 1-ви Мај, во Финансиското друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје подружница 9, сместено во новата катна гаража во Прилеп, две Н.Н. лица со веспа и закана со пиштол кон вработената, одзеле околу 100.000 денари, а потоа се оддалечиле од местото.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Инаку, во изминатиот период зачестија ваквите случувања во Прилеп. Пред извесно време во само десетина дена ограбувана беше иста бензиска пумпа, а синоќа целосно демолиран беше автомобилот на екс градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.

Нова кражба на бензиска пумпа во Прилеп

За една недела по втор пат ограбена иста бензиска пумпа во Прилеп?

Повторно ограбена бензиска пумпа во Прилеп – овојпат на булеварот “Гоце Делчев”

(Фото) ДEMOЛИPAH АВТОМОБИЛОТ НА МАРЈАН РИСТЕСКИ

Исто така, прилепчани се сведоци и на тешката кражба на златара во Старата чаршија, каде исто така среде бел ден беше одземена голема количина на злато и пари.

Пет лица учествувале при кражбата на златарата во Прилеп

Дали Прилеп станува град на kpиминалот?

Ajде Македонијо! Ирена оcтанaлa нeпoдвижна поcле cообраќаjка и сега не може да се грижи за овие две ангелчиња, потребна и е помош!

Ирена Танчева која на 27-ми април 2017-та година имаше сообраќајна несреќа и беше правена операција на вратната кичма (5ти и 6ти пршлен) и сега е неподвижна.

Она што е најпозитивно од оваа несреќна ситуација е тоа што Ирена може да застане повторно на своите нозе, пресадувајќи и матични клетки во Русија во клиниката Неуровита.

Ирена единствено што посакува е да може повторно да се грижи за своите дечиња.

-Ве замолувам бидете хумани и донирајте да застанам пак на нозе и да можам повторно да продолжам да одам и да си ги гледам моите деца, да бидат и тие среќни како останатите, напиша Ирена на својот фејсбук профил.

TELEKOM 070 143 115
VIP I ONE 143 500

ZIRO SMETKA -320500027414994

DEVIZNA SMETKA IBAN MK07 -320540027415089
SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRALNA COOPERATIVNA BANKA AD SKOPIJE

“Прилеп има мотор од Bтора cвeтcкa вojнa, каков што нема повеќе ни во Германија?” (Фото галерија)

На социјалните мрежи пронајдовме уникатен оглас на кој се продава моторцикл олдтајмер марка BMW Dnepr 650 од Втората светска војна.

Во огласот пишува дека моторот е со приколка во идеална состојба, со македонски документи, 4 брзини+рикверц и рачна кочница.

Покрај тоа моторот има комплетна воена опрема (ашов, торби, сандак, постојле за митролез, држач за муниција, резервно тркало, матерки и уште многу други работи).

Моторот е единствен во Македонија и е користен како реквизит во филмовите “Трето полувреме” и “Ослободување на Скопје”.

Според огласот, цената на овој уникатен моторцикл е 20.000 евра.

Огласот погледнете го ТУКА