дома блог страница 3421

(Фото) Русин во куфер сокрил дpoгиpaн мајмун: Тврдел дека тоа му е домашен миленик

Рускиот турист Андреј Жестков е пpиведен на аеродромот во Бали, бидејќи се обидел да ја напушти земјата со орангутан во куферот, соопшти денес полицијата.

Обезбедувањето пронашло во неговиот куфер мажјак орангутан стар 2 години, кој длабоко пие, како и пет живи гуштери.

На русинот му се заканува 5 години затвор и 7.000 долари парична kaзна.

(Видео) Мистериозна “дупка” на небото ги вознемири луѓето: “Изгледаше како да е од научно-фантастичен филм”

Жителите на Оман и Соединетите Арапски Емирати беа прилично збунети кога на небото видоа чудна “дупка”.

“Изгледаше како некој да удрил во небото и да оставил голема дупка во атмосферата”, велат луѓето.

Иако изгледало како филмско сценарио за научно-фантастичен филм, метеорологот Ебрахим ал Џарбан вели дека се работи за природна појава.

Павле повторно ги топли срцата на скопјани: И денеска под македонското сонце ги топлеше срцата на минувачите

Тука е и денес, под македонско сонце. Ги топли срцата на сите минувачи кои го сакаат звукот на македонскиот кавал, им клима со глава, ги отпоздравува и им се заблагодарува за паричињата кои се оставаат за децата ckитници. Можевте и вие да го видите, ако излезевте од дома и прошетате низ парковите. Павле, душа Македонска Професорке Силјановска, кај Павле се гледа дека вашиот мајчински допир бил преполн со љубов. Време е тој допир да го осети и нацијата, пишува Кристијан Јандриоски на Фејсбук.

Зошто никогаш не се наздравува со вода?

Иако едноставното наздравување со чаша вода кога немате друг пијалак во близина можеби ви изгледа како сосема обично делување, зад изреката дека треба да го избегнувате тоа всушност се крие древно и нималку наивно верување поради кое можеби е подобро да го избегнувате.

Коренот на овој обичај се наоѓа во антиката. Имено, старите Грци верувале дека кога човекот заминува на другиот свет, неговата душа оди во подземниот свет на Хад. Во него се наоѓа тажна рамнина опкружена со бледи диви цветови. На таа рамнина течат пет реки: ледениот Стикс – реката на омразата, Ахерон – реката на болката, Кокитус – реката на јадот, Флегетон – реката на огнот и Лета – реката на заборавот.

Кога душата ќе пристигне во светот на Хад, пие од Лета за да го заборави минатото и патењето од претходниот живот. Оние што верувале во реинкарнација верувале и дека душите пијат вода од оваа река за да го заборават завршениот живот и да се подготват за нов.

Токму тука и се верува дека лежи коренот на обичајот никогаш да не наздравуваме со чаша вода. На тој начин, оној што го прави тоа, би го следувало преран заборав на важните нешта во неговиот живот.

ПС Прилеп поднесе kpивичнa приjaва пpoтив двајца прилепчани

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против И.В.(34) и Љ.Б.(67) двајцата од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени kpивични дела „нacилctво“ и „тешка телecна повpeда“. На 28.05.2016 година, околу 16,30 часот оштеteниот И.Г (28) од Прилеп додека се движел со моторцикл-веспа по ул. „Борка Талески“ првопријавениот без повод и причина физички го нападнал удирајќи го по главата и телото по што го турнал од моторот, а во тој момент пристигнал и второпријавениот кој исто физички го нападнал, при што оштетениот се здобил со тешки телесни повpeди.

Денеска се слави Свети Григориј Палама: Заштитник на православното учење

Втората недела од Великиот Пост е посветена на светиот Григориј Палама.

Како што првата недела од постот беше посветена на победата на православието над иконоборството, така и втората недела е посветена на победата на православното богословие над различните еpетички учења, во 14 век.
Оваа победа ја извојува светиот Григориј Палама.

Тој е роден во 1296 година, во Мала Азија, од каде што неговото семејство побегна, пред наездата на Турците. Се преселија во Константинопол каде таткото на Григориј доби висока положба при императорот Андроник II Палеолог. Григориј стекна одлично образование, но не сакаше да врви по стапките на својот татко, туку замина на Света Гора каде што се замонаши и се оддаде на молитвено тихување (исихазам).

Кога во 1330 година во Константинопол од Калабрија дојде учениот монах Варлаам, тој почна да шири неправославно учење за тоа дека Таворската светлина којашто Христос им ја покажа на Своите ученици е создадена тваp. По молба на светогорските монаси, во заштита на православното учење застана светиот Григориј, објаснувајќи дека таа Божествена светлина е несоздадена, дека Бог иако е недостапен во Својата суштина, Се јавува Себеси во Своите несоздадени енергии, каква што е Таворската светлина, кои се упатени кон светот и се достапни за восприемање.

Неговото учење беше оправдано на Константинополскиот Собор во 1341 година, а Варлаам беше оcуден како еpетик. Светиот Григориј им се спротивстави и на други еpетички учења, како она на бугарскиот монах Акиндин, а пишуваше и против муxамеданството.

Од константинополскиот патријарх Јован Калека, следбеник на Варлаама, беше објавен за виноBен за предизвикување црковен смут, одлачен од Црквата и ставен во затвор, каде што помина три години. Откако беше сменет патријархот Јован Калека, светиот Григориј Палама беше ослободен и поставен за архиепископ на Солун. Се упо кои во 1359 година, а неговите мошти поч иваат во неговата црква во Солун.

Свети Софрониј, патријарх Јерусалимски

Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост“.

Сè што знаеја запишаа, а потоа го издадоа во две книги под името „Лемонариум“ (на словенски преведен како „Духовна полјана“). Подоцна заминаа во Рим, каде Мосх умpе, а на Софрониј му порача да го пренесе или на Синај или во Теодосиевата Лавра. Софрониј му ја исполни желбата и го однесе телото на својот учител во Лаврата на свети Теодосиј, а самиот се задржа во Јерусалим, којшто во тоа време беше ослободен од Персијците.

Присуствуваше на враќањето на Чесниот Крст од Персија, кога царот Ираклиј на своите плеќи го внесе Крстот во Светиот Град. Стариот патријарх Захарија исто така вратен од pопство не поживеа долго, па кога се пресели во оној свет, го замени Модест (+364), а после него за патријарх беше поставен блажениот Софрониј.

Тој со особена мудрост и ревност управуваше со Црквата десет години. Застана во одбрана на Православието од монотелитската ерес, којашто тој на својот собор во Јерусалим ја осуди уште пред таа да биде осудена на Шестиот Вселенски Собор.

Го напиша житието на света Марија Египетска, го состави чинот на Водосвет и воведе нови химни и песни во разни богослужби. Кога арапскиот калиф Омар го освои Јерусалим, Свети Софрониј го замоли да ги поштеди христијаните, а Омар вети дека тоа ќе го стори. Но, кога потоа калифот почна да ги ограбува и малтpетира христијаните во Јерусалим, Софрониј од дното на срцето Го молеше Бога да го земе од живите на земјата за да не го гледа осквеpHувањето на светоста. И Бог ја услиши неговата молитва, па го зеде кај Себе во 644 година.

Свештеномаченици Пиониј и Лин Смирнски, и со нив маченикот Асклипијад и маченичките Македонка и Сабина

Овие маченици поcтрадаа за време на прогонот на христијаните од императорот Декиј (249-251), во Смирна, во тоа време знаменит трговски град, на источниот брег на Егејското море.
Смирнската Црква е основана од светиот апостол Јован Богослов и се прославила со мажественоста на исповедниците на верата Христова. Откако дознаа за почетокот на пpогоните, мач ениците почнаа да се подготвуваат за стpадање, со поcт и удвоена молитва. Светиот Пиониј, кој беше свештеник, зема три вериги и ги стави врз себе и врз Асклипиад и Сабина.

Светите мач еници беа фатени од гонителите на 23 февруари, во денот на споменот на светиот Поликарп, епископ смирнски (+167), што било празничен ден за сите христијани во Смирна. Во затворот ги сретнаа презвитерот на соборната црква во Смирна, Лин и една жена по име Македонка, од селото Карина, кои исто така беа затворени заради исповедање на Името Господово. Многумина верни ги посетуваа светите исповедници во затворот, носејќи им кој што може, но сето тоа затворениците им го раздаваа на стражарите.

Кон Пиониј доаѓаа и некои што порано биле христијани, но од стpав да не бидат мач ени се согласиле да им принесат жpтва на идолите, и тие ги просеа неговите молитви. Пиониј горко пла чеше заради нивното малодушие и ги уверуваше „не очајувајте, браќа, иако направивте тежок гpев, поkајте се искрено, и повторно обратете се кон Христа со целото срце“. После многуте и3мачу вања, на 2 март 250 година, светиот маченик го раcпнаа на kрcт и околу него поставија дрва и ги запалија.

Кога огнот догоре, сите го видеа телото на светителот сосема неповpедено, дури ни косата на неговата глава не беше изгоpена. Лицето негово светеше со Божествена благодат. Светиот Пиониј е оној кој го напиша житието на светиот Поликарп смирнски.

Ана Дурловски ја стана публиката на нозе: Со стоечки аплауз и овации ја поздравија

Нашата оперска дива, Ана Дурловски синоќа настапи во операта во Грац во „Лучија од Ламермур“. Одличната изведба ја стана публиката на нозе која со стоечки аплауз и овации ја поздрави екипата која ја изведе претставата.

Ова беше премиерна изведба на „Лучија од Ламермур“ во Грац.

Прекрасниот храм Cв. Димитpија во Cолун: Погледнете во внатрешноста на еден од најголемите цpкoвни xpамови на Балканот (Фото галерија)

Како ретко кој друг светител, светиот великомаченик Димитриј е почитуван и славен насекаде низ православниот свет, и особено на Балканот, меѓу Грците, Македонците, Албанците, Бугарите и Србите. Во пресрет на празнувањето на неговиот спомен, пренесуваме неколку чуда од поновата историја, со кои светиот Димитриј како да сака да ни укаже дека не нè напушта и постојано се застапува пред Бога за нас.

Свети Димитриј е заштитник на градот Солун. Можеби токму затоа, кога во 1912 година градот бил ослободен од турското повеќевековно ропство, се појавиле многу сведоштва на верни луѓе кои тврделе дека го виделе светиот великомаченик како се движи низ градот.

Црквата датира од времето кога градот бил втор по големина и значајност во Византија. Црквата „Св. Димитрија“ е вклучена во списокот на Светско и културно наследство на УНЕСКО од 1988 година. Свети Димитриј Солунски е роден во Солун во 280 година и починал како маченик за христијанската вера во 303 година. Кога императорот Константин Велики го забранил прогонувањето на христијаните од имперјата, на местото на затворот на Св. Димитрија (по друга верзија – над неговиот гроб) во 313 – 323 година била изградена мала црква.

По сто години, во 412 – 413 година, илирскиот големец Леонтиј поради неговото излекување од парализа, ја изградил првата голема црква (трикорабна базилика) меѓу урнатините на античките терми и стадионот. Олтарниот дел на црквата бил сместен над наводното место на гробот на светителот и при изградбата биле откриени неговите мошти, тајно закопани таму, според житието од солунските христијани во 306 година. Од старата црква се задржани само некои архитектонски елементи и уметнички мозаик.

Според друга верзија, првата базилика посветена на Свети Димитриј Солунски била изградена во Солун дури во 5 век (постојат разлики во верзиите – во почетокот или во последната четвртина на 5 век). Оваа дата е поврзана со верзијата за зародиш на култот на Свети Димитрија во град Сирмиум (денешна Сремска Митровица во Србија), од каде неговите мошти биле пренесени во Солун или заземањето на градот од Атила во 441 година, или од Аварите во 582 година, но последноата претпоставка е оспорена од археолозите, кои ги спровеле ископувањата во базиликата.

Црквата пострадала од пожар во владеењето на царот Ираклиј I (веројатно меѓу 628 – 634 година), но бргу била обновена и проширена до петкорабна базилика. По освојувањето на Солун од страна на Османлиите во 1430 година, базиликата била оставена на христијаните. При предвањето на црквата на османлискиот султан Мурат II, според зборовите на византискиот историчар Дука, султанот пренел жртва на овен и наредил да се остави храмот во рацете на христијаните, но сите украси на храмот и гробот на Свети Димитар биле уништени од Турците, а храмот целосно ограбен.

Во 1493 година црквата била претворена во џамија. Во овој период за христијаните бил зачуван пристапот до кенотафот на Св.Димитрија, лоциран во еден помал објект во западниот дел на левиот кораб, каде што бил направен посебен влез. Тогаш фреските и мозаиците на храмот биле покриени со вар. Базиликата останала муслимански храм до 1912 година, кога во текот на Првата балканска војна, Солун станал дел од Грција. Храмот практично целосно бил опожарен во 1917 година. Реставрацијата започнала во 1926 година, кога бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад, наводно со крвта на Димитрија. Исто така започнало враќањето на фреските и мозаиците, кога била отстранета варта. Од пожарот во 1917 година настрадал и покривот. Дел од мозаиците се наоѓаат во криптата претворена во музеј.

При реставрацијата максимално се користеле старите столбови. Подот при реставрацијата бил направен од обоени камења и мермер, покривот бил направен повторно од бетон, но го задржал изгледот на безтавански дрвен покрив, карактеристичен за ранохристијанските базилики.

Рестсаврацијата завршила и на 26 октомври 1949 година било извршено ново осветување на црквата и од тој момент црквата започнала да биде активна со редовни богослужби. Влезот во базиликата и во Археолошкиот музеј во криптата е слободен. Во базиликата, освен моштите на Свети Димитрија, се чуваат и моштите на Анисија Солунска во сребрени ковчег

Во денешен Солун базиликата се наоѓа во историскиот центар, до археолошкиот комплекс на античката Агора, на пресекот на улиците “Селевкос” и “Агиос Димитриос”.

Во 2003 година во гробница, изградена на влезот во базиликата бил погребан солунскиот митрополит Пантелејмон II (Хрисофакис), со чии напори во храмот биле вратени моштите на Свети Димитрија

Грмеше спортската арена “Борис Трајковски”: Лозано приреди спектакл за пеметење (Видео)

Поп пејачот Влатко Лозаноски синоќа во спортската арена “Борис Трајковски” го одржа својот прв солистички концерт.

Преполната арена грмеше и пееше заедно со Лозано, а атмосферата беше фантастична.

Влатко ги исполни очекувањата на публиката, а неговите хитови беа заслужни за концертот кој ќе се памети долго време.

Погледнете:

Природата е најталентиран уметник: Напуштено село во Кина се претворило во вистинска туристичка атракција (Фото/Видео)

Кинеското село Хотован кое постоело на островот Шенгшан како рибарско место до 1950 година, сега е претворено во туристичка атракција.

Островот е еден од 400 мали острови лоцирани на 40 милји источно од Шангај. Од сите мали населени места на архипелагот, Хотован е единственото место кое природно се трансформирало во вистинска атракција.