дома блог страница 3419

Прилепчанец изработува ремек дела со природни материјали: Куќарки, црквички и украсни предмети кои ќе посакате да ги имате (ФОТО)

Робертино Илиоски од Прилеп од пред извесно време се занимава со една благородна работа. Со помош на природни материјали изработува украсни црквички, фотографии и икони, а сето тоа на огромно задоволство на многумина кои сакаат еден таков украс во својот двор или пак имаат желба да подарат уникатен поклон на своите сакани.

Со Робертино поразговараме од каде дојде идејата да се занимава со вакво хоби, дали прилепчани ги бараат ваквите предмети и колку лесно или тешко е да се изработи нешто олку убаво.

“Љубовта кон природните материјали ме натера слободното време да го претворам во креативно време. Така пред околу две години започнав со изработка на макети на црквичина, манастири и стари селски куќи.

Самата изработка претставува предизвик, но огромната љубов за творење на нешто ново и уникатно е најголем мотив за да се занимавам токму со ова. Во почетокот беше само хоби, но веќе со првите неколку изработки голем број на луѓе сакаа да имаат токму вакви украси за себе, па започнав со изработка и на макети по порачка”, вели Робертино.

Илиоски ни раскажа и за што најчесто луѓето ги купуваат овие уникатни украси и кои од нив се најбарани…

“Најчесто луѓето ги порачуваат за декорација на нивните градини, бидејќи навистина претставуваат убав и несекојдневен украс во сечија градина.

Времето на изработка зависи од големината на тоа што се изработува, но минимално потребно време е околу 10 дена.
Најбарани се оние предмети чијашто изработка е од камен, бидејќи каменот некако најубаво се вклопува во тој надворешен амбиент, но постојат и други варијанти каде што се комбинира со абрип, дрво, лим и слично.

Пример за таква комбинација на дрво и камен се автентичните македонски селски куќарки, кои се почесто ги бараат луѓето. Интересот е голем, а тука секако помага и фејсбукот кој претставува најдобра реклама и промоција на она што се изработува”, вели Робертино.

“Сите досегашни и идни проекти може да се видат на ФБ страната – Илиоски АТЕЉЕ декоративни рачно изработени цркви, слики и предмети.

Најново нешто што се изработува во последните 3-4 месеци се слики и икони со специјална техника, кои се изработуваат на парче дрво. Ваква изработка е многу ретка, можеби единствена во Македонија, за што сум особено горд.

Примамливата цена им дозволува на луѓето да ги порачаат за себе, но и како уникатен поклон. Во зависност од желбата сликите и иконите можат да бидат во разни димензии и модели”, додаде Илиоски.

Вистинско уживање: Прекрасната Љупка ја пее “Судбо моја” – изведба која ќе ве освои (Видео)

Младата солистка Љупка Арсовска, која е дел и од музичката група “Dacapo Band”, ja изведува македонска народна песна „Судбо моја“.

Вистинско уживање за срце и душа…

Уживајте!

“Алфа ТВ”: Гpчкитe вoeни пapaди повторно со нaвpeди кон Макeдoнцитe

Не успеа обидот на грчките власти да го забранат пеењето на песнатта „Македонија славна“ на воените паради по повод Денот на независноста во Грција – oбјави “Алфа ТВ”.

На снимките кои се шират на сопцијалните мрежи се слуша како воениот оркестар на плоштадот Синтагма во Атина ја свири оваа песна – посветена на Александар Велики, кој ги протерал варварите и во контекст на спорот за името, грчките националисти овие стихови за варварите честопати ги упатуваат кон Република Македонија. На централната прослава, непознато лице се обиде да го пробие полицискиот кордон и да го нападне грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, но беше спречен од полицијата.

Во Солун пак, граѓаните во еден глас ги пеат стиховите на песната „Македонија славна“, а слоганот „Македонија е Грчка“ повеќепати се слушнал од насобраната толпа. Таму, веднаш по маршот се одржал и протест на грчки националисти против Договорот од Преспа. Како што пренесуваат грчките медиуми, судир помеѓу група граѓани и полицијата имало и на маршот во Калитеа.

Целосниот прилог на “Алфа ТВ”, погледнете го ТУКА

Арсовски: Бизнисот со мapиxуaнa врти-сучи пак се поврзува со премиерот Заев

Со секој изминат ден на власт богатството и бизнисите на блиските на Зоран Заев односно кланот Заеви енормно се зголемуваат. Граѓаните на Република Македонија осиромашуваат, а фамилијата Заеви континуирано се богатат а тоа на сметка на граѓаните и државните бизнис интереси, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бизнисот со мapиxуaнa врти-сучи пак се поврзува со премиерот Заев. Имено, според последните информации во јавноста и оние кои што се проширија во медиумите, фирма во која косопственик е лице со исто име и презиме како адвокатот на Зоран Заев, добила лиценца за одгледување на канабис односно марихуана. Фирмата Канабис ОНЕ Доо Струмица добила лиценца од министерството за Здравство по претходно добиена согласност од Владата. Оттука е крајно сомнително и скандалозно како може Владата кај што е премиер Заев да даде лиценца за вносен бизнис на фирма кај што лицето Ване Андреев, со идентитет како адвокат на Зоран Заев фигурира. Дали ова лице Ване Андреев е адвокатот на Заев кој сега ќе произведува мapиxуaнa и ќе заработува милиони? Дали Заев и во овој случај не гледа никаков судир на интереси како во случајот кога во бизнисот со марихуана влезе и семејната фирма на неговиот братучед Трајче Заев?, прашува Арсовски.

Тој додава дека да биде уште поскандалозно медиумите пишуваа, а никој не демантираше дека извесна Сара Еленова, монахиња во епархијата на митрополитот Наум инаку кој важи кај граѓаните за близок пријател до Заев е еден од косопствениците и партнерите во фирмата Канабис Оне Доо Струмица. Дали и црквата влезе во бизнисот со марихуана? Дали митрополитот Наум кој самиот Заев го нарекува свој духовен отец влегол во одгледување на марихуана? Ако е ова точно, тогаш дали Црквата наместо со духовноста и верата ќе почне да одгледува марихуана? Дали, ако сето ова е точно, добиваме уште една потврда дека во Струмица перфектно продолжува да функционира бизнисот по моделот едно евро за Вицето, едно евро за Црквата? Во тој случај Господ нека им помогне на граѓаните кој што се борат секој ден да врзат крај со крај.

-Овој скандал е огромен. Тој е спротивен и на Божјите и на земните закони и со ова сериозно треба да се позанимава Обвинителството ако има барем грам интегритет и професионалност. Зарем за нив не е скандалозно адвокатот на премиерот да добие лиценца за милионски бизнис, а патем во тоа да е вмешана и Струмичката Епархија истата онаа од серијалот епизоди со едно Евро за Црквата. Јавноста и граѓаните гледаат со каква криминогена и корумпирана власт си имаат работа. Ова мора да престане час поскоро. Почетокот на крајот на овој криминален картел на власт се претстојните избори кога народот ќе ги казни за сите матни бизниси кои ги прават а кои имаат единствено за цел лично богатење на власта на Зоран Заев, фамилијата Заеви и нивните блиски луѓе односно бизнис партнери, вели Арсовски.

Костадинов: Со оваа власт платите растат невработеноста се намалува (Видео)

Прес конференција на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Во продолжение интегрален текст и видео од одржната прес конференција:

Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија се пет клучни економски параметри.

1. Под еден е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година.

2. Освен растот на еконономијата, во 2018 обезбеден е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.

3. Трет важен економски параметар кој оди во добра насока: индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години (5.4%).

4. Најголем раст на просечната плата од 8.1% во декември 2018 година (25.784 денари).

5. Платите растат а невработеноста се намалува, на историски најниски под 20%. За неполни две години бројот на вработените е зголемен, отворени се над 26 илјади работни места.

Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока.

Полноправното членство во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст, а тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава.

Накусо, напредокот во евро-атланските интеграции носи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инвестиции, нови и добро платени работи места, подобар животен стандард.

Растот на економијата носи бројни придобивки за граѓаните, отвора шанса за сите и затоа е важно напредокот да продолжи.

(Видео)АНТОНИА ГИГОВСКА И ПPKОCИ НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ: Жирито ѝ се поклони по настапот

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска и овој петок на сцената на музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“, направи вистинска гужва. Овој пат таа се одлучи за песната „11“, која во оригинал ја изведува Марија Шерифовиќ како евровизиска победничка.

За време на целиот настап жирито аплаудираше и се воодушевуваше, а на крајот некои членови од жирито дури и се поклонија. „Мислам дека Марија Шерифовиќ, која секогаш за себе говори дека е најдобра пејачка што е и точно, ќе биде горда кога ќе те слушне тебе, кога ќе ја слушне изведбата на оваа песна“ – искоментира Кристина Кија Коцкар.

Гледајте го настапот:

Прилепчани на трибините порачаа “Никогаш Северна”, а среде Љубљана направија вистинска еуфорија (Видео)

Повеќемина прилепчани синоќа го проследија вториот квалификациски натпревар за Европското првенство, помеѓу Словенија и Македонија, кој се одигра на стадионот “Стожице” во Љубљана.

Македонија успеа да се избори за нерешен резултат и со 4 освоени бодови во првите два натпревари покажа дека располага со квалитет и искуство.

Навивачите од Прилеп пред натпреварот направија вистинска еуфорија во престолнината на Словенија.

Погледнете:

“Мети со класнето” oригинална еко акција на професорка од Битола: Направија вистинско чудо во интерес на сите граѓани (Фото галерија)

Професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска, заедно со дечките од нејзиниот клас во средното медицинско училиште “Јован Калаузи” oд Битола и повеќемина други млади и професори кои доброволно се пријавиле на повикот, вчера направија еко акција во која го чистеа просторот позади новиот пазар во Битола. Акцијата повеќе од успешна, а мисијата хумана и од корист за сите граѓани. Ваквите акции треба да бидат мотив за сите вработени во просветно-образовниот систем, но и за сите оние кои без грам совест ја загадуваат околината во која живеат. Од нас за дечките, професорката и сите ангажирани чиста петка, со надеж дека ќе го предизвикаат вниманието на нивните колеги и врсници насекаде низ Македонија.

Професорката оригинална и во името на акцијата, која беше насловена како “Мети со класнето”.

„Се собравме околу 60 луѓе. Winners!!!!! Не ми се веруваше искрено, сите со максимум мотивација за работа. Исчистивме голем дел од ѓубрето. Втора 6 на ниво на задачата. Имавме родители на децата, имавме луѓе кои го виделе повикот и сакаа да помогнат. Имаше случајни минувачи кои се приклучија и такви кои не гледаа како да сме вонземјани. Дојдоа од правен факултет, од другите класови каде што предавам, од Геосфера, класниот Мите со цел еден клас од горната гимназија, од млади хуманисти, од театар итн. Од нас за нас. “, напиша на Фејсбук професорката Марија-Магдалена Петковска Микаровска.

Професорката пишува дека по објавата за чистење се приклучиле и други граѓани, а пишува и дека од својата плата издвоила средства за да купат вреќи и нараквици за чистење на депонијата.

Секоја чест, немаме зборови со кои можеме доволно да ги пофалиме!

Во Прилеп се одржа обука за македонисти насловена како „Попреченоста е прашање на перцепција“

Во саботата на 23.3.2019 во простоиите на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп се одржа обука „Попреченоста е прашање на перцепција“. Оваа обука е дел од серијата обуки и работилници од страна на Асоцијацијата „Ластовица“ во рамките на проектот „И ние сме тука“.

Имено проектот „И ние сме тука“ е дел од кампањата „Попреченоста е прашање на перцепција“ – реализирана од Институтот за медиуми и различности (МДИ) во партнерство со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ).

На обуката се согледаа потешкотиите со кои се соочуваат наставниците по македонски јазик при реализација на наставните програми во паралелки каде што има инклузирани ученици.

Самите наставници беа охрабрени и поттикнати со идеи и насоки како да се соочуваат со предизвиците во училница, но истовремено беа сензибилизирани за правото на тие ученици да се дел од наставниот процес и силната потреба да бидат поддржани во процесот на социјализација во рамките на редовната паралелка.

Наставниците имаа можност да адаптираат наставни содржини според претходно дадени случаи на ученици со потешкотии или со посебни образовни потреби. Им беа споделени линкови до интернет страници каде што можат да најдат повеќе информации и добија материјали (брошури) подготвени од дефектологот Светлана Миоковиќ – Томеска, во кои имаа детални информации кои ќе им го олеснат наставниот процес.

Брутален натпревар во шaмapaњe: Рускиот Хулк ги нokaутиpaшe сите противници (ВИДЕО)

Минатиот викенд во русиот град Краснојарск одржано е бизарно натпреварување во шлаканици. Победува оној кој подолго ќе издржи на нозе. Притоа на натпреварувачите не им е дозволено да го блокираат ударот од противникот или да се тргнат од шамарот.

Видео снимка на руската телевизија НТВ прикажа еден таков „дуел“ помеѓу крупен брадест маж и неговиот противник со послаба градба.

Се чини дека брадестиот натпреварувач не го ни почувствува ударот од противникот, за потоа практично да го нокаутира.

Победник е Василиј Камотски кој доби награда од 30.000 рубли, отприлика околу 400 евра.

Извор: “Прессинг ТВ”