дома блог страница 3382

Откриено колку изнесува платата и имотот на рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин минатата година заработил 135.000 долари, што е за околу 20.000 долари помалку од 2017 година, се наведува во неговата даночна пријава објавена на сајтот на Кремљ.

Просечниот месечен приход на рускиот претседател во 2018 година бил 11.200 долари. Во пријавата се наведува дека имотот на Путин не се променил минатата година. Тој поседува стан од 77 квадратни метри и гаража од 18.

Исто така користи и стан со површина од 153 метри квадратни и паркинг место од 18 метри квадратни. Целиот имот кој Путин го пријавил е во Русија. Тој е сопственик на два стари модели на автомобили “Волга GAZ M21” како и теренско возило Лада Нива и камп-приколка.

На сајтот на руската влада објавена е и даночната пријава на премиерот Дмитриј Медведев која покажува дека тој во 2018 година заработил 153.975 долари, што е за 16 проценти повеќе од 2017 година.

“Инфомакс”: Не сакал да гласа за “Северна” – Синовите на градоначалникот на Радовиш го пpeтепале

Извесен Сашко Аврамовси на својот Фејсбук профил објави ckaндалозно тврдење дека синовите на градоначалникот на Радовиш од редовите на СДСМ Герасим Конзулов, пишува порталот Инфомакс.

-Радовиш синовинате на градоначалникот го пpeтепуваат овој човек, бидејќи не сакал да гласа за Северна (овој човек е со мал инвaлидитeт на ногата), пишува Аврамовски.

Извор: infomax.mk

Анкети од дебатата на МТВ: Силјановска убедливо го доби дуелот со Пендаровски

Професорката Гордана Силјановска убедливо го добила вечерашниот телевизиски дуел на Македонската Радио Телевизија со Стево Пендаровски во рамките на кампањата за избор на Претседател на Република Македонија, покажуваат анкетите на социјалните мрежи.

(Ексклузивно видео) “ВМРО-ДПМНЕ со митинг за кој што ќе се зборува долго време: Победничка атмосфера на секој чекор”

ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” вечерва одржаа голем народен митинг во Прилеп.

Пред големиот број прилепчани се обрати кандидатката за претседател на државата, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова и лидерот на партијата Проф. Д-р Христијан Мицкоски.

Ова е дел од атмосферата:

(Во живо) ГОЛЕМ НАРОДЕН МИТИНГ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ПРИЛЕП (Фото галерија)

Пред малку започна големиот митинг на ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата во Прилеп.

Се очекува пред големиот број прилепчани да се обрати лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и кандидатката за Претседател на државата, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова.

Машката одбојкарска екипа од ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп се пласираше на Државното првенство (Видео)

Машката екипа од ООУ “Кочо Рацин” од Прилеп, успеа да се пласира на Државното првенство во одбојка.

Момците од ова прилепско училиште важат за доста квалитетна екипа, па очекувањата се од Државното првенство да се вратат со голем успех.

Екипата ја предводи наставникот по физичко образование, Петре Крагуевски.

Да потсетиме дека од ова училиште, на Државно првенство се пласираше и женската ракометна екипа.

Голем хуманитарен концерт во вторник во Прилеп: Да бидеме хумани и да помогнеме од срце!

Во вторник (16.04.2019), со почеток од 20:00 часот, во Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп, ќе се одржи хуманитарен концерт, а собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозено семејство.

На сцената во домот на културата ќе настапат: Димитар Андоновски и Тајфата, The Hounds, Елена Хаџи Спироска, Евгенија Кузманоска, Марија Ристеска и Ангел Ѓорѓиоски.

Цената на билетите изнесува 60 денари.

Програмата Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот Крст на Р. Македонија.

Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностие на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека пак за некои помошта е долгорочна.

Мисајловски: Со проекти и дела се сака Република Македонија! Пристигна првата од 4 електро-локомотиви (Фото)

Се завршува проектот за обнова на железничкиот возен парк кој го започна ВМРО-ДПМНЕ, напиша екс министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

“Денес пристигна првата од вкупно 4 електро-локомотиви кои се дел од проектот за обнова на железничкиот возен парк кој го започна ВМРО-ДПМНЕ.

Со набавката на овие локомотиви се завршува проектот со кој се набавија и 6 патнички возови, 150 товарни вагони и се изврши целосно реновирање на депото за одржување во МЖ ТРАНСПОРТ АД.

Со проекти и дела се сака Република Македонија!!!”, напиша Мисајловски на Фејсбук.

“Грандиозен мегапроект на битолската градоначалничка? Набави помошно црево?”

Продолжуваат мега проектите во општина Битола

По неодамнешниот пожар кој ја зафати околината на селото Ротино, а се закануваше да се прошири и кон боровата шума во Националниот Парк „Пелистер“, превентивно е обезбедено црево (PE100-da110 , L=200 m) за дотур на вода во селото, кое ќе биде приклучено на каптажа до селската чешма.

За време на пожарот кој избувна на 26 март годинава, градоначалничката Наташа Петровска веднаш излезе на терен и разговараше со месното население, по што се бараше решение повеќе за превенција од вакви немили настани.

Во таа насока е обезбедено и ова црево од страна на Општина Битола, во соработка со ЈКП „Водовод“.

Главната намена на ова црево е дотур на свежа и питка вода за населението и посетителите, а истовремено се обезбедува и заштита од пожари.

Извор: “www.bitola.gov.mk”

Oткaкo “никнaa” липи, зaпoчнa “acфaлтиpaњeтo” на улицитe во Прилеп (Фото)

Откако липи “никнаа” во кратерите низ прилепските улици, општината одлучи да интервенира и да ги асфалтира ударните дупки низ градот.

За да се спречи пошумувањето на улиците, општината реши да ги наполни дупките со тампон и еднаш засекогаш да го совлада овој горлив проблем за прилепчани.