дома блог страница 3381

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Со почеток во 19 часот, пред Владата на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг.

На истиот се очекува да се обратат лидерот на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Митингот можете да го следите во живо, на линкот во продолжение:

Одговорот е „Александар Велики“, но погледнете го прашањето! (ВИДЕО)

Во британско детско квиз шоу, кое било неодамна било прикажувано во Швајцарија, се поставува и ова прашање.

Одговорот е „Александар Велики“, но прашањето гласи:

„Како се викал македонскиот крал и лидер на Грците“?

(Видео) Мистерија во САД: Луѓето забележаа нешто чудно во снегот

Оваа недела силно снежно невреме погоди делови од Америка, а во Минесота граѓаните забележаа нешто чудно во снегот.

Снегот кој паѓал на ова подрачје имал црвенкаста боја. Крис О’Брајан, метеорологот на американската национална метеоролошка служба вели дека тоа е поради честици кои ветрот ги донел од Тексас.

Видео: “Еве како еуфорично беше пречекан Мицкоски во Прилеп”

ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Прилеп одржа голем народен митинг пред преполн плоштад. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски беше дочекан громогласно од прилепчани.

Toj порача дека доаѓа крајот на владеењето на СДСМ и многу скоро после поразот на претседателските избори ќе има предвремени парламентарни избори, а народот ќе ја казни власта и ќе ја испрати на црната страна од политичката историја на Македонија.

Погледнете каков дочек му приредија прилепчани на Мицкоски кога тој застана на сцената:

HEВЕРОЈАTHАТА MOЌ НА ЦРКВАТА СВЕТА ПЕТКА: „Стариот нoж од црквата ми пoмoгна да poдам“!

Пред повеќе од дваесеттина години една млада невеста од Преспа, имала пpoблематична бpeменост. Го изгyбилa бебето.
Сонувала сон да го зeмe стариот нo ж од црквата Света Петка од Брајчино и цела година да го држи под својата перница. Направила така. Poдила од Бога дарувана прекрасна ќерка.

Луѓето кои се грижат за оваа манастирска црква, нe caкале ништо да кажат за нoжoт, но признале дека и другу луѓе по сон дошле да баpaат лek тука.

Друга, невеpoјатно чyднa paбота е што извopот на лekовита вода која е веднаш до манастирчето цела година е пpeсушен, само малку пpoтекува на седми август, вечерта спроти празникот, и на осми август кога се слави празникот на манастирот, повторно ceкнува.

Манастирот посветен на Света Петка, во непосредна близина над селото Брајчно, е еден од позначајните cпoменици на поствизантискиот период од преспанскиот крај.

Извор: “Инфомакс”

ФОТО: Најдебелото момче на светот ослабна 82 килограми, а вака изгледа денес

Момче по име Ариа Пермана беше толку тежок што едвај можеше да стане од кревет.

12- годишникот од Западна Јава, минатата година е прогласен за најдебело дете во светот изгуби неверојатни 82 килограми, а претходно имаше 192 килограми, пишува „Њујорк пост“.

Момчето во 2017 било на операција каде му е намалена тешината, а сега лекари и нутриционисти го надгледуваат и е на строга диета.

Сега тој може да излезе надвор и да игра со другарите.

Со операцијата му е намеален желудникот и нема толкава желба за храна па драстично ослабел, а сега изгледа вака:

Мицкоски со повик до граѓаните: Денеска на голем митинг во Скопје во 19 часот- За Македонија!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на митинг пред Владата, денеска во 19 часот.

-Ве повикувам денеска на големиот митинг во Скопје, пред Влада на Република Македонија во 19:00 часот. За правда!
За татковината!
За да изгрее зората!
За Македонија!

Видео кое ќе ве растопи: Девојче со Даунов синдром и` ја украде славата на атрактивната хрватска пејачка

На саем за венчавки во Босна и Херцеговина, каде настапуваше славната хрватска пејачка Жанамари Перчиќ, девојче со Даунов синдром целосно и` ја украде славата.

Девојчето и` го зема микрофонот и почна да пее и да игра заедно со атрактивната Жанамари на сцената.

Публиката беше воодушевена и постојасно аплаудираше за време на настапот на ова преслатко девојче.

Погледнете го видеото кое ќе ве растопи.

Целосниот говор на Професорката Гордана Силјановска Давкова пред прилепчани (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа голем народен митинг во Прилеп, а пред прилепчани се обратија кандидатката за претседател на државата Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова и лидерот на партијата Проф. Д-р Христијан Мицкоски.

Професорката одржа 30-минутен говор пред големиот број прилепчани.

“Непотизмот и партиските вработување се проблем. Нам ни требаат во администрацијата да работат најдобрите. Младите во Македонија. Но што велат тие? До пред неколку месеци 58% сакаат да заминат, сега процентите се уште пострашни. Животот и иднината не ги гледаат овде. По секоја цена сакаат да си одат. Ако најдобрите бидат на најдобрите функции тогаш има место за нив во Македонија. Корупцијата е закана за суверена Македонија. Правото мора да преовладее!”, напиша Силјановска Давкова на Фејсбук.

Денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и краткотрајно засилен ветер особено попладне. Наместа процесите ќе се поинтензивни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 10, а максималната од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладне со повремен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до осум степени, а максималната ќе достигне 19 степени. Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.