Мисајловски: Со проекти и дела се сака Република Македонија! Пристигна првата од 4 електро-локомотиви (Фото)

Се завршува проектот за обнова на железничкиот возен парк кој го започна ВМРО-ДПМНЕ, напиша екс министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

“Денес пристигна првата од вкупно 4 електро-локомотиви кои се дел од проектот за обнова на железничкиот возен парк кој го започна ВМРО-ДПМНЕ.

Со набавката на овие локомотиви се завршува проектот со кој се набавија и 6 патнички возови, 150 товарни вагони и се изврши целосно реновирање на депото за одржување во МЖ ТРАНСПОРТ АД.

Со проекти и дела се сака Република Македонија!!!”, напиша Мисајловски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.