Откриено колку изнесува платата и имотот на рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин минатата година заработил 135.000 долари, што е за околу 20.000 долари помалку од 2017 година, се наведува во неговата даночна пријава објавена на сајтот на Кремљ.

Просечниот месечен приход на рускиот претседател во 2018 година бил 11.200 долари. Во пријавата се наведува дека имотот на Путин не се променил минатата година. Тој поседува стан од 77 квадратни метри и гаража од 18.

Исто така користи и стан со површина од 153 метри квадратни и паркинг место од 18 метри квадратни. Целиот имот кој Путин го пријавил е во Русија. Тој е сопственик на два стари модели на автомобили “Волга GAZ M21” како и теренско возило Лада Нива и камп-приколка.

На сајтот на руската влада објавена е и даночната пријава на премиерот Дмитриј Медведев која покажува дека тој во 2018 година заработил 153.975 долари, што е за 16 проценти повеќе од 2017 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.