дома блог страница 3383

Паниka во Србија! Мечка избега од циркус: Ја бараат веќе два дена

Полицијата во Крагуевац веќе два дена го пребарува градот и околината барајќи ја мечката која избега од циркусот.

Според информациите од граѓаните, мечката за последен пат е видена во Шумарица, но потрагата до сега нема резултат.

Циркусот се наоѓа покрај езерото Хале и од неодамна гостува во главниот град на Шумадија.

(Видео)ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ГИ ПОКАЖА СВОИТЕ СПОСОБНОСТИ ЗА ИГРАЊЕ “РОКЕНРОЛ„

Кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, играше рокенрол во емисијата „Еден на еден“, која треба да се емитува оваа недела во 18.30 часот на Канал 5.

Кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска ќе ги покаже своите способности за играње „РОКЕНРОЛ„ во емисијата „Еден на еден“ со Жарко Димитриовски.

Покрај Силјановска ќе гостува и кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.

-Ќе ја гурам државата напред, човек што има „југо“ навикнат е да гура – вели Пендаровски доколку стане претседател.

Силјановска не крие дека кога била дете нејзина најголема страст биле ролшулите, па била и првенка во нивно возење во Скопје.

Со години Гордана е вегетаријанка, а како што можеме да забележиме практикува и јога во секојдневниот живот.

Во емисијата со Жаре таа ќе изјави дека -Благодарение на „Јога со Гога“ секој ќе има добра нога.

Не крие дека е голем љубител на музика, посебно рокенрол, која во недела во 18:30 часот на Канал 5, ќе можеме да ги видиме нејзините способности за играње. Во слободно време сака да слуша музика.

Со нејзиниот сопруг Благоја е во брак повеќе од 30 години. Тој е правник, но сега во пензија. Имаат две деца, ќерка Марија и син Павле, кои исто така се правници.

Гордана Силјановска е жена, мајка, професор, боpец за владеење на правото.

Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна

Апликацијата Вибер воведе нова услуга – „Вибер локален број“, што ќе биде посебно корисна за оние кои често патуваат.

Опцијата овозможува корисникот да избере локален телефонски број во земјата на престој и преку него да прима неограничен број телефонски повици и пораки по локални цени.

Услугата засега е достапна само во САД, Канада и Велика Британија, односно на луѓето што ќе престојуваат во овие земји.

Компаниите кои работат на меѓународниот пазар, со таа услуга ќе можат да комуницираат со клиентите без трошоци за роаминг.

За првите 10.000 нови претплатници Вибер нуди промотивна цена од 1,99 евра месечно, додека стандардната претплата ќе изнесува 4,99 евра месечно.

Зимата пристигна! Заработи на “Игра на тронови”!

Ноќната стража е разнишана, Вестерос го тресат внатрешни судири, а Ноќниот Крал има страшна армија покрај себе засилена со змеј, тргнат во поход со само една цел: да заледи сѐ од Винтерленд до Дорн.

Финалната сезона никогаш не била толку очекувана како што е во случајот на серијата Игра на тронови. Каналот HBO премиерно ќе ја емитува првата епизода од осмата сезона во недела (15 април) во 03:00 часот по македонско време, а за сите фанови на оваа мегапопуларна серија обложувалницата Mozzart подготви вистинско изненадување. Во Mozzart можете да типувате за тоа кој ќе седи на тронот, односно кој ќе владее со Вестерос, како и кој од вашите омилени ликови ќе преживее на крајот од серијалот!

Изненадувачки или не, според букмејкерите најголеми шанси на крајот од серијалот да седи на престолот има Брен Старк. Квотата за него е 2,00 што би значело дека ако вложите 1,000 денари и погодите, ќе добиете 2,000 денари.

Од 2017 година, кога е емитуван претпоследниот серијал, сведоци сме како интернетот е преплавен со многу претпоставки и многу тврдења околу тоа кој ќе владее со тронот на база на инсајдерски информации, но сето тоа е многу тешко да се предвиди, знаејќи колку вешто челниците на HBO  досега го криеја сценариото и од самите актери.

Квотите не мора ништо да значат, особено во овој случај. На средина од серијалот кога Северот го доби својот крал, сигурно би се обложиле дека Роб Старк ќе биде владетел на Вестерос. А потоа како што знаете, крвавата вечера во режија на Фреј и Болтон. И така еден по друг омилените ликови од Игра на тронови ги губеа животите, наспроти сите очекувања, причина поради која оваа серија е уште попопуларна.

Освен Брен Старк, меѓу најголемите фаворити за Тронот се и Џон Сноу (квота 4.30), Санса Старк (4.30), Џендри (6.00), Тирион Ланистер (10), Даенерис Таргеријан (10), Ариа Старк (12), а доколку верувате дека серијата нема да има среќен крај и дека со Вестерос ќе завладее Ноќниот Крал, квотата за тој расплет е 12.  Најголема квота, 100 е на Едисон Толет, Џора Мормонт и Лијана Мормонт. Знаејќи го досегашното сценарио, големите квоти не би смееле да ве плашат. Напротив…

Букмејкерите се убедени дека крајот на серијалот нема да го дочекаат Грегор Клигејн Планината, Јурон Грејџој, Едисон Толет и омразената Серси Ланистер. На Планината квотата дека нема да преживее е дури 1.01, а дека ќе преживее 10.50, многу сличен е односот на коефициентите и кај другите споменати.

Што мислите Вие? Сите квоти на MOZZART за Игра на тронови може да ги погледнете ОВДЕ. Креирајте Брз тикет и посетете го вашето најблиско Mozzart уплатно место.

Европски гигант нуди 20 милиони евра за македонското момче

Продолжуваат шпекулациите кои го поврзуваат Елиф Елмас со заминување од Фенербахче и трансфер во голем европски клуб. Турците сега тврдат дека Тотенхем нуди фантастични 20 милиони евра за да го добие Елмас.

Фенербахче се наоѓа во незавидна ситуација, игра лоша сезона и има големи долгови. Поради тоа ќе треба да се ослободи од дел од своите најдобри фудбалери.

Елиф Елмас веројатно има највисока цена од актуелниот состав на Фенербахче, па голема веројатност е тој да биде продаден за најголемата сума која ќе пристигне на адреса на турскиот клуб.

Досега повеќе гиганти се поврзуваа со Елмас, кој имаше посебно импресивен настап за македонската репрезентација против Летонија кога даде два гола.

ЗА СИТЕ МАЈКИ: Чувајте се поради децата, никој нема да ги сака како вас!

Чувајте го вашето здравје. Стресот, брзата исхрана, физичката неактивност порано или подоцна ќе си го земат својот данок. Најдете време за себе, за одмор, за релаксација, за шопинг, за пријателките, за прошетка… Ако вие не се грижите за себе, никој друг нема да го направи тоа за вас.

Чувајте ги вашите нерви. Грижите и проблемите ќе ви ја разјадат душата и нема да можете да се носите со своите секојдневни обврски и задачи. Не дозволувајте да трошите од вашите скапоцени неврони за некои ситници кои утре сигурно нема да бидат ни важни. Се ќе се реши и се ќе си дојде на свое место само вашите нерви не се обновуваат а ќе ви бидат секогаш потребни.

Чувајте се од лоши мисли. Лошите мисли и негативните размислувања може само да ве доведат до депресија која лошо ќе се одрази на вас и на вашето семејство. Лошите мисли се почеток на разни болести кои само ќе го загрозат вашиот живот. Лошите мисли создаваат лоши вибрации и ситуации а нивната последица е лош живот.

Чувајте се од негативни емоции. Ако сте емотивна личност која ги доживува сите настани, промени и ситуации на чувствителен начин, тогаш посебно внимавајте да не завладеат со вас никакви негативни емоции. Понекогаш емоциите управуваат со нашиот ум и разум и може само да донесеме погрешни заклучоци и одлуки за кои подоцна ќе зажалиме. Заменете ги негативните емоции со позитивни и последиците секогаш ќе бидат позитивни.

Чувајте се од злобни луѓе, од лоши ситуации, од премногу напорна работа, од нездрав начин на живот… ако не заради вас самите, направете го тоа поради вашите деца.

Бидејќи никој нема да ги сака како што ги сакате вие. Никој нема да им го даде тоа внимание, таа љубов, топла прегратка, пожртвувано време и целото битие. Вие можете да им го дадете целото срце и целата своја душа и тоа ќе ви биде возвратено еден ден, само ако се чувате!

(ФОТО) Жална слика од Преспанскиот регион: Плажа со јаболка

На Фејсбук страната “Земјоделци – Македонија / Zemjodelci Makedonija” oбјавена е фотографија од крајбрежјето на Преспанското езеро, каде може да се види дел од јаблоката кои земјоделците деновиве ги истураат насекаде.

Пред извесно време на истата фејсбук страна беа објавени и фотографии од купишта јаболка истурени крај патот.

Јункер повторно во елемент: Овој пат ќе ја запалеше првата дама на Руанда (Видео)

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, одново стана број еден вест во светот, откако предизвика нов скандал минатата недела.

За време на одбележувањето на геноцидот во Руанда, Јункер за малку ќе ја запалеше првата дама на оваа африканска земја, Жанет Кагаме и нејзиниот сопруг Пол Кагаме.

ВМРО-ДПМНЕ: “20:30 денеска Прилеп крева глас против двојазичноста, новото име и хаосот во градот – Митинг на плоштадот “Ченто”

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани на општина Прилеп на голем народен митинг во петок (12.04.2019), со почеток од 20:30 часот, на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”.

“Да застанеме сите зад правото и правдата во Република Македонија и да ја поддржиме Професорката Гордана Силјановска Давкова за иден Претседател на државата. Доаѓа крајот на владеењето на оваа одродена власт, а првиот чекор до победата се токму претседателските избори. Македонија ќе добие жена за Претседател!”, велат во повикот од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Moќна изведба на прилепчанката Пулексенија Јованоска на Eвропското првенство во Шпанија: Мора да се погледне (Видео)

Пулексенија Јованоска го освои петото место на Европското карате првенство за сениори во кати. Во директната пресметка за бронзениот медал загуби од Александра Ферачи од Франција.

Јованоска за помалку од еден поен загуби од Французинката, а за изведбата доби 25,46 поени (17,78 + 7,68), додека Ферачи освои 26,08 (18,34 + 7,74).

Ова е голем успех за Јованоска, што го повтори на европските шампионати.

Јованоска на шампионатот во Гвадалахара – Шпанија, во првиот круг беше прва во четвртата група, потоа трета во втората фаза и во третата фаза, кога се одлучуваше за борбите за распределба на медалите таа беше трета, a пред неа беа големата фавoритка за златниот медал Сандра Санчез од Шпанија и Дилара Елтемур.

Погледнете го нејзиниот моќен настап за бронзениот медал: