дома блог страница 331

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА: МИЛИОН И ДВЕСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ ВО АВГУСТ!

Август 2025 ќе остане запаметен како месец на рекорди! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 72.821.604 денари (околу 1.200.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни!

Среќни бројки од август:

• 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → заедно поделија 18.945.367 денари

• 22 МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 25.756.557 денари

• 2.379 МИНИ џекпот добитници → со добивки од 8.199.006 денари

Доверба изградена со години

Видеолотарија Касинос Австрија веќе повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди.

Во изминатите 11 години, на среќните играчи низ Македонија им се исплатени преку три милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.

Август покажа дека среќата секогаш е тука – на ВЛТ терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија.

Кавадарчанец лишен од слобода, возел со над 2 промили алкохол во крвта

Кавадарчанец возел со 2,04 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 1:15 часот на улица „Љубашка“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода В.М., на возраст од 41 година. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта, појаснија од МВР.

Под контрола пожарот во долненско помеѓу селата Долгаец и Стровија – после подолго време нема нови активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од нив нема ниту еден активен, под контрола се ставени пет, додека 13 пожари се изгаснати.

Како што стои во соопштението од ЦУК, под контрола се ставени пожарите во општина Долнени кај селата Долгаец и Стровија каде гори нискостеблеста вегетација, во општина Гази Баба кај депонијата Вардариште, во општина Гевгелија на планината Кожуф, во општина Македонски брод кај повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума и во општина Липково кај селото Никуштак каде што гори мешана шума.

– На ден 02/03.09.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 18 пожари на отворен простор од кои нема активни, под контрола се 5 и изгаснати се 13 пожари. Под контрола: Општина Долнени, с.Долгаец – с.Стровија (нискостеблеста вегетација); Општина Гази Баба, Депонија Вардариште (ѓубре); Општина Гевгелија на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Македонски Брод, Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Липково, с.Никуштак (мешана шума), стои во соопштението на ЦУК.

Во Битолскиот театар започнаа подготовките за претставата “Пламенка” (ФОТО)

Во НУ Народен Театар Битола, започнаа подготовките за првата премиера, во сезоната 2025/2026 година, “Пламенка” која ќе се работи според романот на битолскиот автор Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска. Претставата е во драматизација на драматургот на Битолскиот театар, Билјана Крајчевска.

Во претставата играат актерите и актерките: Катерина Аневска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска, Викторија Степановска, Марија Стефановска, Вероника Ефтимова, Валентин Дамчевски, Александар Стефановски, Александар Димитровски и Живко Борисовски.

„Пламенка“ ќе биде претстава за женската отпорност и издржливост, претстава за женскиот подвиг и хероизам.

Трогателна приказна за вистински херој, за една жена борец која ги преживеала сите војни од 1903 до 1945 година, приказна за Македонија, приказна за Пламенка.

Проектот ќе се реализира во копродукција со НУ Центар за култура Битола и Интимен театар Битола. Премиерата ќе биде на 17.октомври.

Прилеп рекордер во Македонија по независни кандидатури: Еве кој се собра потписи за кандидат за градоначалник и советник

Со 6 кандидатури за независни градоначалници и уште 3 за советници, Прилеп е рекордер во Македонија за престојните локални избори, кои ќе се одржат на 19. октомври.

Во подрачната канцеларија на ДИК во Прилеп, свои кандидатури доставиле:

1. Павлинче Матеска Печијареска
2. Љупчо Дунимаглоски
3. Рубин Најдоски
4. Борче Чупетрески
5. Ѓорѓија Игески
6. Злата Рапешоска

Додека пак за независни кандидати за Советот се кандидирале:

1. Иле Бачанов
2. Страшо Наумоски
3. Ванчо Спиркоски

Сепак, овие кандидатури треба да бидат потврдени и од Општинските изборни комисии, каде до 13. септември кандидатурите треба да се поткрепат со соодветна документација според законската регулатива.

Од друга страна од партиите, СДСМ ја кандидираше Петра Лукароска, а ВМРО-ДПМНЕ својот кандидат според најавите треба да го соопшти утре, 03.09.

Некогашниот столб на одбраната на Македонија и Мајнц од Битола станува дел од тимот на ФФМ

Николче Новески, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен капитен на германски Мајнц, станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија.

Новески е назначен за раководител на скаутинг службата, со задача да ја координира и развива стратегијата за следење и идентификување на млади таленти со македонско потекло ширум Европа и светот. Оваа активност е дел од новите приоритети на ФФМ, со цел да се прошири базата на фудбалери за сите национални селекции и да се отвори уште поголем простор за иднината на македонскиот репрезентативен фудбал.

Николче Новески кој има 64 настапи за македонската репрезентација ќе работи во координација со Горан Пандев, Ѓорги Христов и Агим Ибраими во насока на следење на фудбалерите, како и организирање на тест натпревари надвор од Македонија, каде младите ќе имаат можност да се докажат.

-Среќен сум што станувам дел од тимот на ФФМ и што ќе имам можност да придонесам за развојот на македонскиот фудбал. Верувам дека со моето искуство и долгогодишна кариера во Бундеслигата, заедно со тимот во Федерацијата, ќе изградиме силен систем на скаутинг кој ќе овозможи секој талентиран фудбалер со македонско потекло да добие шанса да се докаже. Нашата цел е да создадеме услови за напредок и за уште посилни национални селекции во иднина, вели Новески.

-Николче Новески е име кое со својот карактер и настапи е запаметен во Македонија и во германската Бундеслигата. Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе нови имиња во нашите селекции. Нашата мисија е јасна, ниеден фудбалски талент со македонско потекло да не остане незабележан. Ова е силен чекор напред во модернизацијата и професионализацијата на нашата работа, истакнува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Неофицијално! По огромни расправии СДСМ Прилеп ја скрои “драфт верзијата” за советници

Маркукуле дознава како ќе изгледа советничката листа на СДСМ за престојните локални избори во Прилеп.

Според неофицијалната верзија, носител на листата ќе биде екс директорката на Центарот за јавно здравје, Драгица Николоска, магистер дипломиран биолог по професија.

Веднаш зад неа ќе биде Марко Спиркоски од СДММ, а потоа и претседателката на Форумот на жени на СДСМ во Прилеп, Саша Лепиткова.

Според информациите, четвртото место е резервирано за веќе познато лице, актуелниот советник Александар Китаноски.

На петто место е Кети Стевананџија, па две места резервирани за коалициските партнери, а првите осум ќе ги заокружи Сенат Шабаноски.

Битолчани ќе приредат мераклиска вечер во Прилеп – Резервирајте навреме!

Над 20 години искуство во угостителство е навистина долг период, кој со себе влече добро познавање на пулсот на чаршијата и на она што им треба на прилепчани. Ресторан “ПОРТА” од Прилеп и после две децении продолжува да им го нуди на прилепчани и на сите посители во Прилеп, НАЈДОБРОТО!

На 12.09, настапува маестралниот состав од Битола – “Битолски тамбураши”, кои можеби ретко сме ги слушале во Прилеп, но сме биле чести гости на нивните настапи во градот на конзулите и низ цела Македонија.

Звучат одлично, имаат богат репертоар, a пред извесно време имаа премиера и на нивната прва авторска песна и видео спот.

Ветуваат вечер и помин за паметење за сите вљубеници во убава музика, гурманска храна и амбиент каков што само “Порта” може да понуди.

Резервирајте навреме на 078 368 111. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!

Научници тврдат дека Аспиринот го спречува ширењето на ракот

Британски научници открија зошто аспиринот, широко распространет лек против болки и треска, може да го спречи ширењето на ракот, откритие што носи нова надеж за идните третмани на оваа болест.

Истражувачки тим открил дека аспиринот им помага на клетките на имунолошкиот систем да ги уништат метастазираните клетки на ракот, кои се одговорни за 90 отсто од смртните случаи поврзани со рак. Ова откритие може да го направи аспиринот дел од стандардната терапија за рак во иднина.

Досега, научниците претпоставуваа дека антиинфламаторните својства на аспиринот се клучни за неговото дејство против ракот, но точниот биолошки механизам остана непознат, што ги спречуваше лекарите да го користат како стандарден третман.

Во новото истражување, научниците им давале мали дози аспирин на глувци со различни видови рак, вклучително рак на дојка, дебело црево и кожа. Резултатите покажале дека кај третираните глувци имало значително помалку метастази во споредба со нетретираните. Нивото на тромбоксан А2 во крвта, соединение за кое се верува дека игра клучна улога, исто така било намалено.

Истражувачите откриле дека тромбоксан А2 им помага на клетките на ракот да се „кријат“ од Т-лимфоцитите, имунолошки клетки што ги напаѓаат туморите. Аспиринот, со намалување на нивото на тромбоксан, ја укинува оваа заштита, овозможувајќи им на Т-клетките да ги пронајдат и уништат клетките на ракот пред да се прошират.

Научниците планираат да го повторат експериментот на луѓе. Доколку аспиринот покаже сличен ефект, тоа може да го трансформира пристапот кон лекувањето на ракот и да помогне во утврдувањето кои видови рак би можеле најдобро да реагираат на овој евтин третман.

Од утре попладне до петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Во Скопје, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.