дома блог страница 329

Уште само денеска можност да се пријавите! Утре во Прилеп ќе се одржи билјард турнирот “ТАБАНА ОПЕН”

Оваа сабота (06.09.) со почеток од 15:00 часот, во вашето омилено Tabana Coffee & Billiard Club, ќе се одржи големиот билијард турнир – “ТАБАНА ОПЕН” – настан што ветува вистинска спортска возбуда и дружење со љубителите на билјардот.

Награди за најдобрите

🥇 1-во место – Пехар

🥈 2-ро место – Медал

🥉 3-то место – Медал

Специјален гостин – Владимир Ѓорѓиески

Голем мотив плус за сите учесници е тоа што на турнирот ќе настапи и Владимир Ѓорѓиески, најдобриот билијард играч од Прилеп и еден од најдобрите на европско ниво. Тој на последните две Европски првенства се врати со бронзени медали, па ова е уникатна шанса да одиграте натпревар против играч кој е дел од европската билијард елита.

Правила и услови за учество

-Максимум: 16 играчи

-Дисциплина: 9-ка

-Систем: Дупла елиминација

-Финале до 6 добиени партии

-Котизација: 400 денари

Пријавување

Краен рок за пријавување: петок (05.09.) до 20:00 часот

Viber: 075/233-807 или 075/317-980

Не пропуштај ја шансата да бидеш дел од турнирот, да ги покажеш своите вештини и да се натпреваруваш со врвни играчи. Најдобрите секогаш победуваат во Tabana!

Николоски: Голем раст на градежништвото и транспортот, ја градиме Македонија

Бруто домашниот производ порасна за 3.4% во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил.

-ГОЛЕМ РАСТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО, ТРАНСПОРТОТ И СКЛАДИРАЊЕТО. Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците април, мај и јуни бруто домашниот производ порасна за 3.4% . Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, уште посилен раст од тој во првиот квартал од 7.1%, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6.0% . Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење растот во третиот квартал ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт. Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот Николоски.

The Four вечерва на Камена бина во центарот на Прилеп – Ќе свират свој трибјут на Здравко Чолиќ

Вечерва со почеток од 21:00часот на Камената бина во ценатарот на Прилеп, настапува прилепскиот бенд The Four со свој трибјут на Здравко Чолиќ. Ова е последна вечер од третата сезона на проектот “Од 0 до култура”, кој го реализира Општина Прилеп, а каде секој четврток преку летото не’ забавуваат прилепски бендови со нивни посвети на балкански и светски музички имиња.

The Four во денешниот состав работи од 2022 година, Даниел Павлоски и Теодора Зероска како вокали, Рубин Димкоски на гитара, тапанарот Филип Бурнески и Дуле Темелкоски на клавијатури. Познати се по специфичниот начин на изведба на домашните и хитовите од ex yu просторот, како и популарните светски стандарди.

Имено, звукот се базира на динамична ритмика предводена од вондредниот гитарски стил на свирење на Димкоски, следена од богатиот репертоар на удирачки елементи на тапаните, поддржани од мелодиската сигурност на клавијатурите. Вокалите на Даниел и Теодора се несекојдневно енергични за кавер бендовите.

Реакциите на оние што ги следат на настапите во нашиот град, Битола, Скопје, Крива Паланка, Крушево, Тетово, Охрид и Свети Николе, како и Врање во соседна Србија, се реакции како да биле присутни на концертна журка.

Бендот е редовно ангажиран од реномирани стопански субјекти во Македонија за збогатување на нивни прослави. Рубин Димкоски е во исто време член и на култната македонска рок група Меморија, односно ги отсвири гитарите на песните од последниот албум на бендот.

Во рамките на проектот на општина Прилеп „Од 0 до култура“, The Four ќе потсетат на вечниот сараевски шармер Здравко Чолиќ, а заедно ќе се пеат и хитовите на хрватските музички диви Јелена Розга, Нина Бадриќ, Данијела Мартиновиќ.

Совршена комбинација на добра храна и добра музика – Почеток на викендот во Brunch Box Cafe со талентираните дечки од “Алтенегро Бенд”

Вашето омилено Brunch Box Cafe, утре (петок 05.09.) ве кани на прекрасна музичка вечер, овојпат со настап на младите и талентирани момци од бендот „Алтенегро“. Почетокот е закажан за 21:00 часот, а ние ве покануваме да уживаме заедно во нивниот богат избор на песни, кои ќе ве расположат и ќе создадат вистинска атмосфера за релаксиран почеток на викендот.

Во убавата летна бавча на Brunch Box Cafe, таму каде што секогаш владее добра енергија, ќе имате можност да уживате во одлично избран репертоар на музика, секако во комбинација со вкусната храна што ја нудат. Месни и млечни даски, печени сендвичи, хамбургери, и многу други интересни комбинации и слатки задоволства за совршен избор за една вечер исполнета со дружба и уживање.

Brunch Box Cafe е местото каде што пријателите се собираат, музиката се слуша со душа, а храната е секогаш свежа и полна со вкус.

За да си обезбедите место, направете резервација на тел. бр. 078 845 442.

Не пропуштајте – тимот на Brunch Box Cafe ве очекува на уште една незаборавна вечер!

Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп-Градско, се судрија автомобил и товарно возило (ФОТО)

-На 03.09.2025 во 14:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Прилеп–Градско, кај надвозникот за с.Сирково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.С.(76) од Битола и товарно возило „ман“ со приколка со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци – информираат од МВР.

ФОТО: Музички настан во затворот Идризово, настапуваше Тони Зен

Во полуотвореното одделение на КПД Идризово беше организиран музички настан на кој настапи најпознатиот балкански хип-хоп артист Тони Зен.

Од Управата за извршување на санкции информираа дека настанот се одржал во вторникот.

-Настапуваа и осудени лица кои издржуваат казна затвор во оваа установа, додаваат од Управата.

Летото уште трае, а најдобрата тераса во Прилеп викендов ви закажува ново одлично дружење и забава

Најдобрата тераса во Прилеп – Pub Club Terasa оваа сабота ве кани на ново супер уживање.

Во неповторливиот амбиент и атмосфера каков што нуди само Pub Club Terasa, ќе настапи одличниот дует од Прилеп.

Боби и Никола во изминатиот период станаа препознатливи и омилени и кај помладите и кај повозрасните. Без нив не може да се замисли ноќниот живот и случувањата во Прилеп.

Очекувајте вечер исполнета со одлична музика и позитивна енергија! Како и секогаш, тимот на Pub Club Terasa ве очекува со огромен избор на закуски и мезлаци, над 30 видови на пиво и секакви освежителни пијалоци.

Ваше е да соберете убава екипа, да резервирате навреме на телефонскиот број:

070-304-967

Наздравје!

Нико Чонески е идниот градоначалник на Крушево

Фото/printscreen/dw.com/mk

Бизнисмен, фамилијарен човек и долгогодишен партиски активист – тоа е Нико Чонески. Неговата посветеност и искуство се видливи во секоја улога што ја имал досега: Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Претседател на Советот на Општина Крушево и многу други позиции кои го потврдуваат како лидер со визија и интегритет.

Синоќа ИК на ВМРО-ДПМНЕ објави уште 16 кандидатури за градоначалници за престојните локални избори, а меѓу нив за Крушево се најде и Чонески, одлука на партијата која позитивно одекна во цело Крушево.

Крушевчани веруваат дека со неговата посветеност и љубов кон родниот крај, Крушево конечно ќе го заземе своето вистинско место – како град на културата, туризмот и гордите традиции, но и како модерен центар на нови можности.

Досега докажан како успешен лидер и човек кој секогаш го става Крушево на прво место, Нико е личноста што може да донесе промени, развој и нова енергија.

По кандидатурата, Чонески на социјалните мрежи напиша:

“Mожам да ветам само едно – тоа е секојдневна борба, за славните денови на Крушево да не останат само во историјата, туку допрва да ги проживееме ние и нашите следбеници”.

Денес, повеќе од било кога, на Крушево му е потребен човек со јасна цел, силна волја и љубов кон родниот град, а веруваме дека со изборот на Чонески за градоначалник, највисокиот град на Балканот ќе добие еден нов развој и ќе стане туристички центар кој ќе придонесува за цела Македонија.

Koнцерт на “ФОЛТИН” на летната сцена во “Марко Цепенков”

Во сабота, 06. септември, со почеток од 21:30ч. на летната сцена во Центарот за култура “Марко Цепенков”, концерт ќе одржи групата “ФОЛТИН”.

Влезниците по цена од 300 денари ќе се продаваат на билетарницата од Центарот до петок (5. септември) од 10 до 13.00 часот и сабота (6 септември) од 12 до 14 часот и два часа пред почетокот на концертот.

Прво сослужување на Архиепископот Стефан со поглаварот на Православната Црква во Америка

Фото/литургија.мк

Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, пренесува Литургија.мк.

На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. Молитвено присуствуваше и Митрополитот Американско-канадски г. Методиј.

Во текот на литургијата, Митрополитот Тихон за првпат го спомна Архиепископот Стефан во диптихот на поглаварите на православните цркви – со што и литургиски беше потврдено признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Православната Црква во Америка.

На овој настан присуствуваа бројни македонски свештеници и верници од САД и Канада.

По светата литургија беше приреден свечен прием во македонската амбасада во Вашингтон и средба со амбасадорот Зоран Попов.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по неколкудневниот престој во САД на покана од Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, по повод одбележувањето на 60 годишнината од осветувањето на храмовите во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо, ќе замине за Канада каде што ќе присусутвува на чествувањата по повод јубилејот на црковната општина „Свети Климент“ во Торонто, Онтарио.