дома блог страница 328

„Траг“ – изложбата од прилепските уметници Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски во КИЦ во Софија, Бугарија

Во КИЦ во Софија, Бугарија, утревечер – сабота 24 мај 2025 од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата „Траг“ од македонските уметници Стефан Анчевски (Куманово) и Марјан Стојаноски ( Прилеп).

************************************************************************

„Траг“ е апстрактно истражување на длабочината и сложеноста преку динамичната интеракција на црните бои и сложените линии. Користејќи техники на комбинирани медиуми, овој проект навлегува во емоционалната резонанца на темнината, користејќи различни текстури и материјали за да создаде визуелно впечатливо искуство.

Слоевите на боја служат како платно за сенки кои се испреплетуваат, создавајќи ритмички дијалог низ површината. Секоја линија, прецизно поставена, го отсликува начинот на кој сенките можат да се протегаат и собираат, откривајќи ги контурите на постоењето под површината. Употребата на разновидни текстури додава длабочина, охрабрувајќи ги гледачите да го искусат уметничкото дело не само визуелно, туку и тактилно, бидејќи ја разгледуваат интеракцијата помеѓу присуството и отсуството и да се вклучат во уметничкото дело, поттикнувајќи интроспекција и повикувајќи ги толкувањата на скриените наративи. Композицијата доловува чувство на движење и флуидност, со контрастни нијанси на бојата кои откриваат суптилни варијации и длабочина. Проектот има за цел да предизвикам моќна врска помеѓу гледачот и невидените слоеви на човечкото искуство, предизвикувајќи ги перцепциите за темнината како само отсуство на светлина.

„Траг“ е ликовна изложба која ве поканува да ја истражите меѓусебната игра на линии, форми и медиуми преку разновидна низа апстрактни уметнички дела и видео инсталации. Оваа изложба ги прикажува иновативните пристапи на современите уметници кои го користат концептот на „траг“ и како тема и како техника, охрабрувајќи ги гледачите да размислуваат за белезите што ги оставаме зад нас.

******************************

Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои 11 самостојни изложби, учествува на преку 150 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022), ДЛУМ (2023) и ДЛУП (2024). Неговата уметничка позадина вклучува голем број форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, скулптури, предмети, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видео уметност. Живее и работи во Куманово. Во 2014 г. и 2023 г. добитник е на прва награда „TrashForArt“ и прва награда „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 г. – COE – Национална галерија Мала Станица – Скопје.

Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски” во Скопје. После завршување на средно образование, се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди, каде што под неговото менторство го завршува факултетот. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде што во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул” од друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и групни изложби. Живее во Прилеп, каде што и работи во Центарот за Култура „Марко Цепенков” ликовна дејност.

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ЗОРАН МЕДАРСКИ ОД ПЕХЧЕВО СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.470.642 ДЕНАРИ

Нашето среќно семејство продолжува да расте. Најновиот среќен член е Зоран Медарски од Пехчево. Забавувајќи се на видеолотариските терминали, тој освои МИЛИОНЕР џекпот, вреден 1.470.642 денари.

Неделава ја заокружуваме со среќни ВЛТ вести. Зоран Медарски од Пехчево стана милионер. Тој ја освои ВЛТ добивката. Добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Спортлаиф во Пехчево на 17.05.2025.

Со тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, Благојче ја сподели својата среќна ВЛТ приказна. Ни раскажа дека сака да се забавува и дека негова среќна игра е Шајнинг кроун која и во овој случај се покажа како среќен избор кој му донесе МИЛИОНЕР џекпот, вреден 1.470.642 денари

Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство му честита за освоениот Милионер џекпот вреден 1.470.642 денари. Посакуваме со радост да ужива во освоената добивка, за која силно веруваме дека ќе му донесе многу успех и убави моменти во иднина, за него и неговото семејство.

Со вас споделуваме и дека изминатата недела од 12.05.2025 до 18.05.2025, беше добитна за играчите на видеолотариските терминали кои заедно поделија фантастични 16.794.923 денари. Во овие седум дена, имаме еден добитник на Супер Милионер кој освои 7.433.014, 5 Милионер џекпот добитници кои заедно поделија 7.129.376 денари. Супер добитната седмица ја заокружуваме со Мини џекпот добивките, чиј вкупен износ достигна 2.232.533 денари. Забавата со ВЛТ продолжува и тоа прилично возбудливо. ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со неверојатниот автомобил кој сите го посакуваат- МЕРЦЕДЕС АМГ, влезе во зона на паѓање. Оваа фаза е дефинитивно една од најочекуваните, а можеби токму Вие ќе бидете следниот среќен добитник.

Кривична пријава за одговорно лице во стрелачки клуб во Прилеп – снемало пушки и пиштоли

-СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ч.(42) од Прилеп, одговорно лице во стрелачки клуб во Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во периодот од 02.04. до 04.04.2024, полициски службеници извршиле контрола во стрелачкиот клуб, при што било констатирано дека недостасувале поголем дел од воздушните пиштоли и пушки, на дел од воздушните пушки не биле читливи фабричките броеви, а дел од оружјето кое го има во клубот не било регистрирано во системот за регистрирање и управување со оружје во МВР – информираат од СВР Битола.

Изведувачот на свој трошок ќе ги преасфалтира улицата “Бурса” и улицата кај “БЛИС” во Битола (ФОТО)

Како што најави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, дека инсистира на спроведување на решенија на проблемите, од вчера започнаа активностите за отстранување на оштетениот коловоз и подготовка за повторно асфалтирање на улицата „Бурса“.

Активностите на оваа улица ќе се изведуваат до сабота, во периодот од 09 до 19 часот од делот кај влезот на поранешна „Шеќерана“ и „Квасара“, според фаза 2 од проектот за времен режим на сообраќај, делот пред влезот на „Синпекс“, според фаза 3 од проектот и делот кај „Агнеса“ до отпадот.

Додека траат работните активности, согласно времениот режим улицата, ќе биде затворена за сообраќај поради санација на оштетениот коловоз и асфалтирањето, кое ќе се изведува во наведениот период.

Во меѓувреме, се чекаат резултатите од лабораториските испитувања на претходно вградениот асфалт на улицата.

На барање на општината, изведувачот и на улицата кај „Блис“, започна со подготовка за целосно преасфалтирање на оваа улица, поради оштетувањата кои беа констатирани изминатиот период.

Градоначалникот Коњановски, потенцира дека, квалитетот на извршената работа, секогаш мора да биде на задоволително ниво и нема да се дозволи проектите кои се реализираат да имаат било какви недостатоци.

Витаминка на прием по повод Денот на независноста на Црна Гора

Со особена чест и задоволство, Витаминка беше дел од одбележувањето на Денот на независноста на Црна Гора, настан организиран од Амбасадата на Црна Гора во Република Северна Македонија.

На свечениот прием, по покана на неговата екселенција Зоран Миљаниќ, Амбасадор на Црна Гора, присуствуваше г-дин Симон Наумоски, Претседател на Управниот одбор на Витаминка А.Д. Овој настан претставува уште една потврда за искреното и континуирано пријателство и соработка помеѓу Витаминка и Црна Гора.

Традицијата, квалитетот и регионалните партнерства се основа на нашето работење, а ваквите средби и настани нè поттикнуваат да продолжиме по патот на заеднички успеси и развој.

Прилепско Големо Коњари пред историска шанса! Тетекс им стои на патот за влез во Втора лига

Прилеп и прилепскиот регион се надеваат дека следната сезона ќе добијат уште еден фудбалски второлигаш. Покрај Победа, сега и Големо Коњари има шанса да влезе во Втората лига, а последна пречка на патот им е екипата на Тетекс.

ФК Големо Коњари беше првак во Третата лига – Југ, а Тетекс со само еден пораз ја освои Третата лига – Запад. Бараж дуелот помеѓу двете екипи се игра во сабота, 24.05. со почеток од 17 часот, на стадионот во Ѓорче Петров.

Екипата од прилепско најави дека ќе носи и навивачи на овој дуел, па секој кој сака да ги бодри треба да се пријави навреме на тел.бр:
075 200 488

Цената на повратна карта за утакмицата во Скопје е 400 денари!

Николоски: Договорот со Обединетото Кралство ќе донесе еконoмски бум и стратешки партнер на Македонија (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас денеска во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти.

-Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денеска потпишуваме Договор меѓу двете влади, што го нарекуваме Меѓувладин договор, за развој на инфрструктурни проекти во клучни сектори како што се транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори коишто ќе ги развиваме, тука е здравството и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период, изјави Николоски по потпишувањето на Договорот.

Навистина сме благодарни, продолжи Николоски, што Обединетото Кралство со својот инструмент за поддршка за надворешно финансирање поставило рамка од пет милијарди фунти, што е најголемиот договор што државата го потпишала во својата историја во економската сфера.

-Ова го гледаме како одлична можност да се развива целата држава. Веќе имаме три проекти коишто се подготвени, тоа е проектот за брзата железничка, Коридор 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но секако и други проекти. Она што е уште поважно за нас е дека ќе го искористиме искуството, но и најдобрата експертиза од британската јавна администрација, како и британскиот бизнис сектор, со што нашата администрација и нашиот бизнис сектор ќе дојдат до едно сосема ново ниво, потенцира Николоски.

Британскиот министер Томас истакна дека двете држави имаат силни билатерални односи, како сојузници во НАТО и оцени дека ова ново партнерство е значителен чекор напред во идната трговија меѓу двете земји.

Тој изрази задоволство поради можноста за соработка на македонските и британските бизниси со цел да се испорачаат важни инфраструктурни проекти во земјава.

-Меѓувладиниот договор ќе поддржи испорака на клучни проекти, прво со фокус на модерни и здравствени установи и пристап до здравствени услуги. Секако тука е новата железница со што ќе се намали времето на патување и за луѓето и за стоките. Инфраструктурните инвестиции знаеме дека се клучни за да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните. Знам дека е тоа наша заедничка цел, за нашите влади се разбира и ова партнерство е новиот темел за поддршка на таквата испорака за да се поттикне растот, да се споделат најдобрите пракси меѓу нашите две нации и секако нашите меѓусебни односи да се издигнат на едно ново ниво, нагласи британскиот министер Томас.

Македонската Влада завчера го усвои текстот на Договорот откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Посетата на британската престолнина, вицепремиерот Николоски кој предводи владината делегација во која се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии.

Производите на ВИТАМИНКА дел од престижниот China-CEEC Expo 2025 саем во Нингбо, Кина (ФОТО)

Витаминка годинава е дел од 4. издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair (Меѓународен саем за потрошувачки производи), кој се одржува од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Настанот, кој претставува единствен национален институционален саем во Кина посветен на соработката со земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), на едно место собира стотици компании, со цел унапредување на трговијата и економската соработка со кинескиот пазар.

„Учеството на Витаминка на China-CEEC Expo е значаен чекор за отворање кон нови пазари и интернационализација на нашите брендови,“ изјави Рибар по пристигнувањето. „Настанот ќе ни овозможи директна промоција на нашите производи пред глобална публика и остварување контакти што може да резултираат со нови извозни договори. Кина е огромен пазар, а Витаминка има што да понуди – квалитет, традиција и прилагодливост“, изјави претставник од Витаминка, Игор Рибар, подрачен шеф во извоз.

China-CEEC Expo 2025 се одржува под мотото „Нови визии за иднината“. Големиот настан ќе вклучува церемонија на отворање, сесии за поврзување на бизниси, активности за промоција на инвестиции, културна размена и трговска изложба која ќе се простира на 80 илјади квадратни метри.

Присуството на Витаминка на ваков престижен саем ја потврдува посветеноста на компанијата кон проширување на своето меѓународно присуство, а истовремено претставува и вреден придонес за промоцијата на македонската храна и прехранбена индустрија во светски рамки.

Саемот China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair потекнува од иницијативата од 2013 година во Букурешт, кога беше предложено организирање на изложба на потрошувачки производи од ЦИЕ во Кина. Првиот саем се одржа во јуни 2014 година во Нингбо, а во 2019 година доби статус на национален институционален саем, со официјално име China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair.

Од 2019 до 2023 година, на саемот учество зеле повеќе од 3 000 компании од ЦИЕ, со над 10 000 различни производи

Прилепските гимназијалци Георги Николоски и Марија Митреска, се закитија со прва и трета награда на Државниот натпревар по хемија

На 17-05-2025 год. на ПМФ- Институт за Хемија – Скопје, се одржа Државниот натпревар по хемија.

Според перцентилниот ранг и постигнатите резултати учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, секој во својата категорија, убедливо останаа на врвот.

Под менторство на проф.Ружа Ангелеска во натпреварот за учениците од трета година учениците:

1.Георги Николоски – УБЕДЛИВО ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО СО 100% реализација, без ниту една грешка – ДИПЛОМА

2.Марија Митреска-трета награда со 82% реализација – ДИПЛОМА и

3.Александар Велјаноски- успешно учество со 60% реализација – ПОФАЛНИЦА

Браво за учениците и за менторот!

Битола домаќин на 52-от регионален натпревар “Детски семафор 2025” (ФОТО)

Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Битола и Народна техника, денес се одржа 52 Регионален натпревар „Детски семафор 2025“, натпревар со едукативно-воспитна цел, насочен кон зголемување на сообраќајната култура кај младите генерации.

Во услови на брз технолошки развој и зголемена динамика на сообраќајот, прашањето за безбедноста станува едно од најважните. Преку ваквите натпревари, учениците се подучуваат на правилно, одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Овој тип на активности се организираат од 1969 година, со цел да ја поттикнат свеста за сообраќајна култура уште од најмала возраст.

На натпреварот оваа година учествуваа 84 ученици од 14 основни училишта од Битола, Могила и Демир Хисар. Поддршка и соработка пристигна и од Министерството за внатрешни работи, Техничкиот факултет, АМСМ, Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“ и други партнери.

Со вакви иницијативи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во Битола активно придонесува во подигнување на јавната свест за важноста на безбедното однесување во сообраќајот, особено кај најмладите учесници.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ги поздрави учесниците на натпреварот, нагласувајќи:

„Ваквите активности треба да се разберат како настани со забавен карактер, но со исклучително важно едукативно влијание. Тие имаат задача да ја поттикнат внимателноста и одговорноста кај најмладите, кои веќе сега се активни учесници во сообраќајот – како пешаци, а утре и како возачи. Затоа, вложувањето во нивната сообраќајна култура е вложување во побезбедна иднина за сите“, нагласи Коњановски.