дома блог страница 3275

KИРЕ ЛАЗАРОВ: Сум освоил се, но никогаш не сум бил вака горд Македонец!

По огромниот успех на „Вардар“ и шампионската титпула, македонскиот ракометар Кирe Лазаров во изјава за хрватските медиуми рече дека е многу горд на успехот на Вардар.

Ова е бајка, настан за кој ќе се зборува уште многу години. Вардар стана симбол дека е можно и тоа што другите велат дека не е можно. Вардар стана инспирација за сите луѓе во светот, не само на спортистите, туку на сите аутсајдери, ги натера да сфатат дека во животот најважно е да веруваат, kpваво да работат и да ги потрошат и последните капки kpв и пот за да ги исполнат своите соништа. Тие момци седум-осум месеци немаа земено плата.

Пред две години кога станаа европски прваци, беа финансиски моќни и тоа не беше големо изненадување. Но, тоа што се случи годинава е нешто поинакво. Во меѓувреме си заминаа неколку важни играчи, никој не им даваше шанси дека ќе изборат фајнал-фор, а камоли да станат прваци, изјави Лазаров.

Владиката Пимен: “Столе Стоилов треба да е почитуван од секого, капа долу Ел Капитано”

(Фејсбук статус на Владиката Пимен)

“Почитувајте луѓе и со дијаметрално различен став од вашиот. Барем го имаат. Чувајте се од оние што го немаат и ги води толпата за да се чуствуваат силни и безбедни.

Не ја уништувајте почитта и заслугите на други полиња на реализираните личности само поради нивните ставови.

Немојте да бидете спремни и другарства да згазите поради спротивните ставови.

Спротиставеноста на ставовите може да нè води напред, а не топењето во толпата под влијание на медиумите.

Stole Stoilov треба да е почитуван од секого како шампион кој ни донесол многу радости, но и како човек што цврсто стои на својот став и не се плаши од тоа.

Капа долу Ел Капитано!”

Сталоне: “Во Бугарија е многу студено во зима”, а Борисов му возврати: “„А во Северна Македонија да не е поубаво?” (ВИДЕО)

Денес Бојко Борисов се состана со Силвестер Сталоне, кој го снима продолжението на „Рамбо“ во Бугарија. Ова се гледа од видеото објавено во профилот на бугарскиот премиер на Фејсбук.

„Мислам дека поминаа 10 години откако се видовме“, му рече Борисов. Сталоне го поправи дека годините се 11. „Ти се уште си истиот Рамбо“, изјави Борисов. Тој покажа слика на претходниот состанок меѓу нив, објаснувајќи дека тогаш сѐ уште бил градоначалник на Софија.

На прашањето дали Бугарија му се допаѓа и дали е променета, Сталоне одговори дека се занимава со филмови и филмската индустрија и земјата е подобра од претходниот пат. Според неговите зборови, бугарските филмски работници градат побрзо од американските. Тој даде пример со некои од сцените во новиот Рамбо. „Над 62 километри сме изградиле метро. Паркови, градини“, одговори Борисов.

Потоа Сталоне покажа на Борисов трејлер на филмот и повторно пофали условите за создавање на филмови во земјата. Бугарскиот премиер коментира дека Бугарија ќе се натпреварува со Хрватска, каде се снимени делови од серијата „Игра на тронови“.

„Во Бугарија е многу студено во зима“, истакна Сталоне. „А во Северна Македонија да не е поубаво? Таму е уште постудено. А тука ги имаме Банско, Пампорово, Боровец. Светско првенство за скијање имаме“, истакна Борисов и го покани американскиот актер да доаѓа да снима во Бугарија од мај па натаму.

РАКОМЕТАРИТЕ БИЛЕ „ГOBEДА“: Директорот на Домот на културата од Кавадарци со нaвpeди за капитенот на РК „Вардар“

Не пpecтануваат иcпaдитe на лицa кои целиот свој живoт, очигледно, страдаат од фpycтpaција и koмплekси на ниcka вредност, па така и директорот на Домот на култура од Кавадарци Александар Малинков, наместо честитка се обиде да yпaти нaвpeди кон националниот xepoj и капитен на РК „Вардар“ Стојанче Стоилов, пишува Инфомакс.

Слични на овие иcпaди имаа повеќе функционери на власта, но засега нема најава дека ќе сносат било каква oдгoвopнocт поради шиpeњето на oмpaзa кон спортистите, кои патем речено, и Владата на Р.Македонија и премиерот Заев ги промовираа како нaциoнални херои, вeтyвajќи им премии од 700.000 евра.

Ова мора да пpecтане.

Извор: infomax.mk

Најмизерниот момент од прославата на титулата на Вардар кога се слушаа илјадници “Уаааа” (ВИДЕО)

Се случи на почетокот кога најавувачот кој потоа не се појави на сцената се обиде да направи ПР за Шилегов и го пофали град Скопје за дадената премија и обезбедениот авион од Келн.

Народот на овој обид изреагира спонтано, со свирежи и пцости.

Извор: “Експрес.мк”

Село Белица и манастирот Св. Богородица Пречиста украсени со боите на Македонија (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Македонска убавина која ја има само во манастирот Св. Богородица Пречиста и село Белица во близина на Кичево.

Фотографиите кои на својот фејсбук ги објави Владимир Панчевски, ја доловуваат целата живописност и посебност на овој крај.

Целиот град е сместен под земја: Хотели, куќи, па дури и црква, се’ e под земја, а ова е причината за тоа (ФОТО)

Во средината на Јужноавстралиската пустина, каде температурата достигнува и до 51 степени целзиусови, се наоѓа гратчето Кубер Педи, каде жителите за да ги избегнат неподносливите горештини, живеат подземја.

Гратчето е познато по најголемиот рудник за опал кој тука се ископувал. Кубер Педи е основан во раните години на 20 век и е познат како главен град на опалот во светот.

Oџаците на куќите излегуваат од песокот во пустината, а наоколу има знаци со предупредување дека постојат отворени дупки.

Според извештај од 2016 година, од ова австралиско гратче доаѓа дури 70% од светските резерви на опал.

Покрај екстремно високите температури во текот на денот, ноќите пак се екстремно ладни. Поради тоа живеењето под земја било единствен начин за да се опстане тука. Идејата за таков начин на живот дошла од австралиските војници кои се враќале од Западниот фронт после Првата светска војна.

Интересно е тоа што во ова гратче има изградено српска православна црква, која исто така се наоѓа под земја.

Во денешно време гратчето е топ туристичка дестинација, па луѓе од целиот свет доаѓаат да го посетат. Во Кубер Педи има подземни хотели и други сместувалишта.

Исто така, ова гратче е примамливо и за филмската индустрија, па така тука е сниман легендарниот дел на филмот “Лудиот Макс” каде главната улога ја толкува Мел Гибсон.

(Видео) Ќе ви се заврти во глава: Еве колку пари треба да платите за да купите “југо” во Америка

За овој оглас дозна цела Америка! Станува збор за “југо” кое е одлично зачувано, но е старо 31 година.

Автомобилот има поминато само 753 километри, па сопственикот одлучил да го продаде како “редок вид” за 9.000 долари.

“Ако го пропуштивте во 1988, немојте повторно”, порачува сопственикот во огласот.

“Ќе го послуша ли за оставка Градоначалникот, својот лидер Заев?” (ВИДЕО)

Предизборен популизам или нешто што ќе започне да се спроведува во наредниот период?

Како може да се сфати пораката на премиерот Зоран Заев за време на изборната кампања каде тој пред прилепчани вели сите за кои се констатирани неправилности при вработувањата да се повлечат од истите?

“Секако повикувам на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните. Само така ќе ја средуваме државата и никако поинаку”, истакна Заев пред околу еден месец на изборната трибина во Прилеп.

Деновиве од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп истакнаа неколку примери во кои се работи за вработување на роднини од градоначалникот Илија Јованоски.

Прес конференцијата следуваше откако Државната Антикорупциска Комисија истакна дека разгледува иницијатива за кривична одговорност на Јованоски за вработување на негова роднина во општина Прилеп.

Навивачи на Ливерпул направија герила акција во фан продавница на Барселона и се шегуваа со Меси и Кутињо (ВИДЕО)

Група навивачи на Ливерпул влегле во фан шоп продавница на Барселона и направиле мало шоу кое ги импресионирало сите минувачи.

Тие влегле во прдавницата со навивачки песни и балон трофеи од Лигата на шампиони, па правеле шеги со фотографиите на Меси и Кутињо.

“Извини Филипе”, се пошегува еден од фановите на излегување од продавницата.