дома блог страница 3276

Саше од “Солза и смеа” за Стоилов: “Од дебело пикерче направивте лажен патриот”

Глумецот од тимот на „Солза и смеа“ кој вири од хумор наеднаш го фрли во вода целиот досегашен труд.
Саше Димитровски кој е глумец од тимот на „Солзи и Смеа„ објави шок статус во кој што го спомна Стоилов и го нарекува „дебело пикерче„

Тој напиша дека Стоилов е дебело пикерче кое игра за „Северна„ Македонија, а не за Македонија и побара од него да се изјасни дали игра за Северна, или за Република Македонија.

Вчера на трибината, Стоилов јасно и гласно изјави во Келн : „Мојата земја е Република Македонија“.

Профилот на Фејсбук на Димитровски моментално е недостапен.

(Фото) Ги “шпионирала” соседите, па ја заглавила главата во оградата: Пет часа чекала за помош

Жена од Колумбија ја заглавила главата во метална ограда бидејќи била премногу љубопитна.

Наводно, ги “шпионирала” соседите во градот Переира, па преверила дали соседот е дома.

Помошта стигнала по 5 часа, а ја спасиле пожарникарите.

Oва се петте најдобри одбрани во Лигата на шампиони: Три од нив се на голманите од Вардар (ВИДЕО)

Европската куќа на ракометот направи избор на топ пет најдобри одбрани на голманите во фајнл фор турнирот.

Три од петте одбрани се на голманите од Вардар, од кои две на Дејан Милосављев и една на Калифа Гедбан.

Прилеп и се’ е можно! Кој што ќе собере храброст, ќе стане “Јутјуб” ѕвезда пеку ноќ (ФОТО)

Прилепската Стара чаршија е оригинална по многу работи. Покрај автентичноста и убавината со која располага, чаршијата е често извор на многу информации и муабети во градот, а веруваме дека наскоро ќе создаде и некоја популарна ‘јутјуб’ ѕвезда, доколку наведениот натпис не се земе за озбилно.

Уживање за срце и душа! Илјадници грла заедно со Вардар пеат “Денес над Македонија се раѓа” (ВИДЕО)

Моментот од прославата на втората шампионска титула на Вардар во Лигата на шампиони, кога од илјадници грла на плоштадот “Македонија” грмеше државната химна “Денес над македонија се раѓа”.

Иако организаторот Град Скопје потфрли, па наместо на почетокот од прославата, химната беше интонирана многу подоцна, сепак глетката е величенствена.

Црвенковски: Недобивањето датум би го нарушило кредибилитетот на ЕУ и на македонската влада

Европскиот совет да го вреднува успехот на Северна Македонија и да го одреди датумот за почеток на преговори, порача претседателот Пендаровски на регионалната конференција на Подгоричкиот клуб што денеска се одржа во Скопје. Тоа, според него, ќе ја мотивира власта да ги спроведе реформите, но истовремено ќе биде тест и за кредибилитетот на Европската Унија.

Европскиот совет да го вреднува успехот на Северна Македонија и да го одреди датумот за почеток на преговори, порача претседателот Пендаровски на регионалната конференција на Подгоричкиот клуб што денеска се одржа во Скопје. Тоа, според него, ќе ја мотивира власта да ги спроведе реформите, но истовремено ќе биде тест и за кредибилитетот на Европската Унија.

„Очекувам неодложно да го одредат датумот за да ги започнеме преговорите за членство. Тоа е добитна комбинација за сите засегнати страни. Северна Македонија, нејзините граѓани и институции добиваат силен мотив и фокусираност за реформи, регионот на Западен Балкан добива силен охрабрувачки сигнал за европската перспектива, а Европската Унија ќе го потврди кредибилитетот во однос на нејзината најуспешна политика, а тоа е проширувањето“, рече претседателот Пендаровски.

Домаќин на региналната конференција беше поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. По подолго отсуство од јавни настапи, тој избегнуваше да го користи новото уставно име. Црвенковски потсети дека отстапката со уставното име била болна и драматична сè со единствена цел, да се одблокира пристапот кон Унијата.

„Недобивањето на датум за почеток на преговори во јуни, или јули нека биде сеедно, ќе предизвика, големо разочарување и тоа сакам отворено да го соопштам сериозно нарушување на кредибилитетот на Европската Унија и на македонската влада во очите на македонскиот народ и на сите граѓани на нашата земја“, рече Бранко Црвенковски – поранешен претседал на Македонија.

На конференцијата во чиј фокус беше проширувањето на ЕУ учествуваа поранешни лидери на сите земји од регионот. Едногласни беа пораките дека земјава заедно со Албанија заслужува датум за отпочнување на преговори. Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор кажа дека пристапувањето не е лесно, но на земјава треба да ù се даде шанса. Поранешниот претседател на Црна Гора, пак, Филип Вујановиќ предупреди и за опасностите, ако ЕУ не остане доследна на политиката за проширување.

„Европската Унија крајно да ги интензивира пристапните преговори и да го валоризира она што самата го смета за своја обврска – признание по заслуга на индивидуално пристапување кон ЕУ… Опасноста е трети земји кои имаат изразени мотиви на интерес на нашите простори да имаат отворена можност за делување, ретроградните, антиевропските сили ќе добијат охрабрување“, рече Филип Вујановиќ – поранешен претседател на Црна Гора.

Учесниците на конференцијата усвоија заедничка декларација со која ја повикуваат Европската Унија да ги поддржи напорите на земјите-аспиранти од Западен Балкан. Документот ќе биде испратен до највисоките институции на Унијата.

Eвропа ја очекува страшна суша, а Балканот големи невремиња: Ова се предвидувањата на познатите светски метеоролози за летото кое доаѓа

На Балканот му се закануваат силни летни невремиња, кои на места би можеле да создадат торнада, но од Запад ќе има продори на пеколни горештини.

AccuWeather за ова лето во Европа предвидува дека ќе биде многу топло, со опасни продори на жестоки невремиња. Во извештајот се наведува дека подрачјето на жештина ќе се простира од Португалија и Шпанија до Полска и Унгарија.

“Жештината ќе биде подолготрајна за разлика од минатото лето кога рекордни температури беа измерени во делови на Португалија, Белгија, Германија и Скандинавија, но не траеа повеќе од една недела”, напиша Ерик Леистер, еден од најстручните метеоролози на AccuWeather.

Според овој метеоролог, температури повисоки од 38 степени целзиусови можат да се очекуваат од северна Франција, Белгија, кон Полска, Словачка и Унгарија.

Метеорологот Тајлер Ројс пак, изјавил дека температури повисоки од 40 степени можат да се очекуваат во делови на источна и јужна Франција, во периодот од јули и август, а дека најлошо ќе биде во Португалија и Шпанија, каде можно е неколку дена по ред температурата да се искачи и до 43 степени и повеќе. Сепак, горештината нема да ја зафати цела Европа. Едно од подрачјата кои ќе поминат подобро е Скандинавија.

Горештините не би требало да бидат толку големи ниту на Балканот, но тука ситуацијата ќе биде многу поразлична. Според овие метеоролози, на потегот од Грција, Македонија, Србија, Романија на север и Бугарија на исток, ќе преовладуваат големи невремиња, проследени со страшни грмежи.

Дурловски: “Се договорија со Бугарите, се договорија со Албанците, се договорија со Грците, останува да се договорат со Македонците”

Oперскиот пејач, Игор Дурловски, објави од синоќешната прослава за втората титула на Вардар во Лигата на шампионите и напиша:

“Се договорија со Бугарите, се договорија со Албанците, се договорија со Грците, останува да се договорат со Македонците”.

ФОТО: Се споиле небото и земјата во регионот – дождот не престанува, потопени и гpoбиштата

Врнежите вчера во Србија предизвикале големи штети.

Поради поплавените улици отежанат бил сообраќајот во централна Србија.

Во општина Лучани прогласена е вонредна ситуација поради поплавите. Реката Бјелица се излила во Гуча, како и во околните села, а на излезот од Гуча кон Лучани и Чачак поплавени се најмалку десет куќи.

Апел до Заев да застане на чело на Парадата на гордоста

Montreal, Canada - 20 August 2017: Gay rainbow flag at Montreal gay pride parade with blurred participants in the background

На панел дискусијата по повод две години од мандатот на актуелната влада, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, лично го покани премиерот Зоран Заев, да биде дел од првата Парада на гордоста во Македонија.

Јас веќе имам најави дека голем број од министрите се заинтересирани да дадат поддршка, секако градоначлникот, очекувам и премиерот да ни се придружи, како што ни направи чест на петгодишнината од ЛГБТ и Центарот за поддршка, истакна Пировска.