дома блог страница 3274

(Фото) Непријатно изненадување скриено под хауба – пожарникарите извлекле змија долга 2 метри

Пожарникарите во Ровињ примиле повика дека под хаубата на еден автомобил има змија.

Иако на прв поглед наликува на отpoвница, станува збор за змија која не е отровна.

После интервенцијата пожарникарите утврдиле дека станува збор за четирипругас смок долг скоро 2 метри.

-Внимателно и професионално, со многу трпение, ја извадивме змијата од автомобилот. Неповредена, пуштена е во природа – навеле пожарникарите.

Дарко Чатлески ја претставуваше Македонија на Генералното Собрание на Европската Боксерска Унија (ФОТО)

На 01.06.2019 год. во Шибеник, Р. Хрватска, се одржа Генералното Собрание на најголемата и најреномирана организација во Европа за професионален бокс, Европската Боксерка Унија (Е.Б.У). Настанот беше во организација на “ПБСФ” под водство на Хари Гориан.

На овој настан учествуваа околу 40 земји од Европа. Нашата земја ја представуваше Про Бокс Македонија членка во ЕБУ од 2013 година, а делегат беше Дарко Чатлески од Прилеп.

На ова Генерално Собрание најважни точки во агендата беа проблемите со допингот на боксерите и суспензијата на боксерите кои доживеале технички нокаут или класичен нокаут.

Одлучено беше после ТКО или КО на секој професионален боксер да му се даде суспензија до 28 дена во завистост на тежината на нокаутот, поради заштита на боксерите.

Со едногласна одлука на сите членки на ЕБУ беше одлучено да се поддржи аматерскиот бокс од страна на EBU, WBC, IBF, WBA, WBO. Оваа поддршка ќе биде испратена до Олимпискиот Комитет за настап на аматерскиот бокс на Олимписките Игри во Токио Јапонија.

За најдобар ЕБУ шампионат беше прогласена борбата помеѓу Францеско Патера против Левин Ристон. Шампион на годината е Керман Лејарага а промотер на годината е Улф Стеинфорд СЕС Боксинг.

Фамилијата на ЕБУ им даде можност за членство на следнте држави: Албанија , Молдавија, Турција и Словенија.
Следното ЕБУ Генерално Собрание во 2020 година ќе се одржи во Ла Коруна Шпанија.

(ВИДЕО)Прилог за РК Вардар на катарска телевизија – бесценето!

Се изнаслушавме за реакциите на многу медиуми низ Европа за успехот на ракометарите на Вардар, кои викендов станаа главна вест освојувајќи ја по вторпат во три години ракометната Лига на Шампиони.

Во множеството реакции, најмногу од Балканот и по некоја од остатокот на Европа, наидовме на прилог емитуван на катарскиот спортски канал Беин ТВ. Прилогот е посветен најмногу на Калифа Гедбане, алжирскиот чувар на мрежата на вардарци, кој во финалето, покрај неколкуте „обични“ одбрани, во најтешките мигови при крајот од дуелот, со глава запре еден удаp кон голот на Вардар.

Милина е да се слушне како Катарциве занесено зборат за успехот на Вардар и Гедбане. Уживајте!

Австриски „Пресе“: Црвено светло за Македонија во ЕУ- посетата на Заев на Брисел не смени ништо

„Повеќе земји-членки на ЕУ го одбиваат почетокот на преговори со Албанија и Северна Македонија“, пишува денеска австрискиот весник Пресе, пренесе Дојче Веле.

Со оглед на тоа што за почетокот на преговорите мора да се согласат сите 28 членки на ЕУ, исклучено е дека пред летото двете западно-балкански земји ќе го направат следниот чекор кон ЕУ“.

Според Пресе, ни вчерашната посета на Брисел на македонскиот премиер Зоран Заев не смени ништо во тој однос.

„Во прв ред, Франција и Холандија силно се противат на почеток на преговорите со двете земји.

Во Франција сметаат дека на Западен Балкан треба да му се помогне но НЕ со проширување.

Отпорот на Холандија е еден чекор понапред од оној на Франција, додава Пресе.

Холандија бара и прекин на безвизниот режим за албанските граѓани. Во понеделникот Европската комисија потврди дека од Хаг стигнало такво писмо.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Денес е Свети Михаил, eпископ Синадски

Во овoј свeт јeрарх сe пoсвeти сeбeси oд дeтствoтo на служба на Христа. Сe пoдвизуваше заeднo сo светиот Тeoфилакт Никoдимиски. Eднаш, вo сушнo врeмe, oвиe двајца свeтитeли сo свoитe мoлитви измoлија oбилeн дoжд на зeмјата.

Пoради свoјoт пoдвижнички и дeвствeн живoт уште oд свoјата рана младoст, беше избран и пoсвeтeн oд патријархoт Тарасиј за eпискoп Синадски. Учeствуваше на VII Всeлeнски сoбoр. Пo жeлба на царoт, oтиде кај калифoт Харунал Рашид да вoди прeгoвoри за мир. Вo врeмeтo на иконоборниот цар Лав Eрмeнин, беше симнат oд архијeрeјскиoт прeстoл пoради пoчитувањeтo на икoнитe и беше пр oгoнeт, па вo бe да и сир oмаштија гo заврши живoтoт, oстанувајќи дo крајoт вeрeн на Христoвата вeра. Се пресели во Царството Христово вo 818 гoдина.

(ВИДЕО) Ова е најстарата песна во светот: Потекнува од пред 3.500 години

Сигурно до сега не сте знаеле која е всуушност најстарата песна во светот. Иако сметаме дека музиката е од поново време, сепак оваа песна ќе ве наврати наназад илјадници години.
Станува збор за песна која може да ви даде сознание за едно сосема поинакво време.

Најстарата песна во светот е повеќе од 3.500 години, а била позната на Блискиот Исток.

Оваа песна всушност била химна на еден култ на Блискиот исток. Од тоа време датираат таблите на кои е запишана а биле пронајдени во древниот град Угариту на територијата на денешна Сирија, кон почетокот на педесеттите години од минатиот век.

Оваа песна добила своја верзија од музичарот Мајкл Леви, кој е музичар и композитор кој се занимава со читање и реконструкција на древна музика и техники на свирење.

На пронајдените 29 таблици имало знаци кои означуваат ноти на хуритски јазик. Х6 бил најстариот фрагмент на мелодијата досега откриен во историјата.

Богатството брат и сестра: Потпора, поддршка, љубов и разбирање кое трае цел живот

Нивниот однос минува низ различни фази: од игнорирање и ривалство во детството до најсилна поддршка и потпора во позрелите години.

Во детството најчесто се сложуваат како „куче и маче“, но нивната љубов и тогаш е силна и нежна. Поинаква од сите останати. Братот и сестрата се сакаат на најпосебен начин, дури и кога гласно се расправаат. Тие кои ја немаат привлегијата, можат да им завидуваат. Овој однос често има пресудно значење и за сите други односи кои тие ќе ги имаат во животот.

Љубота меѓу братот и сестрата е специфична и минува низ повеќе фази. Во детството доминира нетрпеливоста придружена со неразбирања и љубомора, затоа што децата се борат за вниманието на родителите. Девојките често се понежни, па затоа возрасните често се поблаги кон нив и ги фаворизираат затоа што се понежни, а на момчињата тоа им оди на нерви. Во оваа доба, тие најчесто се груби, знаат да ги сопнат, да ги удрат, им викаат дека се „доадни“, а девојчињата тоа го доживуваат многу стресно. Ги боли тоа што братчето не сака да си игра со нив, па често и плачат. Но, ни тие не се толку невини во ситуацијава. Понекогаш уживаат кога ги издаваат своите браќа на своите родители или сакаат да ги шпионираат своите браќа.

Психолозите велат дека тоа често се случува и во пубертетот, кога браќата и натаму се незаинтересирани за дружење со сестрите и таа далечина е уште позабележлива. Но, девојчињата сега се посилни, па им го возвраќаат ударот. Сега и тие ги игнорираат своите браќа, не се трудат да се борат за нивното внимание, дури и намерно се однесуваат во спротивност со однесувањето на враќата. Тој процес се случува како последицата на желбата да бидат поинакви. На тој начин всушност се носат со меѓусебното ривалство. Тоа и го објаснува фактот што во семејството обично едното дете е мирно и послушно, а другото е бунтовно и настроено да се расправа.

Меѓутоа, тука се виновни и родителите, затоа што уште од мали се обидуваат да ги раздвојат, настојувајќи да ги задоволат културолошките и родови барања. Ќерките ги третираат како принцези, а синовите како јунаци, па затоа и тие се гледаат едни со други од сосема спротиставени позиции.

Со текот на времето тоа се менува, затоа што како што растат, братот и сестрата, сфаќаат дека немаат подобри пријатели од тие самите. Почнуваат да излегуваат заедно, слушаат иста музика, создаваат заеднички пријателсва. Браќата секогаш се заштитнички настроени, но со текот на времето оваа нишка станува уште поизразена. Сестрите така знаат дека имаат некој кој им го чува грбот, па тоа им дава чувство на сигурност.

Затоа и се вели дека понекогаш подобро е да имаш брат отколку да бидеш суперхерој. Сестрите, од друга страна, се најголема поддршка на братот, а нивната љубов е најсилна на светот. Нивната поврзаност добива сосема нови нивоа во подоцнежните години, особено кога родителите повеќе ги нема, па уште повеќе се вртат еден кон друг за утеха и поддршка.

Иако имаат свое семејство и свој живот, братот и сестрата секогаш се тука едни за други. Тоа е посебна љубов која не се споредува со ништо друго на светот.

Oва се десетте најубави плажи за 2019 година: Ќе се заљубите во секоја од нив (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Веб-страницата „TripAdvisor“ ја состави листата од 10. најубави плажи, која е одредена според квалитетот и квантитетот на патниците и рејтингот во последните дванаесет месеци. На листата се наоѓаат плажи од целиот свет и нудат различен амбиент за уживање.

1. Baia do Sancho, Fernando de Noronha, Бразил

2. Varadero Beach, Varadero, Куба

3. Eagle Beach, Palm, Аруба

4. La Concha Beach, San Sebastian, Шпанија

5. Grace Bay, Providenciales, Туркс и Каикос

6. Clearwater Beach, Флорида (САД)

7. Spiaggia dei Conigli, Lampedusa, Сицилија (Италија)

8. Seven Mile Beach, Кајмански Острови

9. Playa Norte, Isla Mujeres, Мексико

10. Seven Mile Beach, Негрил (Јамајка)

Студент од Хрватска купил трактор од Германија – за да заштеди пари возел 700 километри до дома

Богдан Заклан – Чачи (23) купил трактор во Германија, но кога дознал дека транспортот на тракторот до Хрватска би чинел 1.500 евра, а за него платил 600 евра, одлучил самиот да се превезе до својата земја.

Освен заштедата на пари, поттик на Богдан му била кладбата со негов пријател по вечера. Овој студент по економија и сопственик на селски имот во Крбавица, вели дека неговата одлука се чуделе сите. Во два дена на тракторот поминал 21 час. Поминал околу 700 километри со максимална брзина од 47км/ч.

“Тргнав во среда и возев цел ден. Застанував само на бензиска пумпа. Имаше делови на кои возев само со 20км/ч. Зад мене се создаваа колони, но не допуштив да бидат повеќе од 10 возила. Луѓето ме поддржуваа, ми мафтаа, свиреа, а имаше и по некој нервозен возач”, вели тој.

Полицијата не реагирала се до моментот кога направил прекршок. Во Австрија влегол во тунел кој бил наменет само за обични автомобили.

“Навигацијата ме однесе на тој пат. На излезот ме застана полиција, а кога им објаснив дека не знаев и дека навигацијата ме донесе тука, ми излегоа во пресрет и ми наплатија најмала казна во висина од 35 евра”, додава тој.

Преноќил во Љубљана, каде живее неговата мајка, а во четвртокот го продолжил неговиот пат од Словенија кон Кореница.

“Не ми е тешко да возам трактор, би ја повторил оваа авантура, а би заштедил и пари. На патарини, гориво и за казната потрошив само 500 евра. Но, најмногу ме весели дочекот од пријателот во Кореница и забавата”, вели за крај Богдан.

Сите заедно за Дејан да има убаво детство: Цела армија музичари од Прилеп и Битола ќе пее за малиот ангел

Во четврток, 13.06.2019, со почето од 20:00 часот, во Кафе бар “Оникс” во Прилеп, ќе се одржи хуманитарен концерт за малиот Дејан.

Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба потребно е да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција. Сумата која е потребна се 54.000 евра.

На концертот свое учество имаат пријавено: The Hounds(Pp), Cyrillic(Pp), Dj Acika(Bt), Dj Neox(Bt), Dj Sajo(Pp), Dj Dejan Pete(Pp), Dj Jove(Pp), Dj Ricardo(Bt), Dj Mario Eddie(Pp), Robbie Ray Led Robot(Pp) & Room 313(Pp)
Листата не е конечна, и секој може да се вклучи, било да е изведувач или друг вид на логистика.

“Клучен играч во целава приказна е Onyx Café & Bar, кој не само што ќе го отстапи просторот туку и ќе го донира целиот промет (читај: промет, а не профит) за време на концертот, за што сакаме јавно да им се заблагодариме.Исто, голема благодарност до Прилепската Општина за отстапувањето на јавниот простор како и донацијата на голема бина каква што е потребна за концерт со толку изведувачи”, стои во настанот на Фејсбук.

Сите останати кои не можат да присуствуваат на настанот, можат да донираат со повик на 070 143-153 (за корисници на Телеком) и 143-489 (за корисници на Вип), или на следната банкарска сметка: