“Ќе го послуша ли за оставка Градоначалникот, својот лидер Заев?” (ВИДЕО)

Предизборен популизам или нешто што ќе започне да се спроведува во наредниот период?

Како може да се сфати пораката на премиерот Зоран Заев за време на изборната кампања каде тој пред прилепчани вели сите за кои се констатирани неправилности при вработувањата да се повлечат од истите?

“Секако повикувам на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните. Само така ќе ја средуваме државата и никако поинаку”, истакна Заев пред околу еден месец на изборната трибина во Прилеп.

Деновиве од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп истакнаа неколку примери во кои се работи за вработување на роднини од градоначалникот Илија Јованоски.

Прес конференцијата следуваше откако Државната Антикорупциска Комисија истакна дека разгледува иницијатива за кривична одговорност на Јованоски за вработување на негова роднина во општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.