Изложбата „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски од утре во ЦК “Марко Цепенков”

Во петок 7.06.2019 во 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложбата „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски

За изложбата

Морфолошката структура на пејзажните знаци како автономна појава со автентична еволуција, како и достапните локални ресурси, картоните, втиснувајќи им ја универзалната димензија се извор за мојата уметничка идејавели авторот.

Оваа ликовна инсталација од ѕидни објекти е генерирана од локалниот био-отпад, трансформиран во галерискиот простор.

Рустикалната обработка на картоните на соодветен начин ја нагласува линијата и формата како елементи на изразување на уметноста. Ритмичното повторување на мотивите силно ја нагласува динамиката, која во голема мера зависи од позиционирањето на формата, бојата, движењето и рамнотежата на композицијата. Оваа модулација дава најкомплексно објаснување на геометриските форми, која од постоењето на овој феномен ѝ дава статус на филозофска категорија идентична со принципот на функционирање на космичкиот поредок и одговара на теоријата на ритмичко повторување на животот што се движи и постојано се менува . Ритам во уметноста е над сите вреди. Тоа е фактор што го прави редот, носи хармонија во хаосот, тој е оној кој е врвен принцип и монитор кој ги регулира сите уметнички елементи.
Биографија

Давид Атанасоски роден во Прилеп 1995 година. Во 2018 година заврши Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство во класата на професор Исмет Рамиќевиќ, со конзервација и реставрација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.