дома блог страница 3272

Нов протест пред Влада на вработените во Еврокомпозит- бараат исплата на заостанатите 18 плати

Пред Владата се поставени четири шатори на вработени во државната фирма Еврокомпозит кои што бараат да им бидат исплатени 18 плати. Исто така се жалат на неисплатени опремнини и бараат тоа да биде најскоро решено.

„Еврокомпозит“ е дел од 10-ината фирми ќерки на некогашниот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“, во којшто беа вработени околу 1.600 работници.

Единствено „Еврокомпозит“ остана низ годините да се бори за свој опстанок. Од некогашните 550 вработени во фирмата сега остана околу 280 вработени.

Димовски: На ВМРО-ДПМНЕ најмногу му одговара да има датум за преговори со Брисел

Ако се надеваме дека ќе добиеме датум за преговори со Бриcел сега нема да добиеме, рече Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на 1тв.

-Минатата година имаше три земји против проширувањето, сега има пет против проширување на ЕУ и за тоа да влезат земји од Балканот како Македонија. Тоа не е ново, тоа трае откако влегоа Бугарија и Романија кои не се позитивно искуство за ЕУ, рече Димовски.

Пратеникот укажа дека живееме во една еуфорија поради промената на власта, додавајќи „да не се разбереме погрешно јас сакам и ВМРО-ДПМНЕ сака да добиеме датум за преговори со ЕУ зошто многу е направено во период на владата на ВМРО-ДПМНЕ, првата препорака за преговори со Брисел е добиена во време на ВМРО-ДПМНЕ“. Од друг аспект, рече Димовски, гледаме злоупотреба на системот и токму затоа на ВМРО-ДПМНЕ му одговара датум, бидејќи во преговорите се стартува со поглавјата 23 и 24, односно за владеење на правото. -Старт на преговорите најмногу му одговара на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа му одговара на ВМРО-ДПМНЕ најмногу зошто ќе се стави крај на самоволието кое постои во Македонија. На оваа нефункционална власт со датум за преговори со Брисел ќе и се стави крај, има целосна некоординација од секој аспект, рече Димовски. Според него реалноста вели дека Германија за прв пат вика чекајте ќе разговараме во октомври, а тоа е држава која помагаше и за Договорот. -Нема атмосфера дека ќе има датум, нема атмосфера дека се е одлично, и притоа не може да гледате што кажува Јункер кој заминува од функцијата, додаде Димовски. Пратеникот категорично укажа дека Македонија плати голема жртва со Договорот од Преспа, а владата не успеа да има датум за преговори со ЕУ.

-Ние и кога нема да го добиеме датумот за преговори ќе ги добиеме и најдобрите зборови за Македонија, и формулацијата на Европскиот совет ќе биде најдобра. Но, граѓаните од оваа власт очекуваа дека ќе испорача датум за преговори. Владата постигна договор со Грција, но тој е многу неповолен. Владата не успеа да договори дека Договорот ќе се применува во одреден момент, а не одма како што е случајот, рече Димовски.

Денеска е Спасовден или Вознесение Христово: ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

Верниците го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.

Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.

Малкумина ја знаат, но е вредна за потсетување: Најубавата староградска песна за Прилеп (ВИДЕО)

Се работи за песната “Песна за Прилеп” од познатиот пејач на народна музика од Прилеп, Гога Зафироски.

Песната е снимена во 1995 година, текстот е на Сашо Зафироски, а музиката на Душко Темелкоски. Се работи за убава староградска песна во која се ужива.

Зафироски е роден на 7 април 1925 година. Првите музички почетоци му биле на неполни 17 години во еден циркус кој гостувал во Прилеп.

За време на претставата во циркусот водителот побарал од публиката човек кој знае да пее, по што неговите другари го пријавиле него. Кога Гога запеал публиката и водителот биле воодушевени од неговиот глас. Водителот му рекол на Гога: – „Ти момче си роден за пејач и ќе пееш секој ден во овој циркус додека сме тука“.

Со пеењето во циркусот ги заработил првите пари од пеење. На 18 години се вработил во монополот каде што работел на манипулацијата на тутунот, им пеел на другите работници поради што бил миленик во монополот каде што пеел и на разгласната станица.

За време на окупацијата во 1943 година некои постари мангупи го натерале Гога да ја запее тогаш популарната германска песна „Лили Марлен“ пред Германците во монополот но со други зборови:

„Нашата кокошка снесе три јајца и сега ги квачи да станат пиленца…
После три недели станале петли и сега се борат кој да победи за тебе Лили Марлен…“

Германците биле воодушевени од настапот на Гога и неговата „верзија“ на Лили Марлен… Го бакнувале, прегрнувале и му аплаудирале не знаејќи што всушност им испеал Гога. Но кога некој им кажал кои биле зборовите во песната, Гога бил затворен во полицискиот участок каде што бил ѕверски претепан, особено по стапалата, поради што целиот живот ги чуствувал последиците од тепањето.

По ослободувањето Зафироски заедно со техничарот Киро Грдан направиле радиостаница на кратка бранова должина која била прифатена на општо задоволство од прилепчани. Така Гога ја формирал првата радиостаница во Прилеп и станал нејзин прв директор но истовремено и нејзин спикер, спортски коментатор, конферансие и пејач целиот свој работен век.

Гога Зафироски – Зафиро снимил 4 плочи за „Југотон“ и испеал преку 140 песни. За него е снимен и документарец и видео-лента од Македонската радио телевизија. За својата дејност е наградуван со повеќе награди и признанија меѓу кои се истакнува орденот за заслуги за народ со сребрена ѕвезда од претседателот на СФР Југославија. Со неговата сопруга Менка имале три деца: Павлина, Сашо и Лиле. Починал во 2004 година.

Oва ќе биде локацијата каде ќе се прославува доколку Вардар освои нова титула?

Новинарот Горан Момировски на својот Фејсбук профил се пошегува и ја откри локацијата на која ќе се прави пречекот при прослава на следната Европска титула на РК Вардар.

Mилан куртули – УЕФА ги стопираше постапките против италијанскиот клуб

УЕФА официјално донесе одлука привремено да ги стопира постапките против фудбалскиот клуб Милан во однос на Финансискиот фер плеј.

Ваквата одлука на УЕФА ќе биде на сила додека не се добие разрешница на минатогодишната жалба на Милан до судот за спортска арбитража (ЦАС).

Според последната одлука на Европската фудбалска федерација, италијанскиот клуб ќе може да настапува во Лига Европа, но тоа може да се промени во зависност од конечната пресуда по жалбата.

Постапките на суспензијата ќе се прекинат до издавањето на финалниот резултат на прашањето на ЦАС – се наведува во соопштението на УЕФА.

Пред ваквата одлука на УЕФА, на Милан се квалификуваше во Лига Европа, но беше под закана за забрана за настап.

Доколку жалбата на „росонерите“ до ЦАС не биде прифатена, Милан ќе биде исклучен од Лига Европа, а неговото место ќе го заземе Торино.

Еве зошто голем број луѓе одат да работат: Откриено колку заработуваат луѓето на брод

Освен добра плата, работниците на бродови имаат осигурана бесплатна здравствена нега и заштита, оброци, сместување и други погодности кои можеби ги немаат во својата држава.

Кога станува збор за идеална работа, во приказните на луѓето често може да се слушне дека „работниците на брод заработуваат брутални пари“. Сега е конечно познато колкава е таа цифра бидејќи во разговор со Бизнис Инсајдер откриле колку заработуваат. Она што може веднаш да се види е големата разлика во платата меѓу работниците кои заработуваат најмногу и оние кои заработуваат најмалку на бродот.

Бизнис инсајдер разговарал со 35 работници на брод кои месечно во просек заработуваат од 500 до 10.000 долари. Околу 40 отсто од испитаните работници велат дека заработката им е еднаква или помала од 2.000 долари, што значи 1.700 евра.

Работник во кујна на Carnival Cruise Lineu месечно заработува најмалку, додека првиот официр на Royal Carnival Carribean International главно има најголема плата. Малку платени се работниците од земјите во кои работниците попмалку се платени од тие во САД, како Кариби, Северна Африка, делови од Азија и источна Европа. Работник чија месечна плата е од 1.600 до 1.800 долари месечно рекол дека на бродот заработува повеќе отколку во Чиле.

Вработените на брод можат опуштено да заработат повеќе пари отколку работниците базирани на копно затоа што трошоците за живот им се помали. Не мораат да плаќаат сместување ниту храна. Освен тоа, имаат распоред таков да работат повеќе часа, па меѓу другото така може да заработат повеќе пари. Просечна плата на 35 работници на брод кои разговарале со Бизнис инсајдер е 2.600 долари.

Постојат три најголеми компании кога станува збор за работа на брод: Carnival Corporation, Royal Cribbean Cruses i Norwegian Cruise Line Holdings. Годишните приходи за 2018 година за работниците нa Carnival Croporation бил 16.6222 долари, на Royal Caribbean Cruises се 19.369 долари, а вработените на Norwegian Cruise Line Holdings заработиле 20.101 долари.

Освен добрата плата, работниците на брод имаат осигурана бесплатна здравствена нега и заштита и други погодности.

Лилјана Поповска низ coлзи: Не ни даваат датум, а ги предадовме нашите идеали!

Пратеничката Лилјана Поповска (ДОМ), низ солзи им се обратила на колегите од хрватскиот Сабор, на денешната средба во Собранието, со голема вознемиреност заради можното недобивање на датум за преговори со ЕУ, дознава Магазин од собраниски извори. Во своето емотивно обраќање пратеничката Поповска истакнала дека пратениците од собраниското мнозинство изгласале се што било побарано од нив, па дури и претешките отстапки како договорот со Атина, договорот со Софија и болното менување на Уставот. “Со гласањето за смена на името и за смена на Уставот ние ги предадовме нашите идеали, и ќе биде голем срам, ќе предизвика голем политички потрес и фрустрации во државата доколку сега ЕУ повторно не ни додели датум за почеток на пристапните преговори“, истакнала драматично Лилјана Поповска и се извинила за солзите, пренесува Магазин.мк.

вајцата копретседавачи со состанокот, пратениците Емил Димитриев и Домагој Милошевиќ, биле малку затечени од ваквиот настап, но конверзацијата продолжила во пријателски и смирувачки тон, при што хрватските пратеници истакнале дека мора попрагматично да се разберат околностите во кои се наоѓа ЕУ и дека оплакувањето на судбината нема да помогне. Од страна на хрватската делегација било подвлечено дека официјален Загреб ќе лобира Македонија да добие датум, но дека главниот збор сепак ќе го имаат Франција, Германија, Холандија и Данска.

Претходно делегацијата на хрватскиот Сабор имаше средба и со комисијата за Европски прашања, која ја предводи пратеникот Артан Груби, при што беше потенцирано дека хрватскиот Сабор пратил и официјално писмо до Европската комисија во која укажува дека е редно Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Извор: magazin.mk

(Фото) Вардарец ги овековечи европските титули со епска тетоважа!

Со многу проблеми и големи сомнежи пред патувањето во Келн, вардаровите ракометари успеаа да го направат невозможното. Никој не очекуваше од нив да ја освојат втората европска титула во три години, но токму тоа тие го направија и уште еднаш ја обединија нашата држава.

Илјадници навивачи беа дел од дочекот и достојно го поздравија тимот на Роберто Гарсија Парондо.

Еден од нив се осмели да ги овековечи трофеите на својот омилен клуб со тетоважа. Дечкото се вика Андреј и е голем фан на „црвено-црните“, а беше и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите.

Тетоважата е направена во студио „Скинк“ во Скопје.

Внимавајте кога одите на одмор во Грција: За ова може да платите kaзна од 50 евра

Почетокот на летната сезона е многу близу, па затоа грчките сообраќајни служби излегоа со потсетување за kaзните кои ќе ги платите ако не се придружувате кон правилата.

Внимавајте ако направите пpekршок и не ја платите kaзната може да не ве пуштат да ја напуштите земјата бидејќи системот за казни е мрежен на граничните премини.

Kaзни има буквално за се, од зборување на мобилен, неврзување на појас, фрлање на цигара од прозор, како и за возење на лентата која служи за застанување.

Погрешното паркирње ќе ве чини од 40 до 80 евра, пречекорувањето на брзината од 40 до 750 евра, а возењето во папучи 50 евра. Затоа пред тргнување облечете си патики.