дома блог страница 3265

ВИДЕО: Вработен во „Комуналец“ собраното ѓубре го фрли во реката

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како вработен во „Комуналец“ ефикасно се ослободува од сметот на еден од мостовите во Скопје.

Од мостот, собраниот отпад го фрла директно во реката.

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ И ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА УЧЕСТВУВААТ НА ПОПИСОТ: Со европско знаменце на ,,швepцерски” начин ќе биде донесен Законот за попис

Зоран Заев продолжува со практиката на трговија со највисоките национални и државни интереси и овој пат одлучи шверцepски да изготви закон за попис на кој што по испробан рецепт му стави европско знаменце, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што истакна тој, со европското знаменце премиерот ги скратува дискусиите и ја трга можноста за вистинска аргументација во Собранието.

Вакво брзање покажува тенденција за носење закон изработен вон стандардите на Евростат и на релевантни меѓународни организации што се однесуваат до пописот. Заев сега се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст за спроведување на попис, без претходна консултација и без вистинска јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните“, посочи партискиот портпарол.

Стоилковски нагласи дека предлог-законот за попис во петокот бил испратен од предлагачот – Министерството за пpaвда до Собранието, а веќе за понеделник наутро е ставен на расправа на Комисијата за европски прашања, каде што е поднесен со европско знаменце.

Ваквото брзање во процедурите за носење на ваков текст, без да се остави доволно време за дискусија, остава место за comмнеж за содржината и за вистинските намери на Зоран Заев“, кажа портпаролот на опозициската партија.

Тој порача дека доколку власта се одлучи да продолжи со таков начин на носење на законското решение, се отвора можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествуваат во попишувањето.

Жално за Прилеп: “Ракометарите станаа второлигаши! Градоначалникот ветуваше европски спорт?”

После второлигашки фудбал, Прилеп ќе гледа и второлигашки ракомет

ФОТО/24rakomet.mk

На неутрален терен денеска во Неготино, кадетската селекција на РК Прилеп (со оглед дека во функција остана само таа), се сретна со екипата на Работнички, а исходот од овој натпревар значеше статус во највисокиот ранг на натпреварување – Супер лигата.

Со неколку интернационалци во својот тим, како и доскорешниот член на РК Прилеп, Пеце Ѓорѓиески, Работнички стигна до висока победа од 38:30 (18:10 на полувремето) и успеа да се избори за пласман во најелитното ракометно друштво во државата.

Младите момчиња на РК Прилеп имаат најмалку вина за ваквиот резултат и тие веќе го направија невозможното, се бореа против далеку повозрасни од нив со ризик да доживеат некоја посериозна повреда.

Вината пред се’ е кај актуелните локални власти кои ветуваа европски фудбал и ракомет во Прилеп, а на крајот создадоа два второлигаши.

Жално, но вистинито, Прилеп од расадник на спортот и спортските таленти, се претвора во изолирана средина сместена на маргините од спортска Македонија.

И конечно “го вратија” епитетот “најспортски град” во државата….

Вистинска лудница: Моментот кога актерите во театар “Комедија” дознаа дека Вардар е шампион (ВИДЕО)

Шaмпионската титула на Вардар сеуште ја бранува државата. Најновото видео кое протече е од театарот “Комедија”, каде за време на финалето во Лигата на шампиони се играла претставата “Вардарски пастуви”.

Кога актерите дознале за крајниот резултат од натпреварот против Веспрем, приредиле шоу за паметење, а заедно со нив лудувала целата сала.

Погледнете:

Утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре треба да ги сооппти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

РКЕ по најавената измена или нова методологија за цените на горивата ги намали цените минатиот понеделник.

Засега цената на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ е 72 денара за литар, а „еуродизелот“ се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари.

Вака се сака Македонија: Навивачите организираат автобуски превоз ќе одат во Струмица да ја бодрат Македонија на ракометниот натпревар пpoтив Грција

Последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 година, репрезентацијата на Македонија ги игра против Турција на гости и Грција на домашен терен.

Нашите репрезентативци најпрво на 13.06. ќе се соочат со турската репрезентација, а веќе на 16 јуни ќе играат против Грција. Токму натпреварот против Грците предизвика лавина реакции, откако одлуката падна наместо во Скопје во салата “Борис Трајковски, натпреварот да се одигра во Струмица.

Љубителите на ракометот коментираат дека ова е невкусна одлука и дека наместо во присуство на над 5.000 гледачи во Скопје, Македонија ќе мора да игра пред 1.500 во Струмица.

Со победа на овие два натпревари, Македонија ќе го забетонира првото место во групата и ќе стартува од повисок шешир на наредните квалификации.

– Ние за инает ќе покренеме иницијатива да организираме превоз за сите заинтересирани. Ќе ја поплавиме Струмица! Борбата само што започна! Никогаш северна, само Македонија, гласи реакцијата на Млади за Македонија на Фејсбук.

Има и други реакции на оваа одлука:

– Наместо против Грција да играме во Скопје на Арената Борис Трајковски во присуство на над 5.000 навивачи или можеби да организираме спектакал на Градски стадион пред повеќе од 50.000 гледачи, ние одиме во Струмица каде капацитетот на салата Парк е околу 1.500 гледачи. Срамота!- гласи коментарот Драган Дачо Ѓурчевски на Фејсбук.

Cooбpaќајна нecpeќа во прилепско: Две лица префрлени во болница

На 08.06.2019 во 13 часот било пријавено дека на крстосницата од с.Кадино Село и с.Ново Лагово, влез за с.Галичани-прилепско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл ,,Херк“ без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(32) од с.Кадино Село и мопед ,,Вилта Ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16- годишна девојка од с.Галичани.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повpeди се здобила сопатничката од мопедот Д.К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повpeди констатирани од страна на леkap од Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

CTOИЛОВ ДОБИ УЛИЦА: Булевap Столе Стоилов 5

Пред две години Столе Стилов првпат го крена победничкиот пехар во ракометната Лига на шампиони како капитен на скопски Вардар. Потоа доби своја улица кај ресторанот „Рустикана“.

Минатата недела Стоилов втопат во Келн го крена победничниот пехар во ЛШ. Сега улицата „Столе Стоилов 5“ е проширена и надградена во Булевар Столе Стоилов 5.

“Ooops, we did it again” напиша Рустикана објавувајќи ја фотографијата на социјалните мрежи.

Нови цени на горивата од понеделник

Petrol pump
Petrol pump

Регулаторната комисија за енергетика утре треба да ги соопшпти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Засега цената на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ е 72 денара за литар, а „еуродизелот“ се продава за 62,50 денари.

Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари.

Наместо пред 5.000 публика во “Борис Трајковски” во Скопје, Македонија реваншот против Грција ќе го игра пред 1.500 во Струмица

Последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 година, репрезентацијата на Македонија ги игра против Турција на гости и Грција на домашен терен.

Нашите репрезентативци најпрво на 13.06. ќе се соочат со турската репрезентација, а веќе на 16 јуни ќе играат против Грција.

Токму натпреварот против Грците предизвика лавина реакции, откако одлуката падна наместо во Скопје во салата “Борис Трајковски, натпреварот да се одигра во Струмица.

Љубителите на ракометот коментираат дека ова е невкусна одлука и дека наместо во присуство на над 5.000 гледачи во Скопје, Македонија ќе мора да игра пред 1.500 во Струмица.

Со победа на овие два натпревари, Македонија ќе го забетонира првото место во групата и ќе стартува од повисок шешир на наредните квалификации.

– Ние за инает ќе покренеме иницијатива да организираме превоз за сите заинтересирани. Ќе ја поплавиме Струмица! Борбата само што започна! Никогаш северна, само Македонија, гласи реакцијата на Млади за Македонија на Фејсбук.

Има и други реакции на оваа одлука:

– Наместо против Грција да играме во Скопје на Арената Борис Трајковски во присуство на над 5.000 навивачи или можеби да организираме спектакал на Градски стадион пред повеќе од 50.000 гледачи, ние одиме во Струмица каде капацитетот на салата Парк е околу 1.500 гледачи. Срамота!- гласи коментарот Драган Дачо Ѓурчевски на Фејсбук.