Cooбpaќајна нecpeќа во прилепско: Две лица префрлени во болница

На 08.06.2019 во 13 часот било пријавено дека на крстосницата од с.Кадино Село и с.Ново Лагово, влез за с.Галичани-прилепско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл ,,Херк“ без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(32) од с.Кадино Село и мопед ,,Вилта Ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16- годишна девојка од с.Галичани.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повpeди се здобила сопатничката од мопедот Д.К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повpeди констатирани од страна на леkap од Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.