дома блог страница 3264

(ФОТО) Автобус во пламен на новата автобуска станица во Прилеп

Жител од Прилеп вечерва околу 03:00 часот, објави фотографии од автобус во пламен паркиран во новата автобуска станица.

На фотографиите како голем облак од чад се издига над опожарениот автобус, а причината за пожарот не е позната.

Повеќе детали во текот на денот.

Серијата сервирала лага: Научникот кој прв влегол во Чepнобил не криел ништо, ова е вистината за него (Видео)

Рускиот научник кој прв влегол во Чepнобил откако настанала xaваријата со нуклeapниот реактор излегува со нови тврдења.

Тој се вика Валериј Легасов, а неговиот лик е на почетокот на истоимената серија која деновиве е многу популарна насекаде во светот.

Како е прикажан пред светот?

Во серијата е прикажан како самотник кој во Москва живее cо својата мачка. Тој на стар касетофон ги снима своите сеќавања за нecpeќата и касетите завитакни во весници ги крие за да не ги најдат агентите на КГБ.

Потоа тој се враќа во својот стан, ја нахранува мачката, пали цигара и се самoyбива.

Семејството демантира!

Како што раскажува неговата ќерка Инга, ништо од ова не е точно. Легасов бил еден од најголемите научници во поранешниот Советски сојуз. Откако се случила тpaгедиjaта од страна на тогашните власти бил испратен во советската република Украина да ги спречи натамошните пocледици. Наместо две недели колку што максимално било дозволено, тој останал во Чернобил четири месеци, постојано ги надгледувал нукеарните погони за да ја открие причината.

Бил изложен на paдиjaција од 100 рема, четири пати поголема од максималната доза од 25 рема. Набргу почнал да ги покажува првите знаци на радиjaцијата, потемнување на кожата, губење на косата, кашлање и несоница.

-Нему главна цел не му беше оправдување, критика на Советскиот сојуз или пак сокривање на информации туку едукација што треба да се прави во такви ситуации-раскажува неговата ќерка.

Спортските херои од Прилеп: Џудо клуб “Бушидо” со 17 медали од Меѓународниот турнир во Србија

Џудо клубот “Бушидо” по втор пат зеде учество на Меѓународниот турнир “Сребрено Језеро” во Велико Градиште, Србија. На турнирот кој траеше два дена, односно 8 и 9 јуни, боите на клубот ги бранеа 17 натпреварувачи.

Прилепчани се враќаат во Македонија со уште еден голем меѓународен успех, односно 17 медали од исто толку натпреварувачи.

Следниот подвиг на клубот ќе биде Меѓународниот џудо турнир во Струга кој ќе се одржи на 22 јуни.

Битолчанецот и спортски амбасадор на Македонија во Оман после две години се врати во ММА борбите – Победи и го развиори сонцето од Кутлеш (ВИДЕО)

После две години пауза, битолчанецот Ристо Димитров Чурино, победнички се врати во рингот на ММА борбите.

Тој синоќа во Нашице во Хрватска, се бореше со Михајло Рајиќ од Србија и успеа да триумфира со прекин во првата рунда.

Димитров работи и живее во Оман. Тој е неколкукратен национален и интернационален шампион во Бразилско Џиу Џицу, Граплинг, Самбо, ММА и што уште не. Неговата спортска кариера е исполнета со толку многу успеси и признанија што тешко дека можат да се набројат сите. Од пред две години се наоѓа во султанската држава Оман, каде работи како ММА тренер во UFC GYM Omаn. Неговите ученици се првите кои донесле интернационални медали за Оман, а работата на Ристо е гордост на оваа држава. Неговите и успесите на учениците се вреднувани и поддржани од државата. За разлика од тоа во Македонија не добил ниту една благодарница, ниту пак некаква финансиска поддршка. Со него разговаравме за сите досегашни достигнувања и идни планови во спортската кариера.

“Очекував тешка борба, но ја среќа ја добив во прват рунда со прекин, по акција која е наречена “полуга на рака“ – “армбар“, или на напонски “Juli Gatame“. Противникот не беше ни малку наивен, но ете со една одлично подтотвена и изведена акција, ја добив борбата и со победа се враќам на рингот”, изјави Димитров за порталот “Bitolanews.mk”

Неодамна Димитров даде интервју за Маркукуле.мк, каде објасни се околу неговата спортска кариера и досегашни успеси.

Битолчанец е вистински македонски амбасадор на Блискиот Исток, а од Македонија не добил ниту благодарница: Спортска сторија која вреди да се прочита

Младите боксери од “АС” – Прилеп брилијантни во третото коло од Бокс лигата на Македонија: Клубот сезонава атакува на првото место (ФОТО)

На 08.06.2019 во спотската сала “Боро Чурлевски” во Битола, се одржа 3-то коло на бокс лигата на Македонија, во организација на БК “Пелистер 2007” – Битола.

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп под водство на тренерот Ѓорѓи Чатлески и секундантот Никола Василески настапи со 4 боксери: Дамјан Талимче, Леонардо Ангелески, Ерѓун Бајрамоски и Мартин Алексоски.

По правилата на БФМ на ждрепкана право за настап имаа само Ерѓун Бајрамоски и Мартин Алексоски. Нашиот боксер Мартин Алексоски издвојува победа со технички нокаут во првата рунда против Ертан Али од БК “Тернипе” oд Скопје, а Ерѓун Бајрамоски со убедлива победа од 3:0 го победи Филип Момировски од БК “Алексо Огненовски” – Охрид.

“Ова е голем успех на нашиот клуб и го држиме второто место во младинската бокс лига на Македонија, пред нас е само “Шкендија Но Лимит”. Имаме уште 5 кола пред нас и се надеваме на прво место оваа година. Минататa година бевме на второто место после БК “Баргала” oд Штип”, истакна тренерот Ѓорѓи Чатлески.

(ВИДЕО) Погледнете што ветувааше за спортот Градоначалникот

Ова се ветувањата на актуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, кои за развој на спортот ги даде во предизборието на локалните избори во 2017 година.

Дојдоа горештините: Сите ги правите овие грешки за да се разладите, мора да престанете со тоа

Обидувајќи се на брзина да се разладат, луѓето прават голема грешка, па наместо на нивното тело да му биде попријатно, станува полошо.

Голема грешка е за време на големите горештини да се пие студена вода или сокови со многу мраз, бидејќи тогаш на течноста и е потребно повеќе време да се рашири низ телото и да го хидрира.

Поради тоа, идеално е за време на летото да се пие вода на собна температура, бидејќи така телото најбрзо ќе има корист од неа.

Водата е секогаш подобар избор од соковите.

Исто така, иако можеби е тешко да се замисли, добро е да се пие и топол чај, но само кога надвор воздухот е сув, не влажен.

ЛЕ ПЕН ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Никој нема да влезе во ЕУ до 2025 година ние сме против проширувањето на Унијата

Ле Пен потсетила дека нејзината партија се бopи пpoтив политичкиот сиcтем кои ја претставува ЕУ и поради тоа е пpoтив принципите на проширување.

– Paдикално се пpoтивиме на поддршка на ЕУ иридентизмот, кој има за цел да ги ocлаби нациите така што ќе ги растури“, изјавила, додека зборувала за косовскиот пpoблем, Марин Ле Пен, претседател на паријата за Назионално обединување, која на избори за Европски парламент освоила најмногу гласови во Франција

– Движењето со кое претседавам отсекогаш се пpoтивеше за независност за Косово водејќи сметка да се испочитува Резолуцијата 1244 на СБ при ОН – рекла Ле Пен. На прашање дали мисли дека Србија треба да влезе во ЕУ и дали 2025 година е реален датум, Ле Пен потсетила дека нејзината партија се бopи пpoтив политички систем кој ја претставува ЕУ и дека поради тоа е пpoтив таквиот принцип за проширување.

– Не верувам дека Србија има интерес да се интегрира во овој систем. Политичката yцeна пpoтив Унгарија, која со право oдбивaшe мигpaнтски квоти, како и зачестената политика која се плетkaла во Европските комисии во политичкиот живот на држави членки се сигнали на пpeдупредување кои не треба да се занемapат – смета таа.

Зборувајќи за односите на Франција и Србија, таа истакнала дека во прашање се доста стари пријателските односи, кои како што рекла, времето не ги променило.

Извор: infomax.mk

Озил и неговата избраничка направија потег за почит: Наместо скапи подароци одлучија гостите да вложат во нешто друго (ВИДЕО)

Фудбалерот на Арсенал , кој се женеше завчера , а кум му беше турскиот претседател Ердоган, реши заедно со сопругата, инаку Мис на Турција, Амине Ѓулсе, да се откажат од свадбените подароци.

Свадбата се одржа во Истанбул, каде над 300 гости уживаа во веселбата во луксузен хотел на Босфор.

Иако во Турција е обичај младоженците да се даруваат со скапи подароци и злато, младоженците побараа гостите да вложуваат во фонд за лекување деца.

До Охрид одете со автобус или точак: Изгор цени за паркинг во строгиот центар

Со новиот летен сообраќајен режим во Охрид повторно со нови цени. Имено во Охрид од Јуни до крајот на Август веќе е пракса да се менува сообраќајниот режим во полза на туристите.

Во строгиот центар на Охрид на градскиот плоштад пракирањето во времтрање од еден час ќе чини сто денари. На влезот кај рампата кведнаш до Охрдиската пошта ќе се подигнува билет, со кој ќе може само поминување или кратко запирање на плоштад. Жителите на стар град ќе ја поминуваат и втората рампа која се наоѓа кај градското пристаниште, а оние пак кои ќе сакаат да паркираат на плоштад ќе мора да плаќаат 100 денари од час.

Коментарите на граѓаните поделени. Некои мислат дека поскапувањето е исправно, бидејки е тоа сепак центар и дека е тоа по теркот на сите туристички места. На пример во строгиот центар на Дубровник еден час паркинг чини 6 евра. Па според тоа кој сака да паркира на плоштад нека плати.

Граќаните сметаат дека наплатата со особи е примитивна и веруваат дека наплатувачите на тој начин го олеснуваат буџетот на општината.

Извор: “Магазин.мк”