дома блог страница 3266

Лавицата му ја гризеше тренерката, а Русинот викна еден лав за да му помогне (ВИДЕО)

Лавицата запнала да му ја изгризе тренерката, дури и ја удри со влечка по главата, а таа не попушти.

Тогаш упорниот Русин повика еден од мажјаците да му помогне и да си ја собере “невестата”.

Погледнете што се случи:

Убаво погледнете го пасошот пред да тргнете на пат: Колку месеци пред истекот може да патувате во странство?

Сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на пасошот.

Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница.

Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.

Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет.

Не заборавајте – детските пасоши имаат пократок рок на траење.

(ВИДЕО) “Градоначалникот не кажа кога ќе е готов ветениот нов театар од предизборието?”

Со претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ а во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје, синоќа беше отворен 54.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски рече дека театарската сцена е место од каде извираат безвременски пораки, мудрости и вредности, вткаени во ризницата на нашето богато културно творештво.

„Свесен дека стојам пред градот кој има силен идентитет, кој се препознава по инспиративните културни и духовни вредности, кој е ризница на историско и културно паметење преточено во феноменот – театар. Затоа оваа тема внимателно ја промислуваме и одлучуваме преку анализа на специфичните околности на времето во кое живееме. На нашиот град како субјект со силни културни пулсирања, овој проект му го должиме“, истакна градоначалникот Јованоски.

Меѓутоа, Јованоски не кажа ништо за ветувањето за изградба на нов театар во Прилеп, ветување кое актуелниот градоначалник го даде пред локалните избори во 2017 година.

Герила акција во Советот на општина Неготино: Црвен будилник и кафе подарок за градоначалникот

На 27-та редовна седница на Советот на Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков доби интересен подарок. Имено, советникот Зоран Стојанов од редовите на ВМРО ДПМНЕ излезе на говорницата, носејќи со себе црвен будилник и кафе, како симболика администрацијата конечно да се разбуди и да се разработи. Бидејќи Делков не присуствуваше на седницата, Стојанов му го остави на неговото празно место во салата – oбјави “Фокус”.

Целосниот текст прочитајте го ТУКА

(Видео) Секоја страна има своја приказна: Русите снимаат своја верзија за Чepнобил – решија да го откријат вистинскиот виновник

Руската телевизиска мрежа најави дека ќе сними своја верзија за серијата “Чepнобил”.

Руската телевизија НТВ наводно веќе започнала да ја снима серијата во Белорусија, а виновникот за трагедиjaта е заговор на ЦИА.

Бесни поради неверојатниот успех кој го постигна серијата на “HBO”, Русите ќе снимаат сопствена верзија на настаните, во режија на Алексеј Мурадов.

Анкета: “Дали градоначалникот на Општина Прилеп треба да си поднесе оставка?”

Пред извесно време од Антикорупциската Комисија истакнаа дека разгледуваат можност за поднесување на иницијатива за кривична одговорност на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски за вработување на негова роднина во општината.

После оваа објава, со прес конференција излегоа и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде посочија уште неколку примери во кои се вработени роднини на градоначалникот.

Поради тоа решивме да ја прашаме јавноста, “Дали Јованоски треба да си поднесе оставка од градоначалникчката функција?”

Жална Македонија! Со просек (9,2), Специјалист и Магистер по европско право во Франција, бил одбиен за вработување како “неуреден”

Политичарите често зборат како да ги задржиме младите во Македонија, како да им се даде шанса на млади и добро образовани кадри, и колку е потребно да се вреднува квалитетот, без оглед на партиската припадност или социјален статус. Но, случајот со Симон Андов од Неготино, млад човек кој студирал во Скопје, Франција и Италија, кој говори три европски јазици и има висок просек, и што е најважно, кој има мотив и ентузијазам да работи за сопствената држава, уште еднаш покажува дека државата најчесто сама си ги брка најквалитетните кадри. Конкурирал за вработување во МНР, со многу верба и труд, но бил одбиен без многу објаснувања. Симон Андов има одлични дипломи и завидна биографија, но најверојатно ја немал вистинската партиска книшка. Штета за Симон, но уште поголема штета за Македонија.

Фејсбук статусот на Симон Андов од Неготино го објавуваме во целост:

“Од 2010 година почнав да сонувам. Сонував насекаде, од Македонија, па во Франција, Хрватска сѐ до Италија. Во 2018 година се вратив за тоа што бев спремен сонот да стане јаве. Го чекав конкурсот за дипломати на Македонија. Го чекав со месеци. Всушност, не чекав туку работев и придонесував на секој начин на кој умеев. Во меѓувреме, конкурирав во меѓувладина организација во Италија. Ме примија. Солидна позиција, коректна плата, совршена држава. Заминав.

На крај од 2018, конечно го објавија конкурсот за дипломати. Додека го читав огласот сменив температура на три годишни времиња, од топол бран до есенски ветер и на крај замрзнав кога видов – плата од 16.699 денари. Си реков од живеење пак да се вратам на преживување? Да, но сега е моментот! Не сакам да лажам, имаше многу денови кога ме враќаше помислата, се убедував и разубедував самиот. Но на крај на денот секогаш заспивав со мислата дека сепак треба да се вратам за да пробам! За мене, за фамилијата и за мојот народ!

Почнав да припремам документи – нострификација (6.000 денари), сертификат англиски (3.000 денари), да бидам поконкурентен извадов и сертификат по француски (4.000 денари), потврда за неосудуваност (600 денари), трошоци за заверка кај нотар (1.000 денари), сертификат за познавање компјутерски програми (3.000 денари). Си помислив, скокнал стандардот и за аплицирање, како ли му е на оние кои се невработени и аплицираат за работа (па никаде во Европа го нема ова, ама ајде да не се правам многу паметен).

На оваа пресметка треба да се додадт и уште околу 25.000 евра за студиите. Ма добро – за каузата вреди да се живее – за мене, за фамилијата и за мојот народ!

Еден од документите беше ДОКАЗ за општа здравствена состојба. Пратив мејл до Агенција за администрација со молба за одговор „кој документ е потребен и рокот за негова важност“. До денес не добив одговор. Во меѓувреме, татко ми се конслутира со матичен лекар, кој предложува лекарско уверение (1.500 денари) или потврда од лекар. Си реков лекарско имам од пред две години, анексиран со потврдата веројатно ќе се прифати. Или во најмала рака ќе се побара дополнителен документ во наредната фаза. Чунки кандидат за ЕУ, Европа, вредности! Чунки градиме нова дипломатска фела на државата!

Си ја наведнав главата и се прашав: зарем дипломиран правник (со просек 9,20), специјалист и магистер по европско право на ЦЕИ во Нанси, Франција, магистер по европска интеграција на универзитетот во Ремс, Франција, човек кој бил дел од Извршниот совет на УНЕСКО во Париз (2015), Постојаната мисија на Македонија во ЕУ во Брисел (2015), Министерството за надворешни работи на Македонија (2016), Централно-европска иницијатива, Италија (од 2018 до денес) – ЗАСЛУЖИЛ ДА БИДЕ ОТФРЛЕН КАКО НЕУРЕДЕН КАНДИДАТ? Зарем неуреден човек, би успеал да го постигне ова до 27 години и уште да ја одржи силната желба да се врати за свесно и совесно да се вложи во државата? Да се разбереме, не очекував црвен тепих и државни почести ниту загарантирано работно место – единствено сакав да го поминам целиот проес на конкурсот како што тоа го прават моите колеги во нивните држави.

Ех мои луѓе! Ми горче во душата! Ме печат очите, а душата сака да викне! Не само за мене. За сите оние кои заспиваат со желба еден ден да жнеат на својата плантажа. Кривци еден куп. Кој во државата, кој веќе пребегани. Немам за цел да ги посочам со прст. Проблемот и не е нов. Не е ни единствен. Потребни се иницијативи и решенија за сите идни случаи, за да не биде доцна. Во наредниот период, писмо ќе испратам до претседателот на државата, премиерот и министерот за надворшени работи, ќе алармирам и ќе зборувам гласно.

За мене, за мојата фамилија и за мојот народ!

Ќе продолжам да сонувам. Кога ќе бидам спремен сонот да го направам јаве ќе се вратам. Не знам кога. А до тогаш – Збогум Македонијо! Симон Андов”

Maкедонец кој 15 години живее во Кина се соочи со “Северна”, па од знакот направи “парампарче” (ВИДЕО)

Драган Миташев од Штип веќе 15 години живее и работи во Кина како македонски промотер.

Моментално Драган е во Нингбо, град во североисточниот дел на провинцијата Жеџијанг во Кина, каде ја претставува Македонија на “Оne Belt Road” иницијативата како македонски шеф готвач на наши јадења и култура – изјави Драган за Маркукуле.мк.

Денеска Миташев на настанот во Нингбо се соочил со натписот “Северна Македонија”, па се качил на скала и знакот “Северна” го пресекол на половина со нож.

(Видео) Дива свиња направи хаос во белградски ресторан: Погледнете што се случи на крај!

Од ресторанот веднаш ги повикале ветеринарните работници кои го земале малото прасе и го однеле неопвредено.

Но тоа не е се, дивите свињи често се појавуваат во центарот на Белград. По денешната снимка од Калемегдан погледнете како пливаат покрај Бетон салата во офанзива кон центарот на градот.

(ВИДЕО) СПАСОВСКИ: Зборот важи, денес го градиме нашето утре, изградивме 480 км патишта

Изградивме 480 км патишта, реконструиравме 10 железнички станици и 216 км гасовод, објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Децата ширум земјата добиваат 23 нови градинки и 6 нови основни училишта. Денес го градиме нашето утре. За нашите деца, овде, во нашата земја! Две години заедно со СДСМ. Две години промени. Две години „Зборот важи“, објави Спасовски за успесите на СДСМ и Владата.