дома блог страница 3262

Милениците на македонската публика ги коментираат статусите за нив на социјалните мрежи: “Добивме љубов за цел живот” (ВИДЕО)

Спортските коментатори од “Арена Спорт”, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, кои станаа миленици на македонската публика и кои со цело срце и душа навиваа за Вардар, за српскиот портал “Мондо” го коментираат искуството и статусите по социјалните мрежи на македонските љубители на спортот.

Тој е господар на височините и гордост на Прилеп: Борјан Јованоски повторно на пиедестал, во Романија го освои второто место (ФОТО)

Изминатиот викенд во Романија, се одржа дел од Европската лига или Европску Куп, каде учествуваа најдобрите параглајдеристи од Европа.

Како на тренинг Борјан Јованоски од Прилеп, со леснотија после 7 серии заврши на второто место и го задржа континуитетот на одлични резултати.

Ова се нови бодови за него со кои атакува на првото место на светската ранг листа, но и бодови за Македонија која се повисоко котира како нација во овој спорт.

За овој и претходните успеси денеска Борјан Јованоски, кој е член е параглајдинг клубот “Делта” од Прилеп, ќе има прием во Агенцијата за млади и спорт.

Интересно од ова последно натпреварување е тоа што апликацијата беше со името Македонија.

(Видео) Грми “Македонија, Македонија” во Националната арена Филип Втори

Фудбаската репрезентација на Македонија го игра четвртиот натпревар во рамките на “Група Г” на квалификациите за Европското првенство.

Нашашта репрезентација поведе со автоголот на Хинтерегер во 18-та минута, додека Лазаро стрелаше за изедначување на Австријците во 39-та минута.

Овој натпревар е од голема важност за нашата репрезентација, особено поради фактот што се работи за борба за второто место во групата.

Останува уште едно полувреме, а нашите фудбалери ќе се обидат да ја искористат и огромната поддршка од трибините каде атмосферата е пеkoлна.

Мицкоски: Ако има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе формира нова влада

Христијан Мицкоски на Топ Тема вечерва истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и дека победата е извесна.

-Јас сум убеден дека победуваме, формираме влада и тогаш вистински Македонија ќе биде пред вратата на ЕУ, вели Мицкоски.

Тој вели дека не верува дека има ќе има некаков пост изборен инженеринг, и тешко ќе се дозволи да има калкулации врз победата на ВМРО-ДПМНЕ која што е ќе биде извесна на следните избори.

-Доколку има такви избори, но не верувам, затоа што имаме работа со луѓе кои што не секогаш стојат на зборот и најчесто не ја кажуваат вистината, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нова пародија на битолчаните од “Празни муабети” директно од Тепсија кај Баиро: Слушнете ја “Жолта ланска” (ВИДЕО)

Комичарите од битолското комично шоу “Празни муабети” направија нова пародија, овој пат на песната “Еres Тu” oд Алабина и Џипси Кингс.

Слушнете ја “Жолта ланска” во продолжение:

Хорор прашума во центарот на градот: Административци во Прилеп работат во крајно мизерни услови и стравуваат за својата безбедност (ВИДЕО)

Руинирани ходници, тавани пред распаѓање, клозети во мизерна состојба, а капак на се и цела прашума околу објектот.

Во вакви услови работат административците во старата општинска зграда во Прилеп, каде секојдневно стравуваат да не доживеат повреда на работното место.

Во оваа зграда моментално функционираат: Управата за имотно правни работи, Инспекторатот и подрачното одделение за земјоделие, подрачното одделение за правда, канцеларија на министерството за транспорт и врски, подрачно одделение на министерството за економија, пазарниот инспекторат, Општинската изборна комисија и уште десетина невладини организации од кои 2-3 за деца со посебни потреби.

Еве како изгледа просторот околу задниот влез на старата општинска зграда и условите за работа во внатрешноста:

Детали за синоќешниот пожар во кој гореа два автобуси во Прилеп

На 10.06.2019 година во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар на два автобуси „Сетра“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на фирма од Неготино, кои биле паркирани пред влезот за возила во автобуската станица во Прилеп. Извршен е увид – пишува кратко во соопштението од МВР.

Златески: “СДСМ ги урниса и ФК “Победа” и РК “Прилеп” – од најспортски град, станавме град без спорт?” (ВИДЕО)

Пипците на злото наречено СДСМ уништија се’ што допреа и ги разорија сите свери на општественото живеење. После две години владеење на централно и локално ниво, не само што не изградија ништо, не само што не исполнија ниту ронка од ветениот живот за Македонија, туку и го урнисаа она што во последно време е национална гордост, а тоа е спортот – истакна на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Никола Златески, претседател на Унијата на млади сили од Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Неспособноста на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, резултираше со два второлигаши во наредната спортска сезона.

Фудбалскиот клуб Победа и ракометниот клуб Прилеп, од наесен ќе настапуваат во понизок ранг на натпреварување, иако се ветуваше создавање на европски клубови, со европски буџет и европски услови за работа.

Жално, но вистинито, клубовите кои живот значат за Прилеп и прилепчани, се доведени во катастрофална состојба, а властите како и за се друго мува не ги лази.

Излегоа на површина лажните ветувања за враќање на епитетот најспортски град во државата, за изградба на спортска сала во ОУ “Кире Гаврилоски”, за реновирање на спортската сала “Македонија”, реновирање на поранешната Соколана и повеќе пари за спортските клубови.

Градоначалникот ветуваше и реновирање и пуштање во употреба на Универзалната сала, изградба на спортска сала во ОУ “Koчо Рацин”, спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, како и формирање на Совет за спорт во Прилеп.
Ова се само дел од големите лаги и доказ за неспособноста на оваа локална власт која нема разбирање и почит кон спортот и спортската традиција на градот.

Потсетуваме дека во време кога локалната власт ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, ФК Победа после долги години се врати во Првата фудбалска лига, а РК Прилеп играше во европскиот Челинџ Куп.

Благодарение на овие успеси и бодувањето кое клубовите го имаа во изминатите години, деновиве Победа доби ваучер од Агенцијата за млади и спорт во висина од околу 54.000 евра, а за РК Прилеп се издвоени 109.000 евра.
За жал, овие средсва клубовите ќе ги трошат во Втора лига, каде ќе се натпреваруваат со клубови од аматерски ранг”.

Природен рецепт: Вкусен напиток од 2 состојки пpoтив анемиja, acтма и холecтерол!

Смоквите се богати со калциум, калиум и цинк. Тие се одличен извор на железо, витамин А, Ц, Е и К. Во минатото, тие биле овошјето на кралевите, а денес ни помагаат да се справиме со многу модерни болecти.

Потребни состојки: 40 смокви и маслиново масло.

Начин на подготовка: Ставете ги смоквите во тегла и ставете маслиново масло додека теглата не се наполни до врвот. Затворете ја теглата и држете ги така околу 40 дена.

Јадете по 1 лажица од оваа смеса пред секој оброк. Таа е ефикасен лek пpoтив acтма, холестepол и анемиja.

(Видео) Малата храбра хероина: Ова девојче нема екстремитети, но нема да верувате што може да прави

Петгодишната Хармони-Роуз Ален, која по прележана тешка форма на менингитис останала без раце и нозе, не мирува.

Девојчето кое како бебе останало без рацете и нозете, се движи со помош на протези, но гимнастика вежба со љубов и без помагала. Малата Хермиони- Роуз оди на часови во Баскервилеската гимнастичка школа во местото Бат во Британија.

Нејзината мајка Фраја Хол (25), вели дека била загрижена како девојчето ќе ги почне часовите поради нејзиниот xeндикеп. Но, по тримесечна настава, мајката вели: “Од тогаш Хармони никогаш не погледна наназад”.