Тој е господар на височините и гордост на Прилеп: Борјан Јованоски повторно на пиедестал, во Романија го освои второто место (ФОТО)

Изминатиот викенд во Романија, се одржа дел од Европската лига или Европску Куп, каде учествуваа најдобрите параглајдеристи од Европа.

Како на тренинг Борјан Јованоски од Прилеп, со леснотија после 7 серии заврши на второто место и го задржа континуитетот на одлични резултати.

Ова се нови бодови за него со кои атакува на првото место на светската ранг листа, но и бодови за Македонија која се повисоко котира како нација во овој спорт.

За овој и претходните успеси денеска Борјан Јованоски, кој е член е параглајдинг клубот “Делта” од Прилеп, ќе има прием во Агенцијата за млади и спорт.

Интересно од ова последно натпреварување е тоа што апликацијата беше со името Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.