дома блог страница 3263

Конечно добра вест за возачите: Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Регулаторната Комисија за енергетика со одлука за цените на горивата и овој понеделник, како и секој според новите пресметки.

Од ноќеска на полноќ горивата на бензинските станици во земјава ќе поевтинат за 3, односно за 2,5 денари по литар.

„Супер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69,00 денари за литар, а исто толку се намалува и „Супер 95“ и ќе чини 66,50 денари. Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 60,00 денари за литар.

Се запали возило на автопатот Велес – Скопје (ВИДЕО)

Наш читател ни испрати видео од автопатот Велес-Скопје во близина на Петровец, каде попладнево се запалило возило.

Голем облак од дим се издигал од возилото, а не е познато дали има повредени лица.

Maкедонскиот амбасадор Симон Трпчевски е уживање за срце и душа во целиот свет: “Не си го продавај Кољо чифлигот” во преполна сала во Бразил (ВИДЕО)

Македонскиот виртуоз Симон Трпчевски предизвика бурни овации во концертната сала во Сао Паоло во Бразил.

Маестро Трпчевски пред преполната сала ја изведе познатата македонска песна „Не си го продавај Кољо чифликот“, во обработка на композиторот Драган Шуплевски.

Концертот на Трпчевски заврши со бурнии овации од публиката, а тој и вети дека на следното гостување ќе го претстави неговиот комплетен проект Македонисимо во Бразил и во други земји во Латинска Америка.

Чудо во манастирот “Крка”: Плаче иконата на Св. Архангел Михаил (ФОТО)

Икона на светиот Архангел Михаил во православниот манастир Крка, недалеку од Кистанија во Хрватска, веќе со денови „плаче“.

Овој несекојдневен настан никого не остави рамнофдупен.

Владиката Никодим за време на литургија соопштил дека иконата мироточи.

– Пред неколку дена во манастирот Крка проплака икона на архангел Михаил која стои на самиот влез на црквата, потврдил владиката.

-Вакви работи не се случуваат случајно.Оние кои не веруваат може да гонегираат тоа, но оние кои веруваат знаат дека ова не е случајност и дека нешто следи или можеби е опомена за нешто што правиме- рекол еден од локалните жители.

За сето ова е известен и патријархот Иринеј, кој вели дека ова што се случлува е вистинско чудо.

Пет медали за Џудо Клубот Сеишин од Прилеп на Меѓународниот турнир “Куп Сребрено Језеро” во Србија (ФОТО)

Џудо Клубот Сеишин Прилеп на 08.06.2019 зеде учество на Меѓународниот турнир во Џудо во Велико Градиште Србија “Куп Сребрено Језеро”. Сеишин настапи со вкупно 7 натпреварувачи во кадетска конкуренција, а освоени се 5 медали (1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени):

1. Стефан Талески -90 кг. 1 во место
2. Теодора Димеска -48 кг. 2 ро место

3. Ема Димитриоска -48 кг. 3 то место
4. Марија Талеска -52 кг. 3 то место

5. Јован Најдоски +90 кг 3 то место

Согласно вкупниот бодовен пласман во екипна конкуренција Женската кадетска екипа на Сеишин е прогласена за најуспешна на турнирот за што е доделен пехар!!!

Танцовото студио “New Generation” од Прилеп станаа државни прваци: Ќе ве освојат со нивната изведба и умешност (ФОТО/ВИДЕО)

Во саботата, во Скопје, се одржа Државното Првенство во модерни танци на Република Македонија М.А.М.Т, каде танцовото денс студио “New Generation” од Прилеп зеде учество и се покажаа на најдобар начин. Вкупниот биланс на прилепските артисти е 24 медали и 3 пехари.

Државното првенство се одржа во малата сала во спортскиот центар “Борис Трајковски”, а учество зедоа околу 1.600 натпреварувачи од 18 национални клубови во нашата држава.

“Можиме слободно да кажеме и сме горди дека сме најдобра група во нашата држава во STREET SHOW DANCE, каде во формација го освоивме првото место и тоа во голема конкуренција.

Со овој успех ни се отвара вратата да земеме учество на Европско натпреварување во ова категорија и да ја претставуваме МАКЕДОНИЈА…

Исто така во “Техно денс” категорија нашите помали членови го освоиа првото место. Ивана Богојевска беше прво место во соло категорија на Street Show Dance; Ана Цветаноска второ место во Electric Boogie и најголемо изненадување е успехот на Елена Апостолоска, каде во конкуренција на ХИП ХОП од 60 танчери го освои високото четврто место”, истакна Оливе Богојевски, тренер на танцовата група “New Generation”.

Прилеп треба да се гордее затоа што за прв пат од нашиот град токму Богојевски, беше и национален судија на ова Државно првенство М.А.М.Т.

Сонце, па пороен дожд и грмежи: Еве какво време не` очекува

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималните температури ќе се движат од од 11 до 19 степени, а максималните од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата од 15 до 31 степен.

Под влијание на топла воздушна маса од југ и во наредните денови ќе продолжи периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на седмицата.

Видео од пожарот во автобуската станица во Прилеп: Гореле два автобуси

Синоќа околу 02:30 часот, на паркингот од новата автобуска станица во Прилеп гореле два автобуси кои тука биле паркирани.

Причината за пожарот засега е непозната, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица истиот е изгаснат.

Повеќе информации подоцна…

Болно детенце побарало прегратка од Роналдо: Фудбалерот повторно покажа колку е голем човек (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го разубави денот на едно болно детенце. Тој нареди автобусот на Португалија да застане за тој да се слика со младиот фан и да му даде потпишан дрес.

Роналдо сега е во фокусот поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Тој уште еднаш покажа дека е голем човек и нареди автобусот на Португалија да застане за тој да му ја исполни желбата на еден млад фан.

Пред „Естадио до Беса“ стоеше детенце кое во рацете држеше транспарент на кој пишуваше „Кристијано прегрни ме“.

Автобусот со кој патуваа репрезентативците на Португалија застана, детето се качи, се сликаше со својот херој и доби потпишан дрес од Кристијано Роналдо.

Медиумите од Португалија пишуваат дека Кристијано Роналдо му го разубавил денот на малиот Едуардо Мореира, кој со години се бори со ретка болест.

(ФОТО/ВИДЕО) Огромен смок во училишен двор во Прилеп?

Наши читатели ни испратија фотографии и видео од голема змија која била забележана во школскиот двор на средното општинско училиште “Ристе Ристески-Ричко” во Прилеп.

Топлото време ги раздвижи рептилите, па граѓаните треба да бидат особено внимателни со оглед на тоа дека ова не е прва ваква појава во градот.

Видеото од змијата изгледа застрашувачки, а според изгледот веројатно се работи за смок.