дома блог страница 3261

Се наоѓа на само 30-тина км. од Прилеп и зрачи со посебна убавина: Манастирот има лековити води и потекнува дури од 17 век (ФОТО)

-Храмот од 17 век со безценетиот фресцоживопис одолева стаменито на времето со Божја сила и промисла

Подножјето на Баба планина го гушнало селото Слепче на 30 километри од Прилеп. Името го добило по извор над селото кој го нашле слепи луѓе, кои се измиле и прогледале.

На блага падина над село, во природен амбиент и длабока убавина, пркоси Божјиот храм со вткаени милениуми од “конци” историја, добродетелен живот и тајна на православието.

Околу девствена претстава на природата. Ореви, тополи, печурки. Вода блика од околните чешми. Во манастирскиот двор луѓето бараат утеха и “лек” од Петочната и Св. Неделската вода.

Манастирскиот комплекс е ограден со камени ѕидови од 1860 година. Импресионира совршената чистота, уникатноста на конаците и целокупната уреденост. Манастирот е културно-историски споменик од 17 век под заштита на Завод и Музеј.

Црквата Св. Никола, на “тумбе” во дворот, изградена е 1671 до 1673 година од светештеници, монаси и 40 мирјани.

Храмот е еднокорабна градба од кршен камен поврзан со варен малтер, по техника типична за исламската скромна и неинтересна архитектура. Потсетува на поголема селска куќа. Скромните средства на ктиторите диктирале каква ќе биде.

Уникатен фрескоживопис и иконостас

Плени фрескоживописот од 17 век. Разни слики на светители – Богородица, Христос, Големи празници, Христовото страдање. Грижливо избрани и вешто распоредени по ѕидовите и сводовите на храмот. Уникатен и единствен, тесно врзан со реткиот “здив” на византиската уметност.

Зачувани се 23 сцени на олтарскиот простор и во наосот од пофалната химна на Богородица – Актистот на Богородица. Циклусот Големи празници е декориран преку 12-те сцени – Благовештение, Раѓањето Христово, Сретение и други, а Христовите последни денови раскажани се преку сликите насликани на 24 сцени.

Анонимните сликари ја креирале душата на црквата. Поседувале духовен ритам, складен со црковниот. Ликовите од фреските се смирени, без динамика, зрачат со духовна светлина, карактеристична за сликарите од 16 и 17 век.

Деизисот и апостолите ги сликал зографот Пео од Богомила во 1665 година. До 1916 година црквата ја красел позлатен резбарен дрвен хорос (полилеј). Тоа е светилник кој обично стои насредина и е украсен со многу светилки или свеќи. Дрвениот иконостас е еднокатен, доцновизантиски, работен во плитка резба од 17 век.

Со прекрасен орнамент од преплет во посебна резба со нагласена релјефност. Инспириран е од ренесансната уметност особено од италијанската гравура, и е едно од подобрите резбарски остварувања во Македонија од тој век.

„Грамадни“ камени конаци до дрвен декор

Во 1860 година дограден е трем. Тогаш нов конак ги распослал своите камени ,,коски,,. со простран чардак. При крајот на 19 век, првите луѓе од Слепче, Дабница, Небрегово со народот изградиле голем двокатен конак со седум простории со чардак, а во визбите биле шталите и амбарите за жито.

Манастирот бил многу богат со плодни ниви, ливади, шуми, кози, коњи, овци, волови. Имотот бил ,,запустен,, во 1903 година, а го презел селскиот поп. Пред 108 години пламени ,,јазици,, го ,,голтнаа,, манастирот без црквата.

Денешниот лик укажува на грчевита борба за опстанок. Североисточниот конак е руиниран, запоставен, покривот од црквата ,,капи,,. Кога врне се оштетува фрескоживописот, а глетованата порта чека ,,дозвола,, за фрескоживописување, заглавени низ лавиринтите на системот. Нешто било реновирано.

Едниот камен конак е поплочен со цемент, со нова дрвена ограда, на која свое катче си нашле расцутени цвеќиња. Четири години мераклиски ги негуваат двајца домаќини на манастирот.

Манастирската економија располага со овци напасувани од двајца овчари. Вештите раце на Цена мајсторски прават вкусно сирење. Домаќините се подготвуваат за зимата. Амбарите се полни, а во ѕидот на камениот конак како венец наредени исцепени дрва.

Двете клепала екнуваат за празник од чардакот.

– За славата на Манастирот – Варвара и Св. Никола се собираат над 350 луѓе. Верници и обични љубопитници – кажува свештеникот.

Во манастирското спокојство секој може да слее молитва со душа и срце и Божја енергија да го облее.

Во триесеттите години од 19 век, никнало манастирско училиште, кое одиграло голема улога во препишувачката традиција во овој крај.

Извор: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ“

Прилеп не доби нови возила за брзата помош од новите 12

Министерството за здравство информира дека се пуштени во употреба новите шест возила за Итната медицинска помош (ИМП) при Здравствен дом Скопје. Амбулантните возила се регистрирани, доопремени со потребната медицинска опрема и од синоќа се во функција за потребите на граѓаните на градот Скопје и околните места. Со овие возила, за 100 проценти е зајакната ИМП.

Останатите шест амбулантни возила, наменети за Здравствен дом Крушево, Здравствен дом Крива Паланка, Здравствен дом Берово, Здравствен дом Кичево, Општа болница Струга и Општа болница Дебар ќе бидат пуштени веднаш по завршување на административно-техничките работи.

Во отворена и транспарентна постапка, Министерството за здравство набави 12 нови возила за Итната медицинска помош и заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра.

Вардар има нов тренер: Нов Шпанец седнува на клупата на Европскиот шампион

Европскиот, регионален и македонски шампион Вардар, го назначи третиот Шпанец кој ќе седне на клупата.

После Раул Гонзалез и Роберто Парондо, уште еден Шпанец ќе се обиде да ја крене шампионската титула во Лигата на шампиони идната година.

Се работи за Давид Писонеро кој во Вардар доаѓа од клупата на Ваљадолид, тим кој заврши на седмата позиција во Шпанската АСОБАЛ лига.

Писонеро потпишал двегодишен договор со црвено-црните.

Новинарот Васко Ефтов има снимено емисија за најголемата нуклeapна kатacтpoфа во Чернобил и тоа директно од градот Припјат (ВИДЕО)

Новинарот Васко Ефтов во 2013 година снимил емисија за најголемата нуклеарна катастрофа која во 1986 година се случила во нуклеарната централа во Чернобил.

Ефтов бил директно во градот Припјат и раселените села во забранетата контаминирана зона околу нуклеарката.

Во емисијата станува збор и за така наречениот “балкански канцер” и нивото на ураниум кој постои на територијата во Србија, БиХ и Косово, а е предизвикан од бомбардирањето со гранати со осиромашен ураниум.

Целата емисија во траење од 60 минути погледнете ја во продолжение:

Дожд, па пеколни температури со над 35 степени- еве какво време не очекува за време на споениот викенд во Македонија

Од четврток времето ќе биде сончево и многу топло со максимални температури кои на повеќе места ќе го надминат 35-тиот степен.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во петок максималните температури ќе достигнат до 39 степени, а во сабота до 38 степени.

Локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува уште утре попладне.

ВМРО-ДПМНЕ доби нов пратеник во Собранието: Еве кој ќе седне на местото од Груевски

По констатирањето на оставката на оставката на поранешниот премиер Никола Груевски, на негово место во парламентот ќе седне Ѓоко Камчев.

Тој е следниот од листата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица на парламентарните избори во 2016 година. Камчев бил 11тото место на листата чиј носител беше Груевски, кој тогаш како лидер на партијата, беше носител на листа во „четворката“ за директно да се соочи со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Спикерот Талат Џафери решил да ја почитува праксата и како во изминатите шест случаи од овој мандат, да ја констатира и оставката на Груевски без тнегово присуство на седницата.

До пред стартот на седницата постоеше дилема дали оставката на Груевски од Унгарија, откако беше преведена, треба да се констатира или пак да се гласа за заклучокот за одземање на мандатот поради шестмесечно неоправдано отсуство на комиисјата за мандатно имунитетни и деловнички прашања.

Смеса која може да ја направите сами – ви требаат само 3 состојки, а комарците ќе бегаат од вас

Со доаѓањето на топлите денови, големи проблеми во домот создааат разни инсекти – муви, комарци, смрдливки и многу е тешко да се ослободите од нив.

Постои едноставен трик со кој сами ќе можете да ги елиминирате.

Потребно ви е:

-половина шолја растително масло

-половина шолја шампон

-половина шолја оцет

Сите состојки ставете ги во шише и добро измепшајте, а потоа испрскајте разни површини во вашиот дом. Мешавината не е токсична и сигурна е за користење доколку во домот има деца и домашни миленици, а многу е ефикасна против инсекти од било кој вид.

Обрнете внимание ! Ако лубеницата има процеп, веднаш фрлете ја

Сезоната на лубениците доаѓа, а новото откритие фрла сенка на уживањето во овој прекрасен зеленчук, за кое генерално се верува дека е овошје.

Освен што ќе ја изгаси жедта, лубеницата е одлична храна за губење на тежината, бидејќи брзо наситува, а при тоа нема премногу калории. Исто така, има благ диуретичен ефект, па затоа не е ни чудо што многумина ја препорачуваат. Но, не се сите лубеници добри за здравјето, згора на тоа, некои можат да бидат многу опасни.

Најверојатно веќе сте налетале на лубеница која има пукнатини во внатрешноста. Постојат две причини зошто тоа се случува, а една од нив е дека доцна е набрана, па се “намалила” нејзината содржина. Токму “таа” лубеница која премногу созреала ја обожуваат поради нејзините шеќери.

Меѓутоа, неодамнешната случка која се случила во Кина, каде што земјоделците претерале со пестицидите и предизвикале масовно напукнување на лубениците, привлекла внимание на светската јавност на пукнатините во нејзината внатрешност, кои се резултат на дејството на пестицидите кои го забрзуваат зреењето.

Тој вид на пестицид, освен што го забрзува растот, создава пукнатини и текстурата на лубеницата ја претвора во “прав”, и во најлош случај, може да има многу негативни последици за здравјето. Испитувањата на животни кои биле изложени на пестициди преку храната покажале зголемен број на тумори и уролошки проблеми.

Како да се справите со овој проблем?

Единствен начин е да имате доверба во оној кој ја продава лубеницата …

Извор: “Република.мк”

Maкедонија денеска патува за Турција: Во нашиот состав недостасува еден клучен играч

Сениорската репрезентација на Македонија денеска патува за Турција каде што во Ескишехир ќе го одигра мечот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство. После денешниот последен тренинг во Скопје, Брестовац ги одреди патниците за овој натпревар и ќе смета главно на веќе проверени ракометари.

Брестовац мораше принудно да се откаже од услугите на Дејан Манасков кој поради повреда не е во можност да настапи на двете средби. Во Скопје останува и неговиот брат Мартин Манасков, а ќе ги нема и Филип Арсеновски, Мартин Томовски, Горан Крстевски и Мартин Серафимов.

Тоа значи дека за Турција утре заминуваат Лазаров, Ристовски, Митревски, Маџовски, Димитриоски, Георгиевски, Костески, Стоилов, Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Талески, Кузмановски, Танкоски, Јагуриновски и Кукоски.

Натпреварот се игра утре со почеток од 18 часот во Ескишехир.

Позитива на денот која ќе ви го украде срцето: Татко и неговата мала ќеркичка го освојуваат целиот Балкан со нивните изведби (ВИДЕО)

Oвој татко и неговата мала ќеркичка веќе 7 месеци ги топат срцата на целиот Балкан со нивните заеднички преработки на песни.

Таа е толку малечка, а веќе знае цели текстови на песни и освојува со својата шармантност и мил глас.

Најновото видео е преработка на песната “Ако те питају” од Петар Грашо.

Погледнете, ќе ви го украдат срцето: