дома блог страница 3259

Туск со студен туш за Пендаровски: Нема подготвеност за отпочнување на преговори за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по средбата со претседателот Стево Пендаровски во Брисел изјави дека во изминатите две години Македонија ги испорачала сите прави политички сигнали кои ги очекувала ЕУ, при што централна тема на разговорите бил датумот за отпочнување преговори.

Вие направивте се што се очекуваше од вас. Но, сакам да бидам искрен, не сите земји- членки се подготвени да ја донесат одлуката за отворање на преговорите во наредните денови. Јас лично верувам дека може да има само една одлука, да започнат преговорите во линија со препораката на Европската комисија и за Северна Македонија и за Албанија. Прашањето денес не е дали, туку кога. Јас сум претпазлив, бидејќи за постигнувањето на консензус меѓу сите 28 земји- членки на ЕУ е потребно повеќе време, отколку што јас би сакал. Но, нема сомнеж дека местото на вашата земји и целиот регион е во ЕУ“, рече Туск.

Нема карти за натпреварот Македонија-Грција? Граѓаните на Струмица револтирано прашуваат каде се картите?

Уште 4 дена до натпреварот Македонија-Грција кој ќе се игра во Струмица, влезници нема баш никаде – пишуваат од порталот “Струмица денес”

“Секојдневно голем број на пораки пристигнуваат до нашата редакција со прашање од каде може да се купат влезници за натпреварот? Но, ниту ние како медиум немаме никаква информација каде се врши продажбата и дали воопшто ќе се врши. Затоа ЈАВНО ги прашуваме одговорните каде се влезниците? Во чии раце завршија? Дали ќе се врши продажба некаде?”, додаваат од порталот.

Што се случува со Анџелија Џоли: Фотографија која целосно ги загрижи фановите ширум светот

Анџелина Џоли повторно ги шокираше нејзините обожаватели. Изненадувањето што им го приреди беше крајно непријатно.

Иако драмата околу нејзината разделба со Бред Пит, одамна помина, Џоли продолжува да ја губи тежината. За време на посетата во Колумбија актерката успеа да го сокрие преслабото тело под широк долг фустан, но лицето и рацете и изгледаа најблаго речено застрашувачки.

Новите фотографии предизвикаа уште еден бран гласини дека Анџелина има сериозни здравствени проблеми. Пред извесно време во некои медиуми дури и излезе информација дека лекари и соопштиле на актерката многу тешка дијагноза, а таа во страв дека нема да живее долго веќе го подготвила тестаментот.

Еве кои се нови Претседатели на СДСМ по градови (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на општински организации на СДСМ, соопшти портпаролот на партијата, Костадин Костадинов. Половина од назначените се новоименувани.

Прилепчани растурија во Швајцарија: Три од три победи за борците на “Максам” во Винтертур (ФОТО)

На 8 јуни во градот Винтертур во Швајцарија се одржа меѓународен натпревар во Кик бокс дисциплини к1 и Таи бокс во организација на ICF “International Charity Fights”.

Учествуваа борци од многу држави Швајцарија, Германија, Албанија, Србија, Македонија, Косово, со свои претставници во машка и женска конкуренција.

Од нашиот клуб “Максам”-Прилеп настапија 3 натпреварувачи и сите тројца oстварија победи.

Марио Пеливаноски победи на поени против Ваид Ибрахими од Швајцарија во дисциплина к1, категорија 57кг.

Дино Пеливаноски победи на поени против Радојевиќ Стефан од Швајцарија, во дисциплина Таи бокс категорија 54кг.

Далибор Кафеџиоски победи на поени против Џулиан Пастори од Швајцарија, во дисциплина Таи бокс категорија 65 кг.

“Нашите натпреварувачи имаа одличен настап и покрај долгото патување беа подготвени кондиционо и технички. На крај на турнирот имаше професионални борби за титули, имаше одлични борци и борби. Едно големо искуство за нас, стекнавме нови пријатели нови контакти. Продолжуваме со работа и тренинзи не очекуваат нови натпревари на државно и
меѓународно ниво”, истакна Пеце Ангелески, тренер на прилепскиот клуб.

(ВИДЕО) Апокалиптично невреме во Словенија: Паѓал град со големина на тениско топче

Невреме проследено со град ги погоди синоќа јужните делови на Словенија, предизвикувајќи значителна штета.

Словенечкиот национален центар за вонредни состојби објави дека значителна штета е предизвикана во Кочевје и Чрномељ, како и во Рибница и Содражица.

Според љубљански медиуми, ангажирани биле 79 противпожарни бригади за да му помогнат на локалното население.

(ВИДЕО) Oтец Бобан кажува како правилно се одбележува Духовден: “Не раздавајте секаква храна на гpoбовите”

Православните христијани во недела ги празнуваат Задушница и Духовден, или ден кој во православниот календар е обележан како Слегување на Светиот Дух на Апостолите.

Отец Бобан Митевски, свештеник во црквата „Св. Николај Чудотворец“ во Аеродром, за “Сител ТВ” објаснува што е Задушница, а што Духовден, кога се оддава помен на починатите и зошто тоа се прави.

Црквата апелира дека треба да престане раздавањето на храна на гробовите за Задушница и ноќевањето на гробишта. Зошто тоа не треба да се прави и како правило се одбележува овој празник, слушнете во краткото интервју со отецот.

Претставата „Пиреј“ на прилепскиот театар, денеска на програмата од театарските игри „Војдан Чернодрински“

На програмата на шестиот ден од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп се промоција на театарска литература и уште една претстава во конкуренцијата за наградите.

Од 19.30 часот на сцената на матичниот театар, домаќинот, ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одигра претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Веднаш по претставата се разговорите на тркалезна маса и ќе биде соопштена оценката што ќе ѝ ја даде публиката на претставата.

Синоќа на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ публиката ја виде претставата на Албански театар од Скопје „Смртта на Дантон“ според Георг Бихнер во режија на Дино Мустафиќ.

Во Прилеп ќе се одржи боксерски спектакл: На 22-ри јуни сите на градски базен и да го поддржиме Ице Трајкоски (ВИДЕО)

На 22.06.2019 година, со почеток од 19:30 часот, на Градскиот базен “Маркови Кули” – Прилеп, ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.

Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски со скор 1-1-0, против боксерот Енсар Осман од Бугарија.

– После долга пауза со нашиот тим ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот “Оникс”, вели Дарко Чатлески – организатор на настанот и тренер на Ице Трајкоски.

– Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби и сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот во светската ранг листа, а публиката ќе може да ужива во оваа најплеменита вештина.
Сакаме да ја информираме јавноста дека нашиот тим одлучи доколку имаме временски неприлики ревијата да се одржи во спортската сала на комплексот “Маркови Кули”
– додава Чатлески.

Гвардиола одбил од Јувентус огромна сума за плата

Тренерот на Манчестер сити, Јозеп Гвардиола, ја одбил понудата да го предводи Јувентус.

Според „Еуроспорт“, италијанскиот шампион му понудил на 48-годишниот специјалист договор со плата од повеќе од 20 милиони евра годишно.

Позицијата на тренер во Јувентус останува испразнета по заминувањето на Масимилиано Алегри.

Главниот кандидат за позицијата на новиот тренер на „бјанко-нерите“ е тренерот на Челзи, Маурицио Сари.