Туск со студен туш за Пендаровски: Нема подготвеност за отпочнување на преговори за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по средбата со претседателот Стево Пендаровски во Брисел изјави дека во изминатите две години Македонија ги испорачала сите прави политички сигнали кои ги очекувала ЕУ, при што централна тема на разговорите бил датумот за отпочнување преговори.

Вие направивте се што се очекуваше од вас. Но, сакам да бидам искрен, не сите земји- членки се подготвени да ја донесат одлуката за отворање на преговорите во наредните денови. Јас лично верувам дека може да има само една одлука, да започнат преговорите во линија со препораката на Европската комисија и за Северна Македонија и за Албанија. Прашањето денес не е дали, туку кога. Јас сум претпазлив, бидејќи за постигнувањето на консензус меѓу сите 28 земји- членки на ЕУ е потребно повеќе време, отколку што јас би сакал. Но, нема сомнеж дека местото на вашата земји и целиот регион е во ЕУ“, рече Туск.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.