дома блог страница 3260

Трамп и Пенс едногласни, ставија забрана за поставување геј знамиња на американските амбасади

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во интервју за Ен-Би-Си (NBC) ја бранеше одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да забрани на амбасадите да се вее знамето на виножитото во текот на месецот (јуни), кога се организираат геј паради.

Според Пенс, забраната е „вистинската одлука”. Потпретседателот на САД рече: „Ние се гордееме што му служиме на секој Американец”, но „кога станува збор за американските амбасади и главните градови во светот, само едно американско знаме се вее”.

Пенс, кој претходно беше критикуван поради предупредување дека ќе има „распаѓање на општеството”, ако им се дозволи на хомосексуалците да стапуваат во брак, изјави дека администрацијата на Трамп не им наметнува ограничувања на американските амбасади да постават знаме на виножито или други знамиња на други места во мисијата.

На најмалку четири амбасади на САД, во Израел, Германија, Бразил и Латвија не им било дозволено да го постават знамето на виножитото. Ричард Гренел, амбасадорот на САД во Германија, кој призна дека е геј, води американска кампања за декриминализација на хомосексуалноста во светот. Тој најави дека би бил „горд” да го развее знамето на виножитото.

Но државниот секретар Мајк Помпео верува дека држачот за знаме во амбасадите мора да биде сочуван само за знамето на САД.

И покрај забраната, некои амбасади и конзулати, најмногу американските мисии во Сеул, Јужна Кореја, и Ченаи во Индија, закачија големи знамиња на виножито на фасадите. Амбасадата во Њу Делхи беше покриена со боите на виножитото.

Извор: “KУРИР”

Атанасовски: “И коските на Гоце вратете им ги, зошто и онака овде се превртува човекот”

Челниците од бугарската влада, според кои доколку не се изнајде договор за Гоце Делчев меѓу Македонија и Бугарија, поточно, доколку македонскиот револуционерен деец не се прогласи за Бугарин, ќе ни го стопираат патот кон ЕУ и НАТО.

На ваквите изјави бурно реагираше македонската јавност.

“Јас стварно не разбирам, како може еден Гоце да биде пречка за вашите ‘европски’ идеали… давајте го и него и ајде веќе еднаш ова опШество киниса час поскоро накај Европа !!!

П.С. И коските вратете им ги, зошто и онака овде се превртува човекот”, напиша водителот Димитар Атанасовски.

Заев потврди, нема да имаме датум за преговори

Ние направивме се што требаше, сега треба Европа да го стори истото, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на телевизија 24 на тема „Две години Влада“.

Според премиерот, консталацијата на односите во регионот, односот Белград-Приштина, како и состојбата со Албанија се причините за евентално недобивање на датумот за преговори.

-Блескав е извештајот, 28 земји членки се позитивни за нашиот наредок. Очекувам, со силата на аргументите и сработеното во реформите ЕУ да возврати. Ние сработевме нешто што чекавме 14 години и заслужуваме. Сигурен сум дека ќе добиеме датум но сакаме тоа да биде порано. Веројатно по состанокот со канцеларката Меркел ќе имаме подетални информации. Јас сум убеден дека најмалку ќе биде верификувано се што е направено и дека ќе има јасно прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори. Мене ми е јасно дека јуни не е толку извесна можност, но имаме можности за јули, изјави Заев.

Посочи дека очекува моќта на привлекување на ЕУ на земјите кандидатки да опстои и двете стратешки цели, членство во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите ќе бидат исполнети годинава.

Тој рече дека нема да избрзува да каже дали е изигран, но вели дека животот е борба, животот не е фер.

-Никој не ги става под знак прашање реформите, вели Заев.

Премиерот верува дека ЕУ ќе го испорача датумот за преговори. За германската канцеларка Ангела Меркел вели дека таа е пријател на Македонија и на нашиот народ.

Ако не добиеме датум, рече дека сите опции се отворени како избори или враќање на мандат.

Извоp: kurir.mk

(ФОТО) “Возило за кое не треба возачка дозвола се движи низ Прилеп”

Редовна слика низ улиците во Прилеп….

Цели чопори кучиња шетаат низ Прилеп, а се ветуваше решавање на проблемот (ФОТО)

Доаѓа лето и доаѓа истиот проблем во центарот на Прилеп. Цели чопори кучиња се шетаат насекаде, а неретко се и закана за луѓето.

Иако општинските власти ветуваа решавање на овој горлив проблем, сеуште нема изглед дека тоа за брзо ќе се случи.

Ова е редовна слика деновиве во централното градско подрачје, но и во населбите “Точила” и “Марино маало”.

“Кој тоа ги рекетира бизнисмените!?” (ВИДЕО)

Новинарот Бранко Геровски деновиве пишува дека сопственик на медиум и партиски стуктури изнудуваат рекет од бизнисмени во Македонија.

Koлумната на Геровски низ прилог ја пренесоа и од “Канал 5” Teлевизија.

Еве за што станува збор:

ВИДЕО: КАНАЛ 5 ТВ

Денеска Геровски напиша уште една колумна во која вели дека пари се барале и од една општина.

Колумната можете да ја прочитате ТУКА

(Видео) Библиcko невpeме: Град со големина на тениско топче kpшеше автомобили

Германската покраина Баварија, особено Минхен и околината, синоќа ги зафатило силно невpeме кое предизвикало голема штeTa, а повеќе лица се повpeдени.

Во оваа прашума и мизерни услови работат државни службеници: Сцени како во напуштениот град Припјат кај Чернобил (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Откако вчера објавивме во какви очајни услови работат административците во старата општинска зграда во Прилеп, денеска до нашата редакција пристигнаа нови фотографии.

Местото наликува на некој запуштен објект во кој никој не стапнал во изминатите 20-30 години, нешто налик на сцените од градот Припјат кој бил испразнет поради нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Во оваа зграда моментално функционираат: Управата за имотно правни работи, Инспекторатот и подрачното одделение за земјоделие, подрачното одделение за правда, канцеларија на министерството за транспорт и врски, подрачно одделение на министерството за економија, пазарниот инспекторат, Општинската изборна комисија и уште десетина невладини организации од кои 2-3 за деца со посебни потреби.

Еве кој е Ѓоко Камчев, новиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе го замени Груевски

Ѓоко Камчев е нов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието откако беше констатирана оставката на екс лидерот на партијата, Никола Груевски.

Камчев е член на ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа од Валандово. Роден е на 4.10.1975 и беше пратеник од оваа партија во периодот од 2014-2016 година.

Камчев по професија е Дипломиран политиколог, а завршил на Правниот факултет.

Како пратеник од 2014-2016 година бил член на собраниските комисии за надворешна политика и локална самоуправа, како и заменик член на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија.

Ја нарекуваат Меланија Трамп од Чешка: Нејзин сопруг е премиерот кој денеска е во Македонија (ФОТО)

Моника Бабишова, сопругата на чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој е денеска во посета на Македонија постојано е во фокусот на вниманието на медиумите.

Чехинката со словачко потекло ја опишуваат како жена со чувство за мода, цврст став и манири. Многумина ја споредуваат со првата дама на САД, Меланија Трамп. Но, многумина не знаат дека во своите младешни денови и таа чекорела по модните писти, токму како и Меланија Трамп.

Моника Бабишова има 44 години, таа е 20 години помлада од својот сопруг Андреј и се занимава со дизајн на ентериер.