дома блог страница 3258

МВР објави оглас за вработување на 600 полицajци

Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицajци во повеќе сектори низ Македонија.

Во огласот се наведени потребните услови за да може некој да конкурира. Меѓу другото, потребно е најмалку средно образование, добро познавање на македонскиот јазик, одредена височина за жени и за мажи и посебни психо-физички способности.

Конкурсот трае 15 денови.

На овој линк се сите потребни услови и документи :

https://mvr.gov.mk

ОРИГИНАЛНО ВИДЕО: Пренесувањето на мoштитe на Гоце Делчев

Херојската и трагична смрт на овој македонски визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење се случила на 4 мај 1903 година во селото Баница.

По cмpтта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погpeбе.

Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погpeбан. Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.

Moштите биле ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката “Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија”.

Тогаш саркофагот бил изложен во црквата “Света Недела” во Софија. Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.

Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.

Cкандал: “Децата родени како МАКЕДОНЦИ со декрет од МОН во сведителствата ќе бидат со нов идентитет??”

По известување од Министерството за образование до директорите на училиштата во државата, свидетелствата за учениците треба да се изработат согласно промените на Уставот.

Во мејлот испратен од Сафет Незири стои:

“Почитувани директори, 

Ве известуваме дека при пополнување на сведетелствата во вашите училишта ќе треба да постапувате согласно измените на Уставот, во делот на државјанство да се наведе “македонско/граѓанин на Република Северна Македонија”. Додека во училиштата каде се изведува настава и на албански јазик, делот за државјанство треба да гласи: e Maqedonise/qyetar i Republikes se Maqedonise se Veriut”.

Оваа скандалозна одлука вчера беше дискутирана и нотифицирана од пратениците Ласовска Благица и Димитар Стевананџија. Ова е скандал што зема страшни размери. Огромни се реакциите на родителите, кои неофицијално најавуваат дека ќе ги враќаат сведителствата назад во училиштата? Тие не сакаат и покрај инсистирањата и заканите во графата родени да стои во Северна Македонија, бидејќи сите тие дечиња се родени во Република МАКЕДОНИЈА.

Шилегов направи 50 години и прослави со двојазични торти со “Северна” (ФОТО)

Градоначалникот Петре Шилегов денеска наполни 50 години. Тој својот роденден го прослави со двојазични торти со Северна. На својот Фејсбук профил Шилегов објави фотографии од тортите кои ги донирал на повеќе локации во Скопје.

“Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти.

Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневенот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни.

Исто така, ја користам оваа прилика на благодарност, да повикам да помогнеме и донираме средства за:
– Здружението “Трисомија 21″ за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка – 300000001103896
Да се сакаме, да се грижиме и чуваме сите заедно!
Благодарам на сите !!!”, напиша Шилегов на Фејсбук.

АКО НЕ НЕ СОБЕРЕ СИТЕ ВО САЛА, ЌЕ НЕ СОБЕРЕ НА ПЛОШТАД: Ракометниот натпревар Македонија – Грција ќе се гледа на плоштадот во Струмица

Денес RIVERSOUND ги извести медиумите и граѓаните на општина Струмица дека во недела на центарот во Струмица, односно веднаш после „Концепт“ ќе биде поставен дисплеј 24 квадрати или со димензии 8*3 и целосно озвучување за заедничко следење на натпреварот помеѓу Македонија-Грција. Браво за RIVERSOUND и целата екипа. Да навиваме заедно за нашите момци, напред Македонија!

Извор: “Инфомакс”

После тешка борба Македонија ја совлада Турција со еден гол разлика: Следна е Грција!

Teшка победа за нашата ракометна репрезентација. На гостувањето во Турција, во рамките од петтото коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, Македонија стигна до третиот триумф со конечни 25:26 (13:11 на полувремето).

Македонија одигра многу слаба утакмица која ниту малку не наликуваше на дуелите против Исланд. Во првото полувреме видовме две различни лица на нашата репрезентација. Откако во почетните минути водевме со 2,3,4 погодоци, во вториот дел од полувремето Турција, најмногу благодарение на успешните одбрани на нивниот голман, стигна до водство од 13-11.

Во вториот дел започнавме исто како што завршивме во првиот. Турција успеа да се отцепи на 4 голови разлика, што го принуди нашиот селектор Брестовац да повика тајм-аут.

После тајм-аутот Македонија направи мини серија од 3:0 и се врати во натпреварот. Конечно во последните 10 минути заводивме со 21:22, а потоа се играше гол за гол до последната минута.

На крајот имавме и среќа, па некако стигнавме до 2 бода од овој дуел.

Најзаслужен за минималната победа на Македонија секако е голманот Никола Митрески, чии одбрани во второто полувреме беа клучни да се вратиме во натпреварот и да поведеме против мотивираната Турција.

Најмалата внука на Гоце Делчев: “Да знаат Македонците, Гоце и неговата фамилија се посветени само на Македонија” (ВИДЕО)

Деновиве во јавноста е актуелна веста за тоа чиј револуционер бил Гоце Делчев, македонски или бугарски… Ова прашање било ставено на маса на македонската и бугарската комисија, кои во рамките на Договорот за добрососедство помеѓу двете земји разговараат за историјата.

Катерина Трајкова Нурџиева е најмалата внука на македонскиот револуционер и деец Гоце Делчев. Еве што пред една година изјави таа за дејноста на Гоце Делчев и за која држава се залагал и борел тој.

Откако испадна во втора лига почнаа да си одат и играчите: Танушев од Победа прво засилување за Академија Пандев

Ѓорги Танушев е првото засилување за Академија Пандев. Танушев е струмичко дете, а минатата сезона настапуваше за екипата на Победа и ќе биде одлично освежување во средниот ред.

Покрај Танушев, во сениорскиот тим се вратени и Кристијан Велиновски кој беше позајмен во Брегалница, како и Емир Скендери кој беше пратен на позајмица во Кожуф.

Академија Пандев изминатата сезона заврши на третата позиција во Првата лига и го освои Купот на Македонија.

Засилувањето Ѓорѓи Танушев сезонава за Победа имаше 22 настапи на кои постигна 6 голови.

Последните 10 натпревари, Танушев беше надвор од составот на Победа.

Русите измислија нов спорт: Девојки се удиpaaт по задници која повеќе ќе издржи (ВИДЕО)

Иако се уште не е популарен, сепак во Руисија сите зборуваат за новиот „спорт“ и тој се однесува само за жените. Дури и првиот шампионат е одржан.

Станува збор за мавање по 3адниците, или официјално „зад сцената на хокеарскиот натпревар“.

Натпреварувачките се со грбот една спроти друга. Потоа, пред судија, натпреварувачката ја yдиpа пpoтивничката по 3адникот и целта е таа да се измести од рамнотежа или да се истурка што е можно подалеку.

Бидејќи организаторите имаат намера овој спорт да го рашират што е можно повеќе низ светот, во првите бopби беа ангажирани модели, на радост на публиката.

Наставник им се извини на родителите и учениците што им потпишал сведителства со “Северна”

Наставникот Томе Постолов, вработен во ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Радовиш, јавно им се извини на своите ученици и нивните родители што против сопствена волја бил приморан да потпише сведителства со новото уставно име на државата.

“Им се извинувам на сите ученици и на сите нивни родители,односно старатели што по сила на околностите,а против сопствената волја МОРАВ да ги потпишам свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија,со што по автоматизам станав соучесник во злосторството против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ.

Во иста ситуација се наоѓаат илјадници наставници и професори кои МОРААТ да го сторат истото,со што на индиректен начин,спротивно на нивната волја ја признаваат дивата „северна“творба ,која патем да спомнам е создадена на крајно нелигитимен начин од страна на актуелната влада,не прифаќајќи ги резултатите од референдумското изјаснување.

Мојата континуирана борба за спас на името на Македонија и за спас на сите атрибути кои ги имаше таа, очигледно не вродија со плод. Вложував силни напори и покрај огромниот притисок кој го имав од страна на власта со омаловажувања, шиканирања, вербална тортура,полициска посета дома и во училиштето, распит во полиција со привремено одземање на телефонот (и по 8 месеци се уште е таму),па до притисок од владеачката партија за одземање и на раб.место.

Сметам дека на крајот на оваа учебна година на илјаници и илјадници ученици во основното и во средното образование,како и на факултетите им се нанесува тежок удар со несогледливи последици по општиот национален нивен интерес во иднина.

Македонија ВЕЧНА!”