После тешка борба Македонија ја совлада Турција со еден гол разлика: Следна е Грција!

Teшка победа за нашата ракометна репрезентација. На гостувањето во Турција, во рамките од петтото коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, Македонија стигна до третиот триумф со конечни 25:26 (13:11 на полувремето).

Македонија одигра многу слаба утакмица која ниту малку не наликуваше на дуелите против Исланд. Во првото полувреме видовме две различни лица на нашата репрезентација. Откако во почетните минути водевме со 2,3,4 погодоци, во вториот дел од полувремето Турција, најмногу благодарение на успешните одбрани на нивниот голман, стигна до водство од 13-11.

Во вториот дел започнавме исто како што завршивме во првиот. Турција успеа да се отцепи на 4 голови разлика, што го принуди нашиот селектор Брестовац да повика тајм-аут.

После тајм-аутот Македонија направи мини серија од 3:0 и се врати во натпреварот. Конечно во последните 10 минути заводивме со 21:22, а потоа се играше гол за гол до последната минута.

На крајот имавме и среќа, па некако стигнавме до 2 бода од овој дуел.

Најзаслужен за минималната победа на Македонија секако е голманот Никола Митрески, чии одбрани во второто полувреме беа клучни да се вратиме во натпреварот и да поведеме против мотивираната Турција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.