дома блог страница 3257

Вечерва сите заедно за Дејан да има убаво детство: Цела армија музичари од Прилеп и Битола ќе пее за малиот ангел

Денеска, со почеток од 20:00 часот, во Кафе бар “Оникс” во Прилеп, ќе се одржи хуманитарен концерт за малиот Дејан. Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба потребно е да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција. Сумата која е потребна се 54.000 евра.

На концертот свое учество имаат пријавено: The Hounds(Pp), Cyrillic(Pp), Dj Acika(Bt), Dj Neox(Bt), Dj Sajo(Pp), Dj Dejan Pete(Pp), Dj Jove(Pp), Dj Ricardo(Bt), Dj Mario Eddie(Pp), Robbie Ray Led Robot(Pp) & Room 313(Pp)
Листата не е конечна, и секој може да се вклучи, било да е изведувач или друг вид на логистика.

“Клучен играч во целава приказна е Onyx Café & Bar, кој не само што ќе го отстапи просторот туку и ќе го донира целиот промет (читај: промет, а не профит) за време на концертот, за што сакаме јавно да им се заблагодариме.Исто, голема благодарност до Прилепската Општина за отстапувањето на јавниот простор како и донацијата на голема бина каква што е потребна за концерт со толку изведувачи”, стои во настанот на Фејсбук.

Сите останати кои не можат да присуствуваат на настанот, можат да донираат со повик на 070 143-153 (за корисници на Телеком) и 143-489 (за корисници на Вип), или на следната банкарска сметка:

Сугарески мака мачи со Матка: Двојни стандарди- на Вардар се руши, на Матка абер нема

Екипите на градежното претпријатие Бетон почна со рушење на бетонските столбови во реката Вардар на кои требаше да биде поставено панорамското тркало, ама власта се уште не реагира за незаконската платформа во кањонот Матка.

Имено оваа платформа се појави уште во февруари и надлежните институции си играат пинг-понг за отстранување на оваа дивоградба и истата наместо да ја снема расте и и се надградува.

Кањонот Матка е прогласен за споменик на природата и е заштитено подрачје од трета категорија, ама тоа ниту Општина Сарај, ниту Град Скопје, ниту Државниот инспектор за урбанизам, ниту министерството за транспорт и врски не реагираат.

За тоа и покрај осудата на јавноста нема испратено механизација и екипи какви што пратија во случајот со столбовите во Вардар.

Пред повеќе од два месеци министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека доколку општината Сарај не ја урне, тогаш ќе мора да постапи Државниот инспекторат за урбанизам. Кога ова јавноста ќе го дочека останува да видиме.

Извор: “Курир”

Мицкоски попладнево гостин во Алфа ТВ

За датумот за преговори со Европската унија, за мандатот кој што Заев ветуваше дека ќе го врати, за економијата и инвестициите и многу други прашања.
Следете ме вечерва во #Отворено на Alfa Televizija во 18:18 часот. Напиша на Фејсбук, Мицкоски.

ЗАБPAНЕТИ ЧАДОРИ, ЛЕЖАЛКИ И ШАТОРИ НА ПЛАЖА: Внимавајте ако летово планирате одмор на Црноморското крајбрежје!

Пратениците ги изгласаа промените во Законот за уредување на Црноморското крајбрежје, со кои конечно забpанија распоредувањето на шатори, чадори и лежалки на песочните плажи.

Со законските измени, исто така е зaбрaнето преминувањето, паркирањето и оставање на автомобили на подвижни, стационарни и прекриени плажи, освен ако не се работи за место означено за паркирање односно движење на возилата.

Слободното кампување продолжува да биде забpaнето во 2-километарската зона на плажа, но промената предвидува посебни области каде тоа ќе биде дозволено.

За пpекршување на законите се предвидени високи парични kaзни.

Буфон не сака бесни коли: Се релаксира возејќи „Спачек“ (ФОТО)

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон не е како повеќето фудбалери кои се расфрлаат со скапи автомобили и луксуз. Тој ужива во едноставни работи кои го опуштаат и потсетуваат на младоста.

Така, Џиџи беше фатен како релаксирано се вози со автомобилот „Спачек“ кој го има во својата гаража. Станува збор за ретро модел од Цитроен кој беше популарен во осуддесеттите години.

Тој со сопругата отпатува во местото Марина Ди Маса каде се релаксира по лошата сезона во дресот на ПСЖ

БРУКА: “Билети за МАКЕДОНИЈА – Грција само во струмичко кафуле? До кое “дереџе” стаса државава??”

Македонија в недела против Грција ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Иако веќе обезбедивме место на континенталниот собир, сепак ни треба победа на оваа средба за да го потврдиме првото место во групата и местото во вториот шешир пед ждрепката.

Билетите за оваа средба од денеска се веќе во продажба од денеска. Поради специфичноста на натпреварот, малиот капацитет на салата и насоките од организаторот, билетите во строго ограничен број ќе може да се набават во продажното место на Мк Тикетс во Струмица, Кафе бар Концепт.

Натпреварот се игра на 16 јуни во 18:00 часот во салата “Парк” во Струмица.

Извор: “24ракомет.мк”

(Видео) Никој не се осудува да влезе во неа во текот на ноќта: Оваа мистериозна шума се наоѓа на Балканот

Шумата Хија Бач во Романија, од секогаш за жителите на Трансилванија важела за најчудното место во околината. Толку мистериозни појави се забележани во ова бујно зеленило, што го заработила надимакот романски “Бермудски триаголник”.

Легендите велат дека во оваа шума на вечер лутаат различни хуманоидни суштества. Истоа така се верува дека во центарот на шумата постои телепортер за друга димензија, а оние кои ќе влезат во него никогаш не се враќаат.

Туристите често говорат дека чувствуваат тешка анксиозност и мачнина кога се приближуваат до центарот на шумата. Во текот на годините луѓето прераскажуваат за различни паранормални феномени.

Како што сите знаете, Заев не е претерано интелигентен и доаѓа од заостаната земја како што е Северна Македонија

Меморандум

До: професорите, бирократите, аналитичарите, политичарите, новинарите, културњаците, Владата на Северна Македонија и сите што се на наша страна

Од: Луис Сифер
Дата: Февруари 2019
Предмет: Одобрениот наратив за Северна Македонија

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Извор: republika.mk

Утре и во сабота е задушница- ова не го правете при посета на гpoбишта

Православните христијани, утре и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гpoбови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гpoбиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гpoбиштата, со спомнување за спас на душата на поkojникот.

Обичај е на гpoбишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

Доколку на гpoбот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем гpeв ако на Задушница некој на гpoб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Духовден, празник кој се прославува во спомен на слегувањето на Светиот дух. Бидејќи овој голем настан се одиграл на педесеттиот ден по Воскресението Христово празникот секогаш се слави на педесеттиот ден по Велигден и секогаш се паѓа во недела.

На големиот празник народот традиционално ги посетува манастирите и бара прошка за гревовите и лек за болестите.

Упатените велат дека е добро оттаму да се понесе осветена вода бидејќи во наредната година обезбедува хармонија во домот. Овој празник се нарекува и Духови бидејќи претставува слегување на Светиот дух на апостолите.

Два дена порано, пред Духовден, на гробиштата се одржуваат т.н. отворени задушници. Се верува дека во тој период се „отвораат“ гpoбовите и може да се разговара со mpTвите. Обичај е на гpoбишта да се послужува храна за душа на мртвите.

Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гpeвовите или лек за некој болест.

Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.

Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од неcpеќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.

Добил 100.000 долари на спортска: Се обложил на најлошиот тим и не погрешил!

Љубителот на хокеј Скот Бери од Мисури, во јануари се обложил дека Сент Луис ќе го оcвои Стенли купот. Тој вложил 400 долари, а сега ќе добие 100 илјади.

Во моментот на обложувањето на Бери, Сент Луис беше на последното место во лигата, а соодносот за трофејот беше 250 на 1.

Бери ги вложил парите кога бил во Лас Вегас. Тој првично имал намера да игра во kазино, но одлучил да ги стави на облог за триумф во Стенли купот.

-Кога го ставив облогот сите ми велеа: „О Боже, еден од нaјлошите тимови во лигата. Дали навистина го направивте тоа? Јас одговорив: Никогаш не се знае. Ова е хокеј, изјави Бери за „USA Today“.

Сент Луис ноќеска во решавачкиот меч за трофејот го победи Бостон на гостински терен со 4:1 и со вкупни 4-3 во серијата го освои Стенли купот.