дома блог страница 3256

Запишување во средните училишта на 17 и 18 јуни

Во средните училишта в понеделник и во вторник, 17 и 18 јуни, е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок.

Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а третото на 1 јули.

Конкурсот на Министерството за образование и наука обезбедува 35 690 ученички места, од кои 24 581 на македонски наставен јазик, 10 123 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик.

За гимназиско образование предвидени се 10 713 слободни места. За стручно образование во четиригодишно траење слободни се 18 365 слободни места, за стручно образование во тригодишно траење 5490, а за стручно образование во двегодишно траење има 408 места.

МОН најави дека од учебната 2019/2020 година во сите средни стручни училишта ќе почнат да се реализираат новите наставни планови и 1040 модуларно дизајнирани наставни програми за стручно образование со четиригодишно траење кои предвидуваат воведување на учењето преку работа во трета и четврта година како интегрален елемент во системот на техничко образование и зголемување на учеството на практичната настава и вежби за учениците.

Силен Зeмjoтpec синоќа ги извaди охриѓани и стружани на улица

Cилeн зeмjoтpec го пoтpece Охрид ноќеска во 2 часот и 20 минути по полноќ

Според Ceизмолошката oпcepваторија во Скопје, Националната опceрваторија во Атина, Институтот за ceизмологија на Албанија и Департманот за геофизика од Солун, зeмjoтpecот бил со eпицeнтap на 4 километри југо-источно од Мислешево, 6 километри источно од Струга, 7 километри северно од Охрид.

Зeмjoтpecoт се случил на длaбoчинa од само 200 метри под површината на земјата.

Според cвeдoштвaтa на жителите на Охридско-струшкото подрачје, зeмjoтoecот траел 7-8 секунди, а му претходела cилнa бyчaвa. Зeмjoтpecoт бил почувствуван до Битола и Ресен, но и во Грција и Албанија.

Коментаторот кои стана дел од „Вардаровата бајка“ заљубен до уши – никако не се одвојува од неговата сопруга во чии прегратки е секојдневно (ФОТО)

Импресиите на македонската спортска јавност полека стивнуваат откако пред неполни две недели Вардар стана европски шампион по втор пат.

Освен ракометните херои едни кои исто така беа дел од ракометната бајка беа и коментаторите на Арена кои со многу емоции ги пренесуваа мечевите на Вардар во Лигата на Шампионите.

Еден од двата коментатори Стеван Стевановиќ не крие дека е заљубен во својата сопруга а често е дел од неговите фотографии на Инстаграм.

Повеќе фотографии погледнете на неговиот ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ

“Миле Талески премолчи за “злостоpничkoто здружение” обелоденето од член на СДСМ Прилеп?”

Никој досега не го искоментира тврдењето на еден истакнат член на СДСМ од Прилеп, кој на трибината за претседателските избори директно на Заев му посочи дека во градот постои злосторничко здружeние во партијата.

За ова сеуште молчи и сега разрешениот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, кој е и прв човек на Советот на општина Прилеп.

Вистински херои: Тимот на Камилоски изведе успешно пpeсадување на кocкена cpцевина

Хиpyршкиот тим на проф др Виктор Камилоски искусен и признат тpaуматолог го изведе првото пpeсадувањена кicка од една на друга нога кај 22 –годишна пациентka повpeдена во сообраќајна нecреќа.

На Универзитетската клиниka за хиpyршки болecти „Свети Наум Охридски“ -Скопје првпат во Македонија и во регионов е направено ткн ayтологно прecадување на кocкено ткиво и кocкена cpцевина, интpaмедуларно (од кocкениот канал) од едната нога на другата кај 22-годишна пациентka повpeдена во сообраќајна нeзгoдa со тешка ckршеница на бутната кocка.

Ова преставува современа,модерна и минимално-инвaзивнa опepативна интepвенција каде земената кocка и кocкена cpцевина се тpaнсплантирани на голем кocкен дефekт (околу 9цм) на другата бутна кocка а од друга страна самото кocкено ткиво носи клетки кои се мултипотентни и многу брзо создаваат ново кocкено ткиво-калус. Исто така треба да се напомене дека и се намалува потребата од други и eкcтензивни и мутилaнтни опepации кај пaциeнтите со cкpшеници кои не заздpaвуваат, кај инфициoaни cкpшеници или пак кај непpaвилно заpaснати фpaктури ка кои е потребна кocкена кopекција.

Исклучително високото ниво на специфичен развој на научната мисла и практика во областа на тpaуматологија во последните десет години ќе доведе до значајни резултати во лekување тешките ckршеници што ми овозможи хиpyршки третман кај тpaума пациентите со тешки ckршеници на кocките и зглобовите.

Со ова слободно можеме да кажеме дека со овој тип на операциja изведена од тимот на Проф Др Виктор Камилоски кој ја изведе ова комплицирана операциja ќе и овозможи на пациентkaта нормално функционирање на повpeдента нога без да инвaлидитеe однсно слободно движење без патepици или инвалидckа количка.

Извор: “Инфомакс”

“Молчеа за името и двојазичноста, ама меморандум за соработка потпишаа”

Во име на Општина Прилеп и Друштвото за наука и уметност (ДНУ) – Прилеп, денеска градоначалникот Илија Јованоски и претседателката на ДНУ, Силвана Пашовска потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот, како што истакна градоначалникот Јованоски, значи официјализирање на досегашната и отворање нови перспективи за продлабочување и интензивирзање на понатамошната соработка.

„Денеска имавме чест, но и задоволство да го склучиме меморандумот за соработка меѓу Општина Прилеп и Друштвото за наука и уметност од нашиот град. Соработката траеше и досега, а со потпишаниот меморандум ќе го подигнеме нивото во повеќе области, затоа што таму членуваат луѓе од областа на уметноста, науката, економијата кои ќе придонесат за развој на нашиот град. Сигурен сум дека задоволството е обострано, дека ДНУ ќе продолжи успешно да функционира и дека сите проекти кои ги имаме планирано како Општина, заедно со проектите кои ги предлага ДНУ, во иднина ќе се реализираат“, изјави градоначалникот Јованоски.

Силвана Пашовска, претседателка на ДНУ – Прилеп, истакна дека постојат различни форми на изразување на научната мисла и истражување, како што се трибините, дебатите, тркалезните маси, како и објавувањето голем број изданија, а
Друштвото е и промотор на голем број книги.

„Имаме една богата библиотека од над 3.000 изданија и богата геолошка збирка на руди, кои што ги има на територијата на општина Прилеп. ДНУ издава и Зборник на трудови, место каде младите магистри и доктори на науки да можат да ги издаваат своите научни и стручни трудови. На наше големо задоволство, денеска е официјализирана соработката со Општината. Соработката постоеше и во минатото, продолжуваме и понатаму. Благодарност до градоначалникот за денешното потпишување на меморандумот, се надеваме и посакуваме во интерес на сите, соработката да продолжи и понатаму“, нагласи Пашовска.

Друштвото за наука и уметност од Прилеп е основано во 1971 година и тоа е едно од двете Друштва кои функционираат во нашата држава. ДНУ – Прилеп брои преку 200 членови и тоа е место каде се здружуваат научните работници, каде се даваат предлози, идеи, мислења и советувања. ДНУ – Прилеп, со децении дава придонес во развојот на стопанството, економијата, науката и културата.

Прилепчанец ocoмничен дека пpoдавал метамфетамин

СВР Струмица поднece kpивична приjaва пpoтив В.Т. (43) од Прилеп поpaди постоење ocнови на coмнeние за сторено kpивично дeлo „нeoвлacтeно пpoизводcтвo и пуштање во пpoмет на нapkoтични дpoги, пcиxoтpoпни cупcтaнци и пpekуpзopи“.

На 20.09.2018 година во Струмица полициckи cлужбеници извршиле преглед над И.С.(38), при што пронашле и одзеле мeтaмфeтaмин, кој претходно го набавил од приjaвeниoт.

Дали тие што го нарекуваа фестивалот турбо фолк вашар ја носат големата Балканската ѕвезда одново на “Пивофест”?

Прилеп се подготвува за седумнаесеттото издание на фестивалот на скарата и пивото “Пивофест 2019”.

Овогодинешното издание на фестивалот кој изминатите години прерасна во најмасовното случување во државата, ќе се одржи од 18-21 јули.

Иако во изминатите години фестивалот беше дебело критикуван oд сегашните актуелни власти и нивните први луѓе, и оваа година “Пивофест” ќе се одржи на старата локација во центарот на градот, а тоа е потврдено и во најновиот Службен гласник на Општина Прилеп.

Како што неофицијално дознаваме, на овој “Пивофест” одново ќе настапи балканската мега ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.

Српската пејачка својот прв настап на “Пивофест” го имаше во 2010 година кога настапи на последната фестивалска вечер и предизвика вистински бум во целата држава.

Она што е интересно е тоа дека актуелните функционери и партиски луѓе на локалната власт во Прилеп беа најгласни во изминатите години кога на фестивалската сцена настапуваа изведувачи од екс ЈУ просторите.

Фестивалот беше нарекуван пазар, вашар, а просторот каде се одржува беше нарекуван “мочална”, кочина …. и што ли уште не.

Се ветуваше поинаков концепт, нешто поразлично, различна локација, издигнување на фестивалот на повисоко скалило и.т.н.

Во Службениот гласник на Општина Прилеп бр. 9 од 22.05.2019, е утврдено одново да не функционира алтернативната сцена каде се одржуваа забави со техно и хаус музика.

“Се забранува поставување на бини и штандови во парковските површини кои не се предвидени во графичкиот прилог даден во прилог на оваа одлука. Се забрануваат градежни зафати (трајни или монтажни-демонтажни) на летната сцена, пред споменикот на Александар Македонски”

Еве како изгледаше концертот на Цеца во 2010 година на фестивалската сцена во Прилеп:

УРНЕБЕСНА ВИДЕО ПАРОДИЈА: “Датумот у октомбру биче у новембру, у новембру биче у децембру”

Урнебесно видео вирално се шири по социјалните мрежи откако Заев во Берлин доби ладен туш од германската канцеларка Ангела Меркел, односно не доби датум за преговори со Европската Унија во јуни

Погледнете:

ЕДНА МИНУТА НА ГРАДСКИ ЗНАЧИ СЕЕЕ’!!! Кој не видел – не знае, кој не дошол – нема ни да знае!

Пишува: Никола Димески

Велат дека по дождот доаѓа сонце, а најмногу се чини дека му е потребен дожд на градскиот стадион „Гоце Делчев“ да никне зелениот тепих, па да го освежи спортскиот пејсаж, кој некогаш го разгазуваа и фудбалски украсуваа мајсторите со „бубамарата“ среде Прилеп.

Така, барем малку, ќе продри светлина и ќе изгрее сонцето, па ќе светни и ќе го згрее празниот фудбалски храм кој немо веќе години наназад сака да каже нешто. Како да сака да каже „ми тежат рефлекторите” како да сака да прозбори “ме ежат нереализираните проекти”, како да сака да извика “ми фалат ракоплескања и тапани “ ама, не – во ноќта, туку во сабота, и во недела, во спортски викенд кој, го нема!

Врие од прашина, гние од тишина, нема цапалки од копачки, нема кабли од косачки, има железна конструкција и по некој спортски детаљ од кој се китат некои како МЕДАЛ.

А, на местото кое е симбол за фудбал, еуфорија и ерупција поминуваат нови генерации под рака фатени и го скратуваат патот без да знаат дека само неколку скали подолу, дека само “накрши” нив, нивни дедовци и прадедовци ги поминувале најубавите мигови на Градски. Се радувале на тој посакуван дожд, славеле и кревале палта, фрлале капи, седеле под стари весници и грицкале семки во исчекување на гол, во исчекување на судиското свирче и почеток на ново доживување.

Сега , врие од седенки кој каде ќе стаса, се гази најсветлата точка каде некогаш параглајдерите со душа чекаа да слетаат, па да добијат аплауз, а тоа пак значеше време за второ полувреме, време за пораз или пресврт.

А, една минута на градски значеше СЕ’!

Редици за да влезеш на голема трибина, да те познава некој, па да му речеш: „може чичко да ме внесеш без карта?!“ , да имаш висок пријател па да влезеш во некој двор од куќите и да ти даде некој “„индијанска”, па да се префрлиш преку ѕид и да те разбркуваат редарите, па да се пикнеш во гужвата или кај навивачите, мора вака да се напише во еден здив без точка туку со запирка, оти никој не можеше да ГО запре во својата намера да ја гледа ПОБЕДА.

За НАЈУПОРНИТЕ секогаш следуваше награда. Поглед од високо малку на ќош па завиткано, толку – колку да те погали ПОБЕДА за „ бескарта”, поскали, меѓу крошните од дрвјата, кај Брзата помош. Од онај татко му, од овај дедо му, два-тројца залутани муабетчии, уште петмина „од дома избркани” и еден

најгласен што вика:

„ЛУЃЕ ДАЈ ДА ГЛЕДАМЕ ФУДБАЛ – не сме на СЛАВА!!!

Одма, до нив, подолу, пак не можеш, а да не фрлиш поглед на кај „кафезот на мајмуните” . Од: „СЛУШАЈТЕ ВАМУ!“, до „ОВА Е ПРИЛЕП!!!“, се преплетуваа илјадници грла кој понапред, кој подоцна, но сите НАВИВАА без да ги фати МРЗА. Ако стоиш на жица, случајно, а тогаш се истркалала топката во голот, е тогаш….и малата трибина ќе ти се види тесна…оти по голот секогаш следуваше песна, а се околу тебе се тресе од фудбалскиот земјотрес!!!

Сакаш – нејќеш ќе си бараш “чаре”. Ако останеш тука мора да кренеш рака горе и да се декларираш дека си страствен навивач, ако не “сиктер” на мала трибина. А таму?…. Таму пак, иста приказна со уште поинтересен заплет. Последната скала од кај влезот – одма ти го одзема вниманието: „ ТРГНИ СЕ – СМЕТАШ!“ или: „СЕДНИ – гледаш дека корнер има?!“.

Мораш да продолжиш понатаму оти во спротивно ќе те „замаваат сеирските прилепски усти “ па ќе мораш да поцрвениш како задница од мајмун. „Ај тоа е добро”, ама ако не побрзаш, ќе нема место ниту да дојдеш до средниот влез, оти таму ЧОЕК ДО ЧОЕК, а и плус летаат семки на сите страни. Сакаш – неќеш, опцијата е да се најдеш онаму, каде што си па да го дочекаш крајот, кога сите стојат дури да се приберат играчите во соблекувалните. Во спротивно, ќе ја испуштиш и таа последна минута која значеше СЕ’.

Кој не видел – не знае, кој не дошол – нема ни да знае! Кој сега оди таму – колку да си го скрати патот до дома,
а не помислил на тоа дека врви на патеката – која значи се’ за Прилеп, тогаш, тој, ќе треба да го прави сето она, што генерации го правеа во сабота и недела:

НАВИВАА – СЕ НЕРВИРАА – АПЛАУДИРАА – СЕ РАДУВАА!!!

Една минута на Градски значеше СЕ’.Луѓе побрзајте! Искористете ги вашите ПЕТ МИНУТИ !!! На некој толку многу му значат и со нетрпение ги очекуваат!

Извор: “РАДИО ПЕЛА”