Добил 100.000 долари на спортска: Се обложил на најлошиот тим и не погрешил!

Љубителот на хокеј Скот Бери од Мисури, во јануари се обложил дека Сент Луис ќе го оcвои Стенли купот. Тој вложил 400 долари, а сега ќе добие 100 илјади.

Во моментот на обложувањето на Бери, Сент Луис беше на последното место во лигата, а соодносот за трофејот беше 250 на 1.

Бери ги вложил парите кога бил во Лас Вегас. Тој првично имал намера да игра во kазино, но одлучил да ги стави на облог за триумф во Стенли купот.

-Кога го ставив облогот сите ми велеа: „О Боже, еден од нaјлошите тимови во лигата. Дали навистина го направивте тоа? Јас одговорив: Никогаш не се знае. Ова е хокеј, изјави Бери за „USA Today“.

Сент Луис ноќеска во решавачкиот меч за трофејот го победи Бостон на гостински терен со 4:1 и со вкупни 4-3 во серијата го освои Стенли купот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.