дома блог страница 3248

Чудо: “Јаболкова река” се појави во Ресен?” (ФОТО)

Жални фотографии секојдневно пристигнуваат од Преспанскиот регион.

Цели реки од јаболка гнијат по доловите, покрај патиштата, но и во Преспанското езеро.

Вака изгледа земјоделската мака кога нема кој да ја цени:

УХРМ: Повеќе места во државата попладнето беа зафатени од невреме, а особено подгответе се за тоа што го најавија за утре!

Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невреме со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Гpaд имаше во светиниколското, кратковското, скопското, валандовското, велешкото и кавадаречкото подрачје.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува и во вечерните часови наместа нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преку ноќта се очекува стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.

Утре претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека попладне на повеќе места повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Регулаторна Комисија донесе одлука: Ова се цените на горивата за оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика ја објави најновата одфлука за новите цени на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,003 ден/кг.

Две змии во љувовен занес ја испразнија плажата (ВИДЕО)

Две црни змии ги исплашиле туристите на плажата Врисудиа во излетничкото место Преторас на Кипар.

Видеото кое се појави на социјланите мрежи за кратко време стана вирално и доби околу 700.000 прегледи.

Во исто време во водата на оваа плажа се појавила и цела колонија на медузи.

Ексклузивно: “Познат е еден нов министер во Владата на МАКЕДОНИЈА”

Претседателот на ЛДП влегува во Влада.

Дознаваме од Собраниски извори блиски на СДСМ, дека пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милевски ќе биде новото засилување во Владата на Заев.

Сеуште не се открива ресорот со кој ќе раководи ЛДП во Владата, но изборот ќе биде помеѓу локална самоуправа, информатичко општество, култура и економија.

Милевски 8 години беше член на Советот на Општина Битола, а од 2014 година е пратеник во Собранието на Македонија.

Тој е Магистер по економски науки, професор по економски предмети од Битола, во моментот е претседател на Kомисијата за економски прашања и копретседател на мешовитиот парламентарен комитет Македонија-ЕУ.

Со неговиот избор Битола по 4 години ќе добие министер во Владата, за разлика од Прилеп кој по се изгледа ќе го изгуби министерското место.

Хрватите машини: Започнуваат мега проект за изградба на автопат за велосипеди во должина од 121 километар

Хрватска планира во наредните неколку години да изгради автопат за велосипеди во должина од 121 километар по течението на реката Сава.

Стазата ќе се гради во рамките на проект со кој се промовира одржливата урбана мобилност, локалните убавини и активниот туризам.

Со велосипед ќе може да се вози покрај течението на Сава, поточно од границата со Словенија, па се до Иваниќ Град.

Изградбата на овој мега проект за велосипедисти е планиран во 9 фази, а ќе започне преку пилот проект кој ќе ја финансира фазата број 5 – од Арената во центарот до пешачко-велосипедскиот мост. Со тоа тој дел ќе се поврзи со велосипедската инфраструктура во Загреб.

Вредноста на проектот е проектирана на 16,3 милиони евра, од кои 85% ќе ги финансира Европската Унија, а 15% ќе ги покријат Градот Загреб и Загребачката жупанија.

Сиљановска со порака на денот на потпишување на Преспанскиот договор

Професорката Гордана Сиљановска Давкова објави порака на денот кога пред 12 месеци во селото Нивици во Грција беше потпишан Преспанскиот договор.

Сиљановска која по изборите не беше многу активна на социјалните мрежи со порака до власта.

“Една година потоа. Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името!
#НикогашСеверна”, напиша професорката која на претседателските избори освои речиси 380 илјади гласови.

Последен пат во јавноста беше видена вчера на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ а предходно беше дел од прославата на шампионската титула на Вардар на плоштадот Македонија.

Аларм за Меркел: Најновата анкета покажува дека владеачката партија ќе ги загуби изборите

Партијата на Зелените во Германија и натаму го зголемува рејтингот и има јасна предност пред ЦДУ/СЦУ, покажува најновата анкета во која некогаш најмоќната партија СПД (социјалдемократите) паднаа дури на четвртото место.

Тренд барометарот направена за РТЛ и н-тв покажуваат дека доколку сега би имало избори во Германија за Зелените би гласале 27 проценти, што е за три проценти повеќе од второпласираната ЦДУ/ЦСУ (23 проценти), трета е ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) со рејтинг од 13 проценти, СПД има 11, либералите (ФДП) се враќаат на сцена со 9 проценти и Левицата има 8.

Индикативно е што и новата лидерка на ЦДУ, која дојде на местото на Ангела Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер која е зад лидерот на Зелените, Руберт Хубек.

Но, анкетата дава и нова димензија на рејтингот на традиционалната конзервативна ЦДУ кога се во прашање младите. Така, во анкетата направена меѓу студентската популација Зелените добиваат поддршка од 51 процент, додека ЦДУ само 10, а СПД е на петто место со 8 проценти.

За тоа колку се паднати социјалдемократите говорат бројките – СПД со овој сегашен рејтинг би имала 5,6 милиони гласачи, додека на изборите во 2017 година за нив гласале 9,5 милиони Германци, а во 1998 дури 20,2 милиони.

Извор: “Pressingtv.mk”

„Мовчето на љубовта“ во паркот кај судот, заминува во историјата?! (ВИДЕО)

И, толку АТРАКТИВНОТО МОВЧЕ во Паркот кај Судот во Прилеп, изгледа ЗАМИНУВА во ИСТОРИЈАТА?! „Вредните“ комуналци, претпалднево ги товараа демонтираните штици во „ѓубреџискиот“ трактор – пишува порталот “Канал 3”

Целиот текст прочитајте го ТУКА

(Видео) “Немој да кашлаш додека зборувам јас”: Tpaмп го прекина инервјуто на Еј-Би-Си

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто за “Еј-Би-Си”, кога некој кашлаше во позадини.

Тој објаснуваше за проблемите во врска со данокот, а потоа на оној кој кашлаше му нареди да ја напушти просторијата.

“Тој кашла додека зборувам! Тоа не ми се допаѓа. Ако сакате да кашлате, ве молам да ја напуштите просторијата!”, рече Tpaмп.