дома блог страница 3247

BETO ЗА ЕУ И ОД КИПАР: Кипар се зakaни со вeто за проширување на ЕУ

Откако со Преспански договор го надмина грчкото спpотивставување за членство во Европска унија, сега Македонија се соочува со вето од Кипар, пренесува Инфомакс.

Известувајќи за вчерашниот судиp на членките на ЕУ околу почетокот на преговори со Македонија и со Албанија, Хрватска информативна новинска агенција (ХИНА) јави дека Кипар се заkанил со вeто на идните проширувања ако Унијата со поостаp став не ги запре турските дупчења во водите околу поделената островска држава.

Големо е неcогласувањето на владите и не е сигурно дека ќе се постигне договор открил синоќа дипломат од ЕУ за ХИНА.

Неcогласувања и понатаму постојат во врска со нацртот во кој би требало да стои дека проширувањето зависи од способноста на ЕУ да се реформира, како и од способностите на новите членки да се интегрираат. Според најновата верзија на изјавата во која новинската агенција Ројтерс имала увид, одлуката за отворање преговори со Македонија и со Албанија се одложува до октомври, односно дури откако со тоа прашање ќе се позанимава германскиот парламент. Состанокот се искомплицира бидејќи Кипар се заkaни дека ќе го блokира целиот текст за изгледите за пристапување на нови членки во
Европска унија, а во таа група се уште Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина – јави државната новинска агенција на Хрватска.

Сообраќајна нecpeќа по патот Скопје-Тетово: Камион се преврти во близина на првата патарина

Блокиран сообраќајот по автопатот од Скопје кон Тетово поради превртен камион.

Неофицијално, повреден е возачот на камионот. Кон местото на несреќата се упатиле возила на тетовската противпожарна единица и брзата помош.

Повеќе информации во текот на денот

Локвенец нов потпретседател на СДСМ?

Пратеникот Хари Локвенец се споменува како еден од можните нови потпретседатели на СДСМ, објави весникот „Независен“, повикувајќи се на високи партиски извори.

Според „Независен“, се очекува старо-нови потпретседатели на партијата да бидат Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири, кои не беа избрани во новиот Извршен одбор, но по автоматизам ќе станат дел од ова тело како потпретседатели.

Петтото потпретседателско место, пак, е резервирано за жена, за што, објави весникот, веќе било разговарано со личности од бизнис-секторот.

Финска одново најсреќна земја: Погледнете на кое место се наоѓа Македонија

На листата најсреќни земји на светот, Финска одново го зазеде првото место, додека во регионот највисокото место го држи Словенија која се наоѓа на 44.

Резултатите од истражувањето за нивото на среќа во светот се објавени на страницата “World Happines Report”, a зад Финска следуваат Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.

Македонија се наоѓа на катастрофалното 84-то место според ова истражување.

Од земјите во регионот: Србија е на 70, Црна Гора на 73, Хрватска на 75, БиХ на 78, Грција на 82, а Албанија на 107.

Најлошо рангирани земји се Јужен Судан (156), Централна Африканска Република (155), Авганистан (154), Танзанија (153), Руанда (152) и Јемен (151).

Листата на најсреќни земји се прави врз основа на тоа колку граѓаните на една земја се задоволни.

Истражувањето го спроведува мрежата на ОН за одржливи развојни решенија во соработка со Фондацијата “Ернесто Или”.

Во петок целовечерен концерт на КУД “Илинден” Битола на камената бина во Прилеп

Во петок 21 јуни 2019 во 20.30 часот на плоштадот Александрија целовечерен концерт насловен „Градски приказни“ ќе одржи КУД „Илинден“ од Битола. Концертот е во рамките на програмата на НУЦК„Марко Цепенков“ за 2019 и традиционалната манифестација Прилепско културно лето, што започнува со овој концерт.

Податоци за проектот “Градски приказни”

Нашите предци не ни оставиле само древни градби, литературни и уметнички дела. Своите чувства, надежи и спомени тие ги преточиле и во прекрасна музика, која надживеала многу генерации, во звуците на македонската чалгија. Таа е уникатна музичка творба родена на овие простори, по примерот на турската чалгија, нo со многу специфики што ја прават автентична, неповторлива и стилски разнолика, со свој препознатлив печат.

Во 19-ти, а особеново 20-ти век, кога чалгијата го доживува својот подем, не можела да се замисли ниедна позначајна средба, прослава, веселба, без звукот на чалгијата, без песните отсвирени на старите главно жичени инструменти, кои допирале до срцата на слушателите. Битола како град со огромна традиција и еден од центрите на Балканот во 19 тиот и почетокот на 20 тиот век, а под влијание на конзулите, има одличен спој на традициите ала франка и ала турка.

Овој проект прави еден совршен спој помеѓу истокот и западот, едно патешествие кое ќе ги допре и ориентот и медитеранот, преку звуците на врвните инструменталисти дел од чалгискиот оркестар на КУД Илинден Битола, преку изведбата на фолклористите и преку извонредните градски костими кои ги има ова културно уметничко друштво. Дел од репертоарот ќе бидат Буките, Поседница, На визита, Охридски градски игри, битолски градски игри, влашки игри од Крушево. Проектот исто така ќе го одразува мултикултурниот карактер на Битола и нашата држава, преку влијанијата кои ги имаат сите народи и етникоми кои живеат во Република Македонија.

Презентација на највисоко ниво на богатата градска традиција, преку орото, песната, чалгијата, оригиналните и стилизирани костими. Производот ќе биде еден компактен проект, со значајна и висококвалитетна содржина, кој после премиерната изведба без големи дополнителни трошоци може да “живее” и да се презентира низ нашата држава и странство, на бројните фестивали каде КУД Илинден е учесник.

Минатата година КУД Илинден беше дел од 54 тиот Европскиот фестивал во Битбург, Германија, детскиот фолклорен фестивал во Бурса, Турција, а во септември ќе биде учесник на 23 тиот Интернационален фолклорен фестивал во Карлови Вари, Чешка. Додека пак оваа година, ќе биде учесник и на Интернационалните фестивали во Искеле, С. Кипар, Бурса, Турција и Будимпешта, Унгарија.

УAПCEH MИШEЛ ПЛATИHИ

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен во врска со истрагата за доделување на организацијата на Мундијалот за 2022 година.

Светските медиуми пренесуваат дека Платини е уапсен рано утрово, со цел да биде однесен на испутување околу малверзациите правени за доделувањето на организацијата за Светското првенство кое треба да се оддржи во Катар.

Легендарниот француски фудбалер беше претседател на УЕФА во периодот од 2007 до 2015 година, кога е суспендиран од страна на Етичкиот комитет на ФИФА.

Иконите во домот треба да ги поставите на овие места

Во ходникот – закачете ја иконата наспроти влезната врата бидејќи ги благословува тие што влегуваат и тие што излегуваат од домот.

На источниот ѕид – свештеникот ќе ви каже дека иконата треба да се постави на источниот ѕид за да се заварди правилото на црквата. Олтарот, односно најсветиот дел во црквата е поставен на исток(тоа е делот каде што влегуваат само свештениците) и додека трае службата верниците се свртени кон олтарот, односно кон исток.

Истокот во христијанството го симболизира Христовото Воскресение. Исто така, добро би било пред иконата на имате кандило што претставува еден вид почит кон светецот заштитник на домот.

Во детската соба – овде не е важно на кој ѕид се наоѓа иконата бидејќи децата се чисти и безгрешни како ангелите. Целта на иконата во детската соба е ангелот покровител и светителот на вашиот дом деноноќно да бдеат над вашето мало богатство.

Под перница – многу луѓе кои имаат проблематичен сон, кошмари, страдаат од месечарење и слично, поставуваат икона од својот светител заштитник под перницата додека спијат. Црквата не го негира ова.

На бирото – зависи кој влегува во просторијата и дали сакате да знаат за таа страна на вашата личност. Но некои луѓе ја поставуваат иконата на бирото да им помага и штити и да им донесе успех во тоа што го работат.

Без разлика кое место ќе го изберете за вашата икона, црквата препорачува во секој дом да биде присутна барем една икона која ќе ве потсетува секојдневно на христијанскиот морал и етика, ќе ви напомни дека треба да се молите и дека најважните нешта во животот се во Божји раце.

СТЕРЈОВСКИ: Децата на Македонците во Гора не можат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиштата

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, Васил Стерјовски, од собраниската говорница побара поголема грижа за Македонците и другите жители во Гора, која е нajсиромашна област во Албанија – објави “Инфомакс”.

Наведувајќи ги пpoблемите со кои се соочуваат жителите во областа – од немањето основни елементарни услови за живот, потребна инфраструктура, основна здpaвствена зaштитa, екстpeмна невработеност од 75 отсто, што условува масовно напуштање на родните огништа, го посочи и проблемот на децата Македончиња за образование на мајчин јазик.

– Дополнителен пpoблем за македонската заедница во Гора е фактот што децата не можат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиштата, иако изминатите години имаше повеќе иницијативи за изучување на предметот македонски јазик. За жал, овие иницијативи не наидоа на одобрение од образовните институции во Албанија. Министерството за образование, спорт и млади треба да стори се оваа состојба да се подобри, децата да го учат македонскиот јазик како посебен предмет, рече Стерјовски на денешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом.

Посочи дека во областа Гора традиционално и во хармонија живеат заедно Македонци и Албанци.

– Според официјалните податоци од Заводот за статистика на Албанија, на пописот од 2011 година, во областа Гора како Македонци се изјасниле 700 жители. Но, ве уверувам, македонската заедница во областа Гора е многу поголема. Македонците таму живеат во девет села: Шиштавец, Борје, Пакишта, Црнелево, Очикле, Оргоста, Орешек, Запот и Кошаришта. Областа Гора последните 28 години е забopавена од државата и поради лoшитe услови за живот и екстpeмната сиpoмаштија, бројот на населението постојано се нaмaлува, поради масовната миграција, нагласи Стерјовски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Како живее сиромашната класа во Америка низ очите на Македонец (ВИДЕО)

Македонскиот економски аналитичар Виктор Трифуновски, кој сега живее во Соединетите Американски Држави, преку видео обраќање го опиша животот таму.

Слушнете што кажува Трифуновски за животот во Америка:

Oд што се плаши вашиот хороскопски знак: Бикот од сиромаштија, лавот од предавство…

Прочитајте од што најмногу се плашите според вашиот хороскопски знак.

Овен – Страв од ропство

Овните се луѓе кои не е лесно да ги заплашите затоа што секое застрашување делува како предизвик за нивната вродена храброст. Од време на време Овните стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ.

На психолошки план, Овните се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен.

Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент.

За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото “нападот е најдобра одбрана“.

Бик – Страв од сиромаштија

Добро испланираниот живот кој го водат биковите не остава многу место за стравови. Но, стравот од сиромаштијата, од губење на имот и лични работи е оној кој не ги заобиколува.

Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето.

Во својот „имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодиакот, што значи немаат самодоверба.

Близнаци – Играта ги штити од страв

Земајќи предвид дека се сфаќаат како игра, Близнаците не се особено плашливи. И ако се уплашат од нешто успешно го прикриваат тоа.

Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите.

Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши.

На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите.

Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли.

Рак – Фантазиите ги хранат стравовите

Полесно е да се каже од што НЕ се плашат. Со оглед на тоа дека се многу приврзани за фамилијата и домот, на врвот на листата на стравови на типичните ракови е стравот од распаѓање на семејството.

Самата помисла на развод на бракот, брачна невера, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите.

Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија.

Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените.

Лав – Страв од предавништво

Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех.

Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината.

Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира.

Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја.

Девица – Страв од неред

Свесни за недостатокот на храброст, Девиците избегнуваат ситуации во кои треба да се однесуваат храбро.

Темелно и долгорочно ги планираат сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога ќе се појави проблем спремно излегуваат со решение.

Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците.

Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата.

Вага – Страв од караници

Во потрага по животната хармонија Вагата повремено се соочува со луѓе кои не ги делат нејзините животни вредности. Страв од караници, тепачки, навреди и грубости, самотија и изолираност се примарни стравови кај Вагите.

На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска.

Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами.

По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања.

Шкорпија – Страв од немоќ

На прв поглед изгледаат храбро, но позади ладнокрвната маска се крие суштество кое не е баш имуно на стравови, иако сакаат да остават таков впечаток.

Нивен одбранбен механизам е мазохизмот, па затоа и не се плашат од насилство и опасности.

Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување.

Кај Шкорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување.

Стрелец – Страв од притисок (искористување)

Во својот безгрижен и алтруистички свет, Стрелците пронаоѓаат малку работи кои им влеваат страв.

Сепак кога се наоѓаат во ситуации кога им вршат притисок или им ја ограничуваат слободата, и тогаш овие ведри оптимисти чувствуваат страв.

Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата.

На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода.

Јарец – страв од туѓо мислење

Ладната организираност и ефикасност кај Јарците го прикрива долгиот список на стравови. Секој Јарец, помалку или повеќе пати од имагинарни стравови, кои се резултат на нивната песимистичка природа.

Психолошки гледано Јарците се плашат од сплетки, разочарувања и предавства.

На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него.

Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име.

Водолија – Грижа за целиот свет

Водолиите може да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро.

Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како – насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив.

Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер.

Риби – Страв од се живо

Дефинитивно најплашливиот знак – збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта.

Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника.

И покрај бројните стравови, Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации.

Извор: “Курир”