дома блог страница 3249

ЛЕКАРИ ОД ТУЗЛА ЛЕКУВAAT PAK НА ЦРН ДРОБ БЕЗ ОПЕPAЦИЈА ЗА 20 МИНУТИ!

Универзитетскиот клинички центар во Тузла по прв пат во Босна во рутинска пракса ставил нова метода за третман на тумop на цpниoт дpoб без изведување опеpaтивни зaфaти. Се работи за т.н. етанолckа аблациja на тумоpoт на цpниoт дpoб при која директно во тумоpoт под контpoла на ултpaзвук се вбpизгyва одредена количина на апсолутен алkoхол.

По овој вид третман, доаѓа до изумиpaње на клетkитe на тумоpoт, како и малиот дел од здравото ткиво, кое се наоѓало околу тумоpoт. Со овој 3aфат тумоpoт станува целосно yништeн и се заменува со друго тkивo.

3aфатот трае дваесетина минути, додека пациентот веќе следниот ден може да оди дома. Исто така, добра работа кај овој 3aфат е тоа што може да се повторува се додека тумоpoт во целост не биде отстpaнет.

Според зборовите на професорот Нермин Салкиќ, овој вид на метода која е можно да се примени само на одередена група на пациенти, овозможува целосно излekување или значaeн продолжеток на живoтoт на пациентот за неколку години.

До сега пракса била многу пациенти, кои имале тумopи на цpниoт дpoб или метacтаза на истиот, не биле пoгoдни за опеpaтивен третман, па морале да одат надвор од земјата.

Во тимот кој направил ваква процедура учествувале академик проф. др. специјалист Енфер Зерем, проф. др. специјалист Нермин Салкиќ, дипломираните медицински сестри Бахрија Харачиќ и Фирдеуса Исаковиќ од Одделението за гастpoентерологија и хепатологиja при Килината за интерни зaбoлyвања, додека од Клиниката за анecтезиологија и peаниматологија учествувале др. Халид Махмутович, Џенита Мешиќ, како и медицинскиот техничар Адис Кавгиќ.

Извор: “Инфомакс”

Лила блесна во жолти бикини и покажа со што располага (ФОТО)

ТВ водителката Лила Филиповска ја отвори летната сезона и блесна во секси жолти бикини. Лила покажа дека располага со совршено тело на кое можат да позавидат дури и далеку помлади девојки.

(Фото+Видео) Стpaшно невpeме го зафати цел Балкан: Иckpшени автомобили и уништени посеви

Стpaшно невреме го зафати Балканскиот полуостров, а пocледиците беа најголеми во Хрватска, особено во деловите на Славонија и Далмација.

Геровски дoбивал зakaни од власта, еве што им одговори

“Марш бре, таму, лицемери едни!!!” е одговорот на новинарот Бранко Героски по упатените закани против него како што тој пишува од пријатели и познаници испратени од власта. Героски во својот фејсбук пост признава дека си дал оставка од Слободен печат под силен притисок.

МОЈОТ ОДГОВОР НА ОПОМЕНИТЕ И НА ЗАКАНИТЕ

Во инбокс, во лични пораки што ми ги пренесуваат пријатели и познаници и на разни други начини, ми стасуваат опомени и закани. Премногу сум ја критикувал власта. Сум претерал. Та нели сме биле наши… Па еве, да одговорам јавно, како што имам обичај. Марш бре, таму, лицемери едни!!! Под силен притисок, дадов оставка од позицијата главен уредник и целосно се повлеков од „Слободен печат“. Никого не навредив, никого не повредив, самиот ја проголтав горчината на едно предавство. Како отров. Го оставив весникот, чедото што се роди во мојата глава и во моето срце… Што кур сакате сега, абдали едни?! Сакате два пати да ви поднесам оставка? Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате! Нема да ме замолчите!

Денеска е Духовен Понеделник или света Троица- денот кога змиите излегуваат од под земја

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител.

Во православието овој празник е познат и како несмасна недела, и се верува дека оние девојки кои ќе си го измаијат лицето со вода во која претходно стоело цвеќе, ќе имаат чисто и бело лице цела година. А за мажите пак се верува дека, доколку на денешен ден, девојка им подари венче од цвеќиња, до крајот на годината ќе се оженат.

Постојат многу верувања во врска со змиите кои често ги сметаме како „народни верувања„ а еве неколку од нив. Се верува дека на празникот света Троица, змиите излегуваа од земја и тоа не сите туку само оние кои се грешни, Бог ги брка од земјата а оние кои не се остануваат. Меѓу народот се верува дека оној кој гази змија со боса нога ќе се стекне со способност, да помага на оние кои ги боли желудник.

Ако видите змија за прв пат во пролет, кажете го своето име на сиот глас, така ќе се заштитите во иднина змии да не ви се доближуваат. Ако видите змија со рог, фрлете марамче врз неа, а ако на змијата и падне рогот, тој ќе може да ве излечи од многу болести.

Секоја куќа има своја змија која е чувар на куќата или претставува некој од претходните поколенија. Исто така се верува дека не чини да се убие змија, ако дојде во близина на вашата куќа, зошто може да допринесе да умре некое дете. Ако видите убиена змија не кревјате нозе, зошто така ќе имате болки во колената. И ако рано во пролетта видите змии, тоа значи дека времето ќе биде убаво и топло.

Стоилов го круниса новиот македонски крал: “Еден е Кољо”

Поради операција на менискусот, Стојанче Стоилов го пропушти последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Но, големиот Столе не пропушти да ги бодри нашите момци, а на крајот од мечот го круниса и новиот македонски крал.

“Кралот, еден е Кољо”, напиша Стоилов за нашиот голман Никола Митревски кој беше брилијантен на голот.

Важно соопштение за сите оние кои ќе аплицираат за полицаец на новиот оглас од МВР

Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека сите граѓани родени на територија на град Скопје кои ќе аплицираат на огласот на Министерството за внатрешни работи за 600 полицајци, треба навреме да поднесат барање и да обезбедат потврда дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, која е неопходна за аплицирање на огласот.

Од Основниот кривичен суд наведуваат дека за добивање на наведената потврда, потребно е секој граѓанин или друго лице со негово полномошно заверено на нотар или адвокатско полномошно да поднесе барање на шалтерот за потврди/уверенија, што се наоѓа во старата зграда на судот, заедно со лична карта на граѓанинот или патна исправа и копија од истата и да уплати 320 денари – буџетска такса со картичка на пос – терминал или уплатница.

Шалтерот работи секој работен ден од 8 часот до 14:30 часот со пауза од 11 часот до 11:30 часот, а потврдата се издава за три работни дена од денот на поднесување барање, наведуваат од Основниот кривичен суд.

Се јавија и “Комити”: Еве што порачаа за обидот на обезбедувањето да го одземе знамето со сонцето од Кутлеш

(Фејсбук статус на навивачката група “Комити”)

“И покрај строгата хиерархиска поставеност, дури и во војничкиот кодекс на однесување не само што е дозволено туку е и задолжително одбивање на наредба на надреден во случај истата да противречи на моралните и човечките принципи, или доколку истата е криминална и противзаконска.

По случајот во салата Борис Трајковски, повторно слични случки и во салата Парк во Струмица вечерва. Обезбедувањето се повикува на наредби “од горе”, неморални наредби, нечовечки, криминални и противзаконски…Присилно одземање на знаме, симбол и идентификација на секој Македонец во светот, Ѕвездата на Кутлеш. Поранешно официјално државно знаме на Република Македонија а сега своеволно некој издава наредби за негова забрана за користење.

Ги повикуваме сите државни службеници, но и приватни агенции за обезбедување да не прифаќаат наредби кои значат деградација и понижување на човечкото достоинство. Самоидентификација со национален симбол на цел еден народ не може и не смее да биде забрането! Во овој случај не постои оправдување од типот “Спроведуваме наредба”, затоа што спроведувањето наредба значи правење злосторство и обесправување на својот народ!

Ги повикуваме сите оние кои ќе бидат сведоци на настан од овој тип да ги фотографираат униформираните службеници кои спроведуваат противуставни, противзаконски и антимакедонски агенди. Фотографиите нека ги испраќаат на оваа страна.

Оние кои поради самоидентификација со националниот Македонски симбол или името Македонија ќе бидат гонети, прогонувани, им се вршат притисоци, закани, на работните места, се напаѓани и слично, во нас и Македонскиот народ ќе добијат сојузник кој ќе направи се правдата да биде задоволена!
#НикогашСевернаСамоМакедонија #СтопЗаСамоволнитеСилеџии
#КутлешЕМакедонскиНационаленСимбол”

Иако го освои првото место, Македонија во вториот шешир

Иако го освои првото место во својата група, македонската репрезентација ќе се најде во вториот шешир при ждрепката што ќе се одржи на 28 јуни во Виена.

На хартија, најмногу би ни одговорало да бидеме во групата Б, во австриската престолнина, со еден од домаќините на Европското првенство – Австрија. Можна е и Ју-група, но за тоа ќе треба да бидеме во групата А, во Грац, каде е веќе сместена Хрватска, а од другите шешири да ни се паднат Црна Гора (3) и БиХ или Србија (4).

Континенталното натпреварување ќе се одржи од 9 до 26 јануари во три држави: Австрија, Норвешка и Шведска. Вака изгледа конечниот изглед на шеширите:

1 шешир: Шпанија, Шведска, Германија, Франција, Хрватска, Унгарија
2 шешир: Норвешка, Македонија, Данска, Белорусија, Словенија, Русија
3 шешир: Австрија, Црна Гора, Летонија, Исланд, Португалија, Чешка
4 шешир: Босна и Херцеговина, Полска, Швајцарија, Украина, Холандија, Србија

Тргнете се од нив: Личностите родени во овие знаци не умеат да бидат вистински пријатели

Барате искрен и верен пријател, личностите родени во следниве знакови избегнувајте ги.

Овие три хороскопски знаци едноставни не знаат да го ценат пријателството. Тие често менуваат друштва не базирајќи се на фактот дека ја повредиле личноста која ги засакала како пријател.

Водолија

Водолиите се дефинитивно најлош пријател кој можете да го имате. Многу се егоистични и во се гледаат корист па така и во пријателскиот однос. Нив не ги интересира вашите проблеми, а ако им бидете пренапорни, тоа ќе ви го кажат во лице и ќе го свртат грбот засекогаш.

Стрелец

Стрелците се свесни за својот антиталент кога пријателството е во прашање, но тоа нема да ги го откријат веднаш. Не го ценат туѓото време, често доцнат, а никогаш дури и не се појавуваат па и за тоа не им е жал. Бидете внимтелни со нив и нивното пријателство земајте го со резерва.

Близнаци

Можеби на прв поглед ќе ви влијаат како одлични пријатели, но не дозволувајте првиот впечаток да ве излаже. Близанците секогаш се скептични кога пријателството е во прашање, никому во целост не веруваат па поради тоа ретко кога го сфаќаат за сериозно, Секогаш се омилени во друштво, но бидејќи друштвото брзо ќе им здосади па без мака ќе го променат.