Ексклузивно: “Познат е еден нов министер во Владата на МАКЕДОНИЈА”

Претседателот на ЛДП влегува во Влада.

Дознаваме од Собраниски извори блиски на СДСМ, дека пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милевски ќе биде новото засилување во Владата на Заев.

Сеуште не се открива ресорот со кој ќе раководи ЛДП во Владата, но изборот ќе биде помеѓу локална самоуправа, информатичко општество, култура и економија.

Милевски 8 години беше член на Советот на Општина Битола, а од 2014 година е пратеник во Собранието на Македонија.

Тој е Магистер по економски науки, професор по економски предмети од Битола, во моментот е претседател на Kомисијата за економски прашања и копретседател на мешовитиот парламентарен комитет Македонија-ЕУ.

Со неговиот избор Битола по 4 години ќе добие министер во Владата, за разлика од Прилеп кој по се изгледа ќе го изгуби министерското место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.