дома блог страница 3231

Заев призна: Се повлекувам од министер за финансии, ВМРО-ДПМНЕ беше во право

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница за реконструкција на владата на СДСМ посочи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ била во право кога укажувала дека тој како претседател на Владата на Република Македонија не може да биде носител и на друга функција односно министер за финансии, бидејќи според законот за корпуција и судир на интереси овие две функции се неспоиливи.

-Дефинитивно тоа што го истакна опозицијата и тоа што го истакнува антикорупциска комисијата и еден дискурс и дебата ни дава за право да му соопштам на Собранието дека дадов налог на кабинетот да пушти предлог за повлекување на кандидатурата моја, односно Зоран Заев за кандидат за министер за финансии, вели Заев.

Извор: Лидер

Eвропа ја зафајќа вистински пeкoл: Ќе се срушат голем број температурни рекорди во наредните денови

Интензивен топлотен бран ќе ја зафати Европа во наредните денови, а се очекува да бидат срушени и некои температурни рекорди.

Се очекува дека бранот да има најголем интензитет од среда до петок, кога на подрачјето од Шпанија до Полска температурата ќе се искачи за 11 до 17 степени повеќе од вообичаеното и ќе изнесува од 35 до 40 степени.

На некои места ќе биде и потопло, посебно во градовите, во кои поради асфалтот и бетонот, дополнително ќе се зголеми температурата.

Финскиот метеоролог Мика Рантанен рекол дека во Франција ќе има досега невидена жештина. Жешките бранови би можеле да бидат многу опасни затоа што луѓето нема да имаат време за да се прилагодат.

“Топлотните бранови се тивки убијци. Поради еден таков бран во 2003 година, починаа околу 70.000 луѓе. Минатото лето во Германија имало најмалку 1000 смртни случаеви”, напишал Стефан Рамстроф, климатски научник од Потсдам.

Највисоки температури ќе ја погодат западна и централна Европа. Во најтешко погодените места во Шпанија и Франција температурите ќе бидат по 40 степени најмалку 3 дена. Шпанскиот метеоролог Силвиа Лаплана рекла дека “доаѓа пекол”. Се предвидува дека во петок во Мадрид температурата ќе изнесува 40,6 степени, што ќе биде највисока температура што било кога е забележана во шпанската метропола.

Слични температури можат да се очекуваат и во Париз кој ќе се наоѓа под најголем удар. Температурата таму се очекува да се искачи до 45 степени и да го сруши рекордот од 2003 година, кога термометарот покажал 44,1 степен.

Во Женева ќе биде 37 степени, па дури и во Копенхаген температурата ќе се искачи над 30 степени. Во Австрија се очекуваат 38,6 степени, Швајцарија 37,2 Германија 38,5….

Од денеска Аплицирајте! Еве како до субвенции за електрични тротинети и велосипеди

Градот Скопје денеска распиша два јавни повици: Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година  и Јавен повик за купување велосипеди во 2019 година.

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет купен во Република Северна Македонија, од 1 јануари 2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30 ноември 2019 година.

Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

– За учество на Јавниот повик барателот до Град Скопје треба да достави: барање за субвенција за купување на еден електричен тротинет (барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: http://www.skopje.gov.mk/, доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет од Град Скопје, оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30 ноември 2019 година, соопштуват од прес-службата на Град Скопје.

Од таму информираат дека едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден електричен тротинет и заедно со потребната документација да се доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр.82, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Целиот јавен повик може да се види на следната интернет врска – http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8.pdf

Со вториот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година, се предвидени субвенции за граѓаните кои имаат купено нови велосипеди од 27 мај 2019 година и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавниот повик, или не подоцна од 30 ноември 2019 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Барателот треба да ги исполни следниве услови: барање за субвенција за купување на еден велосипед (барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11537&mid=482&tabId=1, доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје, оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 27 мај 2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30 ноември 2019 година.

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик да се доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. „Илинден“ бр.82, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Целиот јавен повик граѓаните можат да се види на следната интернет врска http://www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8.pdf

Од Град Скопје потсетуваат дека минатата година, кога за првпат даваше субвенции за електрични тротинети биле пристигнати 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнале 3.472 барања за субвенци.

Кога ќе дознаете колку е корисна лубеницата, ќе почнете да ја јадете секој ден

Меѓу најчестите консумирани плодови во текот на летото е освежителната и вкусна лубеница. Таа е богата со минерали, витамини, атиоксиданси и други хранливи материи кои се од суштинска важност за нешто здравје. Лубеницата ги исфрла сите отровни супстанци од телото и се хидратизира.

Еве поради што се корисни за здравјето на организмот:

Лубениците содржат големи количини на C, A и B6, цинк, калиум и магнезиум. Исто така, лубеницата содржи ликопеин кој е уште еден антиоксиданс кој го штити организмот од неколку други болecти.

Не ја фрлајте кората од лубеница

Помалку познато е дека кората од лубеница, може да биде поздрава од внатрешноста. Содржи витамини и минерали кои се неопходни за нормално функционирање на оргаизмот. Поголемиот дел од потребните здрави хранливи материи може да се пронајдат во кората од лубеницата. Цитрулин е важна аминокиселина која на мускулите им е потребна веднаш по излегувањето од спортски центар. Либидото може да се зголеми со консумирање на кора од лубеница затоа што содржи цитрулин. Лубениците помагаат при губење тежина. Тие се одлучен извор на влакна кои се многу корисни ако сакате да изгубите вишок киограми. Имаат диуретички својства. Кората од лубеница е корисна, екстрактот е ефикасен и одржлив, здрав нормален крвен притисок кај возрасните.

(Видео) Еве како ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески

Уште пред две години беше најавено дека гpoбот на трагично загинатата ѕвезда Тоше Проески ќе добие достојно почивалиште и тоа 12 години по неговата cmpт, пишува порталот Магазин.

Општина Крушево веќе избра идејно решение за уредување на гpoбот на Тоше, а автор на идејното решение е Жарко Чаушевски. Како што велат на овој конкурс всушност Чаушевски бил единствениот пријавен, а тој е избран по втор пат за уредување на гпобот на Проески. Инаку тој е познат по неколку проекти, како проектот „Скопје 2014“, меѓу кои – новата фасада на Владата и преслекувањето на ГТЦ во барок (што не се реализираше).

Како што соопштија општина Крушево за изградбата ќе бидат потребни 150 илјади евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

Целата статија и видеото можете да ги пронајдете ТУКА.

(Видео) Чудо! Се вратила од “другиот свет”: По 27 минути оживеала, па побарала хартија и нацртала што видела

Мајка на четири деца, која била клинички mpTва дури 27 минути тврди дека рајот постои. Кога ја вратиле во живот, најпрво побарала хартија и налив, па напишала “постои”.

Тина Хајнс добила cpцев удар пред да замине на планинарење во Феникс со својот сопруг Брајан.

Паднала на подот, па изгубила свест пред да дојдат болничарите. До болницата ја оживувале шест пати, а цели 27 минути била клинички mpTва.

Опишувајќи што видела, рекла дека “е реално”. Им раскажувала дека го видела ликот на Исус кој стои пред црна врата со жолта светлина над главата.

“Тешко на земјоделците во прилепско: Дали ќе бидат пак измамени?”

Невремето кое вчера зафати повеќе населени места од Прилепско, зад себе остави катастрофални последици. Штети на земјоделските површини се направени во атарот на селата Канатларци и Ерековци, како во други населени места. Оштетени се нивите со тутун, бостан, житни култури и пипер.

Денеска во посета на земјоделците од овој крај беше градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој вели земјоделците од утре ќе можат да поднесат барање за обештетување до формираната комисија при општината.

Но, што добија земјоделците од Мало и Голмо Коњари, Галичани и Варош, кога ланската година градот им целосно им ги уништи земјоделските посеви?

Од поднесените 1.315 барања на земјоделците тогаш, од Комисијата биа прифатени 1263 барања.

Советот на општина Прилеп тогаш предвиде да бидат исплатени 3 % од вкупната штета, или 6 милиони денари, што кога се распредели на овие 1263 земјоделци, им дојде да земат по 4.750 денари.

Со оглед на тоа дека дел од земјоделците имаат повеќе земјиште, а дел помалку, овие средства за некого беа повеќе, а за некого ниту 3.000 денари.

Надомест на штетата од Министерството за земјоделство тогаш изостана, па земјоделците останаа разочарани, без реколта и со празни џебови.

Сега одново им се ветува обештетување, но што ќе добијат земјоделците кои беа погодени од вчерашното невреме останува да видиме.

Заев: Станав министер за финансии за да одржам економска лекција

Премиерот Зоран Заев во своето гостување во вестите на телевизија Сител истакна дека министерот за финанси, Драган Тевдовски не си ја вршел лошо работата туку време било тој да одржи економска лекција.

Посочи и дека клучно за неговото влегување во финансии било тој да стане министер, а не незадоволството од работата на Тевдовски.

-Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е дека сум нeзaдoвoлeн. Јас влегувам во последната фаза само во конечната реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година. Октомври е почеток на преговори конечно по 15 години, доаѓаат убави времиња за Македонија, треба максимално се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, порача Заев.

“ДНК” растураат со новата песна и видео спот: Ова е најгледанoто нешто на “Јутјуб” во Македонија во изминативе денови (ВИДЕО)

Mузичкото дуо “ДНК” на Панчо и Андреј деновиве ги пуштија во етер новиот спот и песна насловена како “Горе или доле” и моментално ги рушат сите рекорди на “јутјуб”.

Во изминатите денови нивниот спот и песна се нешто најгледано во Македонија, а има и зошто. Најновото дело на “ДНК” е прекрасно изработено и има се’ што е потребно за да биде успешно.

Несомнено Панчо и Андреј покажаа дека секогаш знаат да направат одлична песна која подоцна станува и вистински хит.

Погледнете:

(Видео) “ЕЈ ЗОРАН НЕМОЈ ДА ОБЕЧАВАШ МНОГО. Че биде, че биде и ништо не направи”

Урнебесно видео кружи на социјалната мрежa “Твитер”, на кое граѓанин ги опшува „ветувањата“ на премиерот Зоран Заев.

Човекот искрено и наивно си кажува како го молел да не ветува многу работи и дека било подобро да ветува една работа, па откако ќе ја заврши да вети друга.