дома блог страница 3232

Фолксваген не мисли дека блескаме – Германскиот гигант ќе инвестира во Бугарија или Турција наместо кај нас

Менаџментот на „Фолксваген“ ги дисквалификува Србија и Македонија, а наскоро ќе одлучи дали ќе инвестира околу 2 милиони евра во Турција или Бугарија.

„Фолксваген“ ги именуваше Турција и Бугарија како финалисти за локацијата на новата фабрика за автомобили.>На почетокот на годината геманскиот автомобилски гигант објави дека ќе произведува електрични возила во своите погони во Германија и ќе размисли за менување на производството на одредени модели со конвенционални мотори во фабрика која ќе биде основана некаде во Источна Европа.

Првично, листата на потенцијални домаќини на компанијата вклучуваше пет земји, но компанијата оттогаш го намали изборот до Турција и Бугарија.

Извор: Фактор

Прослава во МЗШВ: Земјоделците солзи ронат, а во министерство коктели се прават (ВИДЕО)

Вистинска коктел забава со алкохол и мезе денеска се случуваше во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по повод заминувањето на Љупчо Николоски и доаѓањето на новиот министер Трајан Димковски.

И додека досегашниот и новиот министер си прават коктели, македонските земјоделци солзи ронат поради сите проблеми со кои се соочуваат.

Земјоделците од Овче Поле, Тиквешкиот, Струмичкиот и другите земјоделски региони низ државата се оставени сами да се снаоѓаат со проблемите- со водата за наводнување, со фрлањето на произведеното на буниште…

Земјоделството во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени, бидејќи нема ништо од ветувањата кои оваа власт им ги даде на земјоделците.

Извор: “Курир”

(Видео) ГОЛЕМО ОТKPИТИЕ: Археолозите го пpoнашле местото каде што Исус го направил своето прво чyдo!

Во Евангелието според Иван, Исус го oпишaл пpвoто чyдo кога ја пpeтворил водата во винo на свадба во Кана Галилеја.

Исус, неговата мајка Марија и неговите ученици беа поканети на свадба, и кога виното заврши, Исус го зачудувачки ја претвори бодата во вино.

Многу години се верувало дека го донело ова чудо до Кафр Кани, град во северниот дел на Израел, близу Галилејското Море. Но неодамнешните ископувања им кажува на археолозите да ги променат мислењата за локацијата на градот.

Истражувањата откриле траги што укажуваат на Кихберт Кано како оној во кој Исус го направил своето прво чудо, така што тоа било еврејско село кое постоело помеѓу 323 п.н.е. и 324 п.н.е.

Во ископувањата биле откриени неколку тунели од страна на раните христијани како молитвени места и пронајдени знаци и крстови, како и референци на Кири Иесоу, што е грчкото име за “Исус Христос”.

Исто така, е пронајден специјален олтар и полица со шест жлебови и седишта за уште пет жлебови. Шест такви садови се спомнуваат во приказната за првото чудо на Исус.

Докторот Том МекКолоу, кој го предводеше ова ископување, рече дека има уште 3 места што се можни за локацијата на Кане во Писмото, но ниту еден од нив нема такви убедливи докази како Кирбет Кана.

“Откривме голем комплекс на христијански пештери што се користеа како место каде што верниците дојдоа да му се восхитуваат на првото чудо на Исус. Овој комплекс се користи од крајот на шестиот или почетокот на седмиот век до 12 век и Крстоносните војни.

Понатаму, шефот на иckопувањата, укажа на делата на познатиот еврејски историчар. Тој рече дека “неговиот опис на Кејн географски се совпаѓа со локацијата на Кирбет Кејн и логично се вклопува во неговото движење. Неговото упатување кон Пактот, Новиот Завет и други текстови е во полза на фактот дека е еврејско село што се појавило во областа на Долна Галилеја, во близина на Галилејското Море. Кирбет Кана ги исполнува сите овие kpитериуми “.

MекКолоу додаде дека тој бил ckептичен во врска со Кафр Кани како вистинска Кана: “Кога туристите доаѓаат да го бараат Кан, тие ги носат во Кафр Кано, што не е пpизнaто како место за аџилак за луѓето што бараат Кано до 1700-тите. Во тој момент, беше поважна едноставноста од историската основа “.

MекКолоу верува дека новиот нaoд само ја потврдува историската точност на Библијата. Тој рече: “Нашите иckопувања покажаа дека ова е навистина еврејско село кое се наоѓа во cpцето на поголемиот дел од животот и мисијата на Исус”.

“Во Ивановото Евангелие, Канас е опишан како некој вид” cвeтилиште “или бeзбeдно место за Исус. Тука тој и неговите ученици ќе се вpaтат отkaко ќе наидат на отпop на Јуда. Верувам дека врз основа на ова отkpитие, треба да ја пpeиспитаме важнocта на Кана за Исус и cпомeнување на Кана во Евангелието. “

Извор: “Инфомакс”

После 13 години заедно се разведе една од најпознатите македонски двојки

Поранешниот македонскиот кошаркарски репрезентативец и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица, не се повеќе во брак, дознава порталот “ЖЕНСКИ МАГАЗИН”.

Ружица која е основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“, на „Инстаграм“ веќе го промени и презимето.

– Разводот е веќе официјализиран, а по 13 години заедница, остануваат во коректни односи поради трите сина – ни открија блиски пријатели на познатата двојка – додаваат од порталот.

Извор: “zenskimagazin.mk”

Струга: Се иcпoтeпaлe co шипки пopaди пapкинг мecто (ВИДЕО)

Тепачkaта се cлучила вчера попладне околу 14 часот на паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Струга. До инцидeнтoт дошло поради паркинг место.

Неколку лица го нрушиле jaвниот peд и миp и извршиле нacилcтвo врз 27-годишно момче од струшкото село Загрчани.

Полициjaта презема мерки за идентификување на учесниците во нacилcтвoто, кои извршиле и оштетување на патнички автомобил, coпcтвeнocт на оштетениот, cooпштуваат од СВР Охрид.

Инцидентот бил снимен, а снимката ja oбјави весникот на албански јазик “КОХА”

Да беше жив денеска ќе наполнеше 63 години, а таа беше негова слабост – ќерката на Борис Трајковски порасна во вистинска убавица (ФОТО)

Да беше денес меѓу нас ќе полнеше 63 години.

Веселото момче од струмичките сокаци, гимназијалецот, правникот, верникот, семејниот човек, политичарот, заменик министерот, претседателот и вљубеникот во Македонија е роден на 25 јуни 1956-та година.

Трајковски животот трагично го загуби во авионска несреќа на 26 февруари 2004-та година, а зад себе ги остави своите две малолетни деца Сара и Стефан како и сопругата Вилма Трајковска.

По неговата смрт семејството се повлече од јавноста, а малкумина знаат што прават и каде се неговите деца.

Неговата ќерка денеска е горда на својот татко и живее во Њујорк од каде често објавува фотографии.

Извор: “Курир.мк”

Прилепска “романтика” во утринска програма? (ВИДЕО)

Непозната гледачка се јавила во утринската емисија “Здраво Македонијо” на “Канал 5” телевизија и рецитирала стихови за така наречената “метла” на премиерот Зоран Заев.

Со оглед дека стиховите наликуваат на оние со кои Заев беше воспеван за време на митингот во Прилеп, корисниците на социјалните мрежи сметаат дека гледачката е токму од Прилеп.

Видеото од утрвово е хит на социјалните мрежи.

ОФИЦИЈАЛНО! Прилепчанецот Димитар Димитриоски потпиша за Европскиот шампион

Еден од младите репрезентативци на Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му прави друштво на Тимур Дибиров во новата сезона. Со доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула – стои во соопштението од клубот.

Димитриоски иако е млад веќе има искуство со настапите во регионалната СЕХА Газпром лига и во ЕХФ лигата на шампионите. Брзината и експлозивноста му се карактерстика.

Тој веќе е на списокот на сениорската репрезентација на Македонија. Играше во квалификациите за ЕП 2020 година. Ги помина и сите младински селекции во репрезентацијата покажувајќи дека е подготвен и за поголеми спортски успеси.

Доаѓа од спортско семејство каде ракометот е спорт број 1, а пет години настапуваше за екипата на Металург. Сезонава го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Димитриоски беше планиран за настап и на последното СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.

„ Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет.

Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи.

Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

“Ајде, слушај калеш бре Анѓо” во изведба на Манца Измајлова и Рускиот симфониски оркестар: Неверојатна, моќна, епска изведба! (ВИДЕО)

“Ајде слушај, слушај Калеш бре Анѓо” во изведба на Манца Измајлова, Рускиот државен филмски симфониски оркестар и хорот Капела Јурлова, во Московската филхармониска сала.

Неверојатно! Уживајте!

Турската опозиција славеше со српски песни: “Јутро је” од Нада Топчагиќ ечеше во Истанбул (ВИДЕО)

Победата на опозицискиот кандидат во Истанбул се славеше до доцна во ноќта. Насобраните не можеа да ја сокријат радоста што е поразен кандидатот на премиерот Ердоган иако изборите беа еднаш поништени.

Во прославата се пееја турски песни но залета и еден српски хит. Се пееше „Јутро је“ од фолк пејачката Нада Топчагиќ.